17.10.2010
Тој ме создал. За да Го почувствувам, јас самиот немам потреба од тоа нешто.Тоа нешто – потребата, ми е од нешто надвор од тоа, наречено "врска меѓу нас".
Да.
Е, зошто ме создал?
Сега на начинот на кој си?
Не мене конкретно - секој таков каков што е .Зошто Тој го создал тоа нешто?
За да може ти од ова место, на формата, која ја имаш со внатрешноста, надворешноста и со сè што имаш, да го анализираш, добиеш, истражуваш и разоткриваш самостојно - без да зависиш од Него. Таков каков што си сега, си надвор од системот, надвор од духовното. И тогаш самостојно, сосема слободен, како независен истражувач можеш да пристапиш кон суштината. И затоа ние сме тука во овој свет, кој е отсечен од целиот систем на светоста и духовноста.