Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

„Радувај се во трепет“

Од статијата „Радувај се во трепет" (Книга "Шамати"):

Само кога истовремено се присутни љубовта и стравот – тогаш постои совршенство, зошто инаку, едното сака да го потисне другото. Љубовта се нарекува живот, додека стравот се нарекува недостаток и празен простор. Ова се нарекува „две нозе, бидејќи ако човекот има две нозе – тој може да оди.

Целата наша работа се концентрира во двете линии: десната и левата, додека средната линија доаѓа од Вишото. На нашето место долу, пред сè, ние треба да се погрижиме за совршенството. Секогаш треба најпрво да се обраќаме во десната линија и да работиме со неа: што повеќе да мислиме за совршенството, за возвишеноста на Создателот, за важноста на целта, величието на пријателите и групата. Од друга страна, невозможно е постојано да се престојува само во совршенство, бидејќи тогаш нема да има напредок. Ако човекот никогаш не излегува од совршената состојба – тоа се нарекува хасидизам, кога секое случување се прима наводно со љубов и радост. Тој вештачки се крева себеси кон таквиот однос, подготвувајќи се да се радува на сè, што и да се случи. Така тој во себе ја потиснува критиката. Токму затоа, таквиот пристап може да се пренесе на човек преку воспитување. Воспитувањето ја втемелува во човекот едната од линиите: десната или левата, и тој се движи само по неа, цело време придржувајќи се до едниот принцип.

Постојат религии и вери, кои го задржуваат човекот во радост, во постојана инспирација, додека другите напротив, го задржуваат во постојано покајание, принудувајќи го да се гризе себеси и да се чувствува грешник. Меѓутоа, за правилен напредок и и изградба на човекот, потребни се двете линии – притоа, човекот самиот мора да си ги изгради. Колку што е можно, тој треба да ја развие својата десна линија, замислувајќи си ја возвишеноста на Создателот со помош на опкружувањето. Тој ја гради десната линија во таа мера, во која е способен да се поништи себеси во однос на опкружувањето, кое му овозможува да го чувствува величието на Создателот. Односно, веќе во десната линија тој треба да се поништи себеси, што значи дека левата линија се вклучува во десната. И ако тој така се омаловажува себеси во однос на величието на Создателот, сугерирано од опкружувањето, и од тоа ја гради својата десна линија, тоа веќе претставува дел од духовната работа, а не само одржување на себеси во радост.

Движење напред, наместо лажна добродушност

Прашање: Што е знак, дека човекот навистина напредува по трите линии, а не се залажува себеси, дека божемно во сè го оправдува Создателот?

Одговор: Знак на напредување е тоа, што тој не вели за сè само: „Слава Му на Господ”, туку понекогаш доаѓа во состојби, во кои не може веднаш да го оправда Создателот. Иако вистинскиот херој, кој се наоѓа високо во духовното, го чувствува токму тоа. Треба да се достигне огромна поправка, за цело време така да се анализираме себеси, и да имаме сила да Му благодариме на Создателот за сето лошо, исто како и за доброто. Дотогаш, треба да се помине долг пат, преку многу состојби, и понекогаш човекот доаѓа во ситуации, кога не може да се согласи со Вишото управување, не сака и не го прифаќа. Се открива левата линија, и во него почнува да зборува Фараонот, грешникот. Потребно е некое време, во нас да се откријат сите грешници, за кои раскажува Тора, сите гревови. И кога човекот доаѓа во таква грешна состојба, тој размислува токму така, како што кажува Тора: „Кој е Создателот, за јас да Го слушам?” Тој го кара Создателот, доаѓајќи во иста ситуација, како познатите грешници: Билам, Балак, Аман, бидејќи мора да ја открие целата лева линија. Ако тој од самиот почеток завлегува во десната линија за да не ги ублажи своите рани, туку со цел да напредне, тогаш излегува од неа во левата линија. И тогаш управува со двете линии. Спротивно, тоа не се нарекува десна линија, туку едноставно добродушна состојба. Линијата претставува нешто јасно ограничено од двете страни.

Основи на принципот на работа во трите линии

Човекот мора да вложи напори, да работи, за максимално да се омаловажи себеси и колку е можно повеќе да го цени опкружувањето. И, како резултат на таа работа, во него се формира десната линија, во која, како му се чини, тој би се согласил да остане до крајот на својот живот. Во моментот, кога тој го достигнува целосното „наполнување”, тој ја отсекува таа состојба, и ѝ се посветува на левата линија. Во левата линија тој се проверува: „Дали јас навистина така мислам, така достигнувам? Дали навистина внатре во своите желби јас го чувствувам тоа величие на Создателот и совршество? Дали е вистина, дека достигнав такво разбирање и чувство во моето срце и разум, или тоа е само надворешно влијание, како на ембрионот во мајката, кој целосно се поништил себеси?” Но јас не сакам да се поништувам себеси, туку само претходно ги поништував своите желби во десната линија. Јас сега сакам, токму во внатрешноста на овие желби, кои сега ги откривам во левата линија, да го почувствувам величието на Создателот. И тогаш во мене се создава чувство на недостаток, но јас ги задржувам овие две линии така, што тие се балансираат една со друга, и ниту една не ја надминува другата, задржувајќи го балансот, рамнотежата. Нема точно дефинирано време по часови, одредено за десната или левата линија, иако е напишано, дека 23,5 часа треба да се престојува во десната линија, а само половина час – во левата.

Треба да се трудиме, колку е можно повеќе да додадеме на десната и на левата линија. Не треба да се одлучува, дека досега имаме направено доволно, и треба само да чекаме, кога Создателот ќе почне да влијае и ќе ни ги соедини овие две линии заедно. Човекот цело време преминува од едната линија во другата, сè додека не собере доволна мера на напори, со која се открива третата линија. Тој го предизвикува ова откривање со тоа што го крева својот недостаток од левата линија на висина на десната линија, и моли Создателот да го открие своето величие, како одговор за оваа потреба. Затоа што тој сака да го постигне величието на Создателот, величието на давањето, само за да си овозможи да работи со откриената во него желба, за давање, над знаењето. Неговата егоистичка желба се преклонува пред откриеното величие на давањето, и се согласува да работи под власт на Создателот. Тоа значи, дека човекот ја гради главата на своето духовно тело (парцуф), во кој прави калкулации, кои овозможуваат давање заради давање и примање заради давање.

Третата линија доаѓа од Вишото, и крева кон Вишото

Од статијата на Рабаш „Не додавај и не намалувај во работата”: „Ако човекот сака да оди по патот на вистината, мора да оддели одредено време за десната линија, а потоа да премине во левата. Десната линија се нарекува совршество, и тогаш човекот може да Му благодари на Создателот. Потоа тој треба да премине во левата линија, и тогаш доаѓа време да ја види својата вистинска состојба, каква му изгледа таа внатре во знаењето, и тогаш доаѓа време за молитва. Молитвата се појавува токму на местото на недостатокот, и колку е поголем недостатокот, толку е подлабока молитвата во срцето. Како што е речено: „Од длабочините Те повикував Тебе. Затоа двете линии треба да се мерат една со друга, сè додека не дојде третата и ги помири, т.е. ќе доведе до спојување на човекот со Создателот.”

Третата, средна линија, се гради врз првите две. Во првата, десна линија, јас Му благодарам на Создателот, го славам Неговото величие на секој можен начин: во мера во која се инспирирав од опкружувањето, пријателите, учењето и можам да го замислам Создателот голем, семоќен, добар, милосрден. Десната линија е бескрајно совршенство. Дури потоа, во левата линија, јас ја гледам својата вистинска состојба, т.е. колку навистина не се наоѓам во сето тоа: не го чувствувам Создателот како голем, како давател, добар, совршен. И тогаш доаѓа третата линија врз основа на тоа, дека јас сакам да имам можност навистина, внатре во своето знаење да го видам Создателот голем и совршен, и да Му заблагодарам целосно, а не само со верба над знаењето. Во таков случај доаѓа третата линија и ги помирува првите две, придвижувајќи го човекот по средната линија. Како одговор на таа желба, Создателот дава сила за напредување, и тогаш човекот Го достигнува Него. Но тој достигнува со верба над знаењето, во благодарноста. Потоа тој веќе може да продолжи понатаму, постојано напредувајќи по трите линии: десната, левата, средната.

Во средната линија тој моли, неговата лева линија да стане иста како десната. Тој го чувствува величието на Создателот и сопствената ништожност, и од овие две, десната и левата, се раѓа неговото чувство на недостаток, молитвата на која тој добива одговор, наполнување – откривање на величието на Создателот. Благодарение на тоа, неговите десна и лева линија се соединуваат, и се раѓа третата, средната линија. Така човекот прави чекор нагоре: во таа мера, во која може уште повисоко да го крене величието на Создателот, а потоа да премине во левата линија, и да види како тоа се гледа внатре во неговиот разум. Тогаш во него повторно се раѓа молитва, и тој бара помош од Вишото, третата линија. Двете први линии зависат од човекот, додека третата доаѓа од Вишото.

Од утринската лекција - 17.10.2012 на  Каб.ТВ

 

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica