19.10.2010
По повод конгресот Томер од Ерусалим прашува: ако на конгресот успееме да ги обединиме "срцата", дури за еден миг, што ќе почувствуваме?
Ќе го почувствуваме високиот духовен свет, силата на давање, која се наоѓа помеѓу нас, и преку оваа сила на давање ние излегуваме од нашето ограничување, ограничувањето на овој свет. Почнуваме да ја гледаме, да ја чувствуваме вкупната сила, која ја управува целата реалност, која ја исполнува целата реалност - нашата и високата реалност. Човек почнува да се чувствува себе дека припаѓа на оваа сила, дека оваа сила е внатре во него, го исполнува.И тогаш тој ја чувствува реалноста како вечна, како оваа сила го исполнува бескрајно, целосно. Како резултат, тој станува поинаков човек, ако тој е сеопфатен, идеален и вечен, неговиот однос кон другите е целосно различен. Од тој момент натаму тој почнува да го зголемува тоа препознавање, разбирање.Почнува да чувствува и да разбира. Како резултат на чувството и разбирањето, тој почнува да истражува, бидејќи сепак, ние зборуваме за мудроста Кабала. Вие почнувате да ја истражување реалноста, која се отвора пред вас.Вие станувате научник - како во нашиот свет.Но во нашиот свет имаме различни типови на науки, бидејќи не можеме да разбереме се' што е на универзален и глобален начин. Но природата е глобална и во духовното таа се смета за едно.Нема физика, хемија, географија, биологија, зоологија, ништо. Има само една мудрост која се нарекува мудроста Кабала.Како да согледуваме, како да го добијам она што се открива пред мене. Тогаш човек почнува да ги користи книгите - чита и гледа, чита и гледа. Целото читање е како во детството.Кога сте ги прочитале авантуристичките книги и сте си замислувале дека сте биле на бродот кој патува во различни места. Но тука вие всушност сте внатре во неа.