14.10.2010
Има друго важно прашање за конгресот. Се сеќавам од 2008 година - луѓето доаѓаат и го гледаат тоа неверојатно место со сцената и декор и сè што е подготвено. Го има тоа првично чувство на пријателите кои доаѓаат на конгресот од далеку - тие имаат чувство: "Уоу, што се' подготвиле за мене!" Има ли такво нешто во духовното, што од почетокот да ни даде чувство дека има својство, кое е целосно наше, дека се' што е таму е за сите нас?
Секој од нас, во целиот свет, сите кои учествуваат со нас со срце и душа - сите ние сме во едно кли. Овие луѓе кои се далеку и не можат да дојдат, освен учество со срце и душа, исто така ни ја даваат нивната желба за тоа дека сакаат да се поблиску. Ова е севкупен спој.Создателот ги решава така работите меѓу нас. Единственото нешто што не ни стигна да размислуваме за арвут.
Мора да бидеме како еден човек со едно срце.Сите ние заедно низ целиот свет, сите наши пријатели и ако ние постигнеме некое чувство за тоа својство, веднаш ќе ја откриеме силата на Создателот, која е таму, според законот за сличност на формата.