Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

„Духовни“ практики: последна ревизија

07.07.2011
Прашање: Егоизмот итро и внимателно пред мене црта различни слики. Како во нив да се распознае лагата со која се претставува љубовта кон ближните? Бидејќи за љубовта говорат секакви религии и методики.

Во нашиот свет „љубовта кон ближниот" е едноставна, примитивна игра на малите егоисти. Зарем некаде ќе најдеш вистинска, висока љубов кон ближниот, реално практикувана на реална основа?

Да, луѓето создаваат одделни населби за да живеат во љубов меѓу себе – постои село во Италија и во Индија, мало гратче во Азија... Но, треба убаво да погледнеш и ќе видиш дека станува збор за истите егоисти кои одлучиле да си воведат поудобен социјален ред. Така им е поудобно, попријатно и затоа се обединиле, за да си го разубават животот.

Еднаш во Израел се појавија кибуците – земјоделски населби со колективна сопственост, како колхозите во Русија. Луѓето одлучиле дека им одговара да живеат заедно, затоа што тоа им носи повеќе корист. „Ајде малку да отстапиме од својот егоизам и ќе ни биде подобро". Тука сè е јасно, но дали тоа е алтруизам?

Човештвото мисли дека отстапувањето пред ближниот го прави човека алтруист. Меѓутоа, луѓето кои се подобро запознаени со човечката природа или изучувачите на кабала знаат дека секоја отстапка ќе биде придружена со некаква корист. Ако човек се откаже од нешто – погледни што добива за тоа. Добивката нека биде и скриена, но секако ја има.

На пример, јас сум спремен да живеам во кибуц, затоа што со тоа ја оттргнувам грижата како да си го организирам животот. Зарем тоа не е добивка? Никаква загриженост, едноставно правам тоа што ќе ми кажат. Но, развојот оди по својот редослед и со време кибуците се покажаа неуспешни. Во целина, сличните заедници немаат иднина. Ние веќе гледаме дека сите форми на меѓусебна поврзаност треба да се променат – заради егоизмот кој расте во нив.

Промените продолжуваат и таа внатрешна динамика треба некако да се реализира, инаку ќе има експлозија. Toa се случувало во текот на историјата со различни религии, верувања и методики. Денес тие доживуваат преоден наплив, затоа што човекот одново почна да бара, ја прави последната ревизија дали тие можат да предложат нешто реално? После оваа проверка тие ќе пропаднат засекогаш, затоа што денес ги проверуваме во однос на интегралниот механизам кој пред нас ќе го стави Природата. Таков критериум сè уште не сме имале.

Луѓето повторно ги прелистуваат страниците од секаквите пракси, конфесии, мистични учења, обидувајќи се да сфатат дали тие ќе ни помогнат во новиот, интегрален свет? Овој процес ќе трае некое време и многу бргу ќе заврши со крах на очекувањата. Сите ќе видат дека не треба да се очекува помош оттаму. Кој и да било објект на проверка ќе се одржи максимум неколку години, после што ќе се открие неговата неодржливост. Затоа што ако не ја менуваш природата на човекот, за да стане внатре и таа интегрален како самата Природа, која стои пред него, нема да му помогнат никакви рецепти.

Единствената методика која го прави човекот глобален, интегрален, обединет со другите е методиката на привлекување на Светлината кој се враќа кон Изворот, науката кабала. Единствено што треба е да му се овозможи на секого да го осознае своето зло. Тогаш ќе се покажат бессилни сите средства и нивното поврзување и целиот овој бизнис со „духовни" трикови ќе исчезне. Човекот нема да може да се помири дека светот е променет и работата овде не е во помирувањето, туку во внатрешниот „конфликт на интереси". Никој нема да може да живее во интегралниот систем, бидејќи нема да му одговара.

Свет, во кој „Нема никој освен Него"

Човекот е создаден во таква состојба што му изгледа дека постојат други луѓе и дека го опкружува огромен свет. Но, сето тоа се негови внатрешни желби кои тој сè уште не успеал да ги соедини, за на крај да види дека тој е сам и стои пред Создателот.

Сите искривувања, пречки, надворешни мисли и желби божем „случајни" настани, кои се случуваат со него тој треба да ги поврзе не со многубројните привидни извори и причини, кои му се појавуваат заради несовршеноста на неговата работа, туку директно со Создателот. Во тоа и се состои внатрешната работа.

Бидејќи сè она што човекот нема да го поврзе со Создателот, а го припишува на други сили – други луѓе, секакви можни причини, судбина, дури и на самиот себеси, се нарекува „идоли" (туѓи богови), затоа што тој се смета себеси зависен од нешто, различно од Создателот, како да има уште некоја сила која може да биде извор на добро ило лошо влијание врз него.

Ние сме обврзани да го оствариме принципот: „Нема никој освен Него" и покрај сите пречки, кои намерно се исправуваат пред нас за да научиме и да се насочиме кон единствената сила, единствениот извор. Во оваа работа има неколку видови, разни етапи:

- да се објасни единственоста на Изворот: постојат ли уште некои извори или е само Тој?

- да се објасни природата на Изворот: дали Тој е добар или лош?

- да се објаснат своите односи со Изворот: „заради себе" или „заради давање"?

Работата во однос на Изворот човекот ја исполнува од својот личен духовен сад, желбата со која се соединува со сите останати и тогаш се чувствува себеси како единствено битие. Тој, исто така, ги обединува сите сили кои влијаат на него, сите различни извори – во еден Извор. Всушност, во таа работа постојат неколку видови, во зависност од тоа како се соединуваат човекот и Создателот.

Раката која ги уништува идолите

(„Нема никој освен Него)

Човекот како битие се дели на многу делови – на целиот огромен универзум. И Создателот се дели на многу извори на влијание врз човекот – добри и лоши. Светот околу човекот се дели на добро и лошо. Затоа се делат нивните односи – меѓу човекот, кој веќе обединил сè во едно битие, или сè уште не успеал да обедини, и Создателот, кој е единствен или може да се состои од многу различни и добри и лоши извори, неповрзани меѓу себе. Исто така се делат и односите меѓу нив – заради себе или заради давање.

Човекот мора да сфати што се бара од него, зошто е обврзан да дејствува само заради давање и да дојде до тоа, без оглед на својата збунетост и товарот од егоизмот. Тој учи да ја соедини внатре во себе намерата заради давање со желбата за наслада. На крај, тој ги обединува овие услови во едно, така што самиот престанува да постои како извор на мисли, сили и дејствија и станува спротивен „отпечаток" на соединувањето со Создателот, како единствена постоечка состојба.

Токму оваа единствена состојба тој и треба да ја воспостави, да ја најде, да си ја прикаже! И ако човекот цело време се наоѓа во оваа точка на соединување, до тој степен што се губи во неа или се соединува со апсолутно еднаквите, тоа значи дека тој работи над „идолите" (туѓите богови). Тој така си го објаснува својот однос кон Создателот, дали има во сите негови мисли, причини и дејствија уште некоја сила, покрај Создателот, која влијае на неговите мисли и одлуки, која се наоѓа внатре во нив. Тогаш човекот гледа дека учествува во работата на сите мисли и желби заедно со Создателот.

Тој станува како ракавица на раката на Создателот која ги знае сите движења на таа рака и се согласува со сите тие движења, без оглед на сите свои спротивни својства, и ги исполнува со согласност со Сопственикот, во соединувањето. Тоа значи да се достигне единствената вистинска состојба која постои.

Целиот овој голем свет и сите Виши Светови се соединуваат со тоа единство. Затоа постојано треба да работиме над „разобличувањето" на идолите. Секоја причина, која ни покажува дека не сме во единство со Единствената сила, вклучувајќи нè и нас самите се нарекува „идол". Така се реализира принципот: „Нема никој освен Него".

Ова не е игра, туку патоказ

Прашање: Зошто Создателот се дели за мене на толку голем број разни сили, за да можам да можам да Го поврзам со разните свои желби и својства и да Го восприемам?

Точно. Ако моето его, желбата за наслада се прикажува како повисока од Создателот, тогаш наместо Него, почнува да претставува идоли пред себе, односно поинакви сили, а не конкретно Создателот. Отпечатокот на мојата непоправена егоистичка желба за мене претставува „други богови".

Ако не се наоѓам во давање во однос на определена желба, ако не дејстувам во поправена форма, тогаш таа форма, во која мојата желба ми го слика Создателот се нарекува „идол". Тоа е разликата меѓу 10-те нечисти сфирот (клипа) и 10-те сфирот на светоста (давањето). Ако јас, гледајќи преку нив, од својата расипана Малхут, си го претставувам Кетер како расипан, тогаш тоа се нарекува „други богови", идоли.

А она, каков што го гледам Кетер, ако гледам низ поправената Малхут, се нарекува Создател. Тој е соодветен на нивото, на кое сум способен да се соединам со Него и да Го откријам. Но, тоа уште е истата сила, само што е прилагодена на моето ниво. Затоа „идолите" се расипани форми во кои ми се претставува единствената виша сила, според тоа како ја слика неа моето его внатре во моите пороци. Затоа, ако човек правилно се однесува кон формите на сите тие „идоли", тие за него ќе се претворат во патокази. Тој ќе сфати дека ништо не е создадено без причина и всушност во нивна помош ќе може да се придвижи.

Како што е напишано, Фараонот ќе Го приближи Создателот до нас. Всушност, преоѓајќи од еден лажен идол кон друг, јас се доближувам до вистината. Колку и да е непријатно и спротивно на вистинската состојба, јас всушност со таа спротивност можам да работам, затоа што сè уште не сме поврзани со давањето, со „светоста".

Од утринската лекција - 07.07.2011    Следете на   Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica