Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

„Точка на спојување“ на душите

Може да се моли само за соединувањето, за точката на спојување на деловите меѓу себе. Само за неа станува збор, околу неа се создаваат сите проблеми и заради неа се водат сите војни. Таа точка на спојување меѓу два елемента има судбоносно значење во состојбата на светот – во неа се одвива целата борба и се развива целата реалност. Дури ако молам за себе – тоа не е жалба за моите лични работи, туку за фактот дека не сум соединет со опкружувањето.

Светот е совршен, во него сè е идеално освен еден расипан сад. Постоела амфора која се скршила. Ние можеме да молиме само за нејзина поправка, за ништо друго. А ти доаѓаш и молиш за многу други работи. Но тебе ти велат: „Тоа не е правилно, ти грешиш! Сè е во ред. Што не ти се допаѓа? Потребно ти е само едно: да ја поправиш таа амфора. Ако ја залепиш повторно како целосен сад, тогаш ќе најдеш во него насладувања: највкусни јадења, знаења, чувства, топлина, здравје – сè што ќе посакаш. Треба само да го поправиш тој сад, да го составиш повторно“.

Но ти се спротивставуваш: „Не, јас сакам нешто пријатно и вкусно!“ И тебе ти одговараат дека задолжително ќе го добиеш тоа откако ќе го соединиш садот. Кога ќе го составиш од делови, ќе ги откриеш во него сите наполнувања. Но ние молиме за сешто, само не за тоа! Тоа не е само твој проблем туку на секој човек во светот. Луѓето не сфаќаат дека само на таков начин може да се достигне поправката: само со соединување.

Сите религии, верувања, сите проблеми и војни се фокусирани на ова прашање: да се соединиме или не. Дадено ни е средство кое овозможвува да достигнеме соединување и да го спасиме светот од сите проблеми, од целата омраза. Бидејќи штом почеме да се соединуваме, целата природа станува поврзана, целото неживо, растително и животинско ниво. Волкот и јагнето мирно ќе живеат во хармонија и ќе го слушаат малото момче, како што е запишано кај пророците. Сè зависи само од нашата желба да достигнеме соединување. Ние можеме да ја поправиме целокупната реалност, целиот живот со помош на промени кои навидум не се поврзани со проблемите – но сè зависи од нашето соединување. Само треба да замолиме за спојување во кое во нас ќе доминира силата на доброто. Ние ѝ се обраќаме на таа сила на доброто (на Создателот, на особината на давање и љубов) таа да нè поправи и да нè исполни. Нема ништо освен точката на спојување, капката на единство.

Целиот свет кој сега го гледам е откривање на појавите кои противречат на единството, токму затоа јас околу себе гледам ѕвезди, Земјината топка, луѓето како појави кои излегуваат надвор од рамките на единството. Затоа тие се нарекуваат овој свет. Тогаш за што јас треба да размислувам: за овој свет или за единството? Ако се грижам само за овој свет тогаш како што живеев во лага така и ќе продолжам. Вечно ќе ја играм истата игра, вртејќи се на вртелешката на животот. Но ако сакам да излезам од оваа продадена игра и не се согласувам да бидам марионета во неа, тогаш мора да мислам само за единството.

Од лекцијата по статијата на Рабаш, 15.03.2014г.

Директна и индиректна форма на поправка

Ако гледам негативни работи околу мене – значи јас мора да се поправам себеси и тогаш нема да видам ништо лошо. Пријателот кој имал проблеми ќе ми се чини како многу успешен човек. Баал ХаСулам пишува во статијата „Скривање и разоткривање на Создателот“ дека ние ги гледаме пријателите како губитници, болни, несреќници. Но веднаш штом се поправиме себеси ќе ги видиме како здрави, богати и многу успешни. Всушност потребно е да се поправам себеси самиот. Но има и друг начин: да дојдам кај нив и да им помогнам да станат здрави, богати, успешни. Можна е поправка за сметка на тоа што јас доаѓам кај пријателите и се поправам себеси во нив, а можна е поправка со која јас директно се поправам себеси и гледам дека пријателите стануваат успешни. Всушност правилната поправка е во самиот себе.

Но кога доаѓам кај пријателите и ги поправам, и заради тоа ги гледам среќни – тоа е алтернативна а не директна поправка. Директна поправка значи да се поправат своите односи со Создателот и да се види целиот свет како поправен. Бидејќи светот е мојот сад, и ако јас забележувам во него некои недостатоци значи проблемот е во мене. Всушност сè се наоѓа во финална поправена состојба. Светот не претрпел поделба, се расчленив само јас – делот кој ги гледа неправилностите, токму тој се поделил. Додека сè друго престојува во совршенство. Јас треба само да се поправам себеsи и ќе го видам целиот свет во Рајот, во светот на Бесконечноста.

Но подготвено ни е олеснување на поправката за сметка на меѓусебното вклучување: јас доаѓам меѓу светот и му помагам да се поправи: ги одбирам од светот неговите разбиени делови и ги кревам како МА"Н, како молитва. Светот е нижо скалило, јас сум средното, а Создателот е вишото, односно јас ја вршам работата на служител во Храмот. Но тоа веќе не претставува директна, туку индиректна форма на поправка – за сметка на меѓусебното вклучување и последователни дејства.

Прашање: Излегува дека јас ќе ги видам резултатите од поправката само откога ќе се поправам себеси одвнатре?

Одговор: Се рабира! Како поинаку ќе можеш да речеш: „Јас гледам“? Ти нема да можеш да ја видиш поправката ако не си се поправил себеси. Прашањето е само дали работиш директно за Создателот или на алтернативен, заобиколен начин.

Од подготовката кон лекцијата, 16.03.201

Болен сум само јас

Прашање: Каква треба да биде мојата правилна молитва ако гледам дека пријателот има проблем и јас молам за него?

Одговор: Речено е: „Оној кој моли за доброто на пријателот, прв се удостојува“. Затоа што всушност јас не треба да молам за пријателот – тој само ми изгледа болен. Но јас сè уште не можам да го воспримам тоа како мој личен недостаток, сè уште не сум доволно близок со пријателот за да ја чувствувам неговата болка и болест како моја. Затоа молам за него небаре тој се наоѓа надвор од мене.

„Оној кој моли за доброто на пријателот прв се удостојува“, бидејќи во реалноста болен сум токму јас ако го гледам пријателот како болен. И затоа јас имам потреба да бидам излечен, а не пријателот кој ми се чини болен. Да се поправам себеси значи да го видам целокупното создавање такво какво што го гледа Создателот: да го видам целиот свет како совршен од гледна точка на човек со целосно поправена желба за насладување, односно човек кој ја користи таа желба заради давање.

Од подготовката кон лекцијата, 16.03.2014г.

Мерење на совршениот свет со искривен линијар

Прашање: Како се одвива оправдувањето на Создателот? Што содржи тој процес?

Одговор: Да го оправдаш Создателот значи правилно да се калибрираш себеси, да се прилагодиш на воспримање на вистинската реалност. Иако ние не гледаме и не чувствуваме така, но сакаме така да чувствуваме. Небаре имам искривен линијар според кој јас се ориентирам во животот и мерам сè во таква искривена форма. А сега сакам насилно да го исправам тој линијар, и сите мерења, сите пресметки да ги правам според права скала. Правиот линијар е услов: Создателот е добар и прави добро, а сè што гледам е светот на Бесконечноста, најидеален и прекрасен свет од кој нема подобар. Фактот што јас го гледам поинаку сведочи за разидувањето меѓу моето лажно, расипано воспримање и правилното, кое јас сè уште го немам.

Но ако вложам напори да ја достигнам правилната слика – манифестирањето на добрата сила, освен која не постои ништо, тогаш ќе направам корекција на моите сетилни органи, калибрирање кое ќе овозможи да ја воспримам реалноста во правилен облик. И тогаш ќе видам сосема поинаква слика! Јас едноставно имав страбизам, заради што светот ми изгледал искривен, а сега го гледам неговиот вистински облик. Јас го подесувам својот расштиман инструмент на тоа дека Создателот е апсолутно добар. Целото искривување било внатре во моите органи на воспримање, а не внатре во Создателот кој божем создал лош свет. Но благодарение на корекцијата јас се приближуvам до вистината и достигнувам спојување со Создателот, согласувајќи се со Него. Само тоа треба да го направиме: да го поправиме своето воспримање.

Науката кабала е методика на откривање на Создателот пред суштествата во овој свет. Како може да го откриеме Него во овој свет? Ние мислиме дека овој свет е она каде што ние се наоѓаме додека не умреме. Но тоа не е сосема така, туку е многу подлабок поим. Откривање на Создателот во овој свет значи дека зад сликата на овој свет ние мора да го видиме светот на Бесконечноста. Тоа откривање ќе се случи како последица на нашите напори. Во мигот кога ние навистина ќе посакаме со сите сили да го видиме Создателот како апсолутно добар, Тој ќе се открие. Бидејќи тогаш ние ќе побараме наша поправка, затоа ќе дојде Светлината и сè ќе среди.

Реплика: Човекот обично сфаќа дека сè доаѓа од Создателот, но смета дека не е можно Него да го сфати и да го оправда.

Одговор: Не, ние доаѓаме токму за да го сфатиме Создателот, да го оправдаме, да откриеме и измериме, да го достигнеме целото чувство и целата мудрост. Токму тоа се нарекува откривање на Создателот пред суштествата, што треба да ги исполни сите клетки на човекот – и чувствата и разумот.

Од подготовката кон лекцијата, 16.03.2014г.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica