Јас имам желба за примање, Малхут – светот на Бесконечноста, таква првородна, која нема никаква форма и јас во таа желба за примање, со помош на давањето и љубовта, создавам форми да те примам тебе и него и него, сите форми на души кои постојат надвор од мене. Јас создавам во себе место за ова лего и, всушност јас ги вклучувам во себе сите. Но под услов во својата желба за примање да дадам на секого место како во легото во кое, додека го цртам, таму влегуваш ти и тој и тој...
Како можам да го знам твоето место? Според моето давање кон тебе, јас ти давам можност да влезеш. Всушност, целото лего, кое се појавува на екранот, ова лого на Московскиот конгрес на Иднината, овој круг... Еве да речеме дека дрвото не постои, кругот е целата моја желба и во тој круг јас сега давам простор на секого, па излегува дека овој круг се полни со души и јас на тој начин, всушност, како што ги примам другите души, ја враќам мојата душа кон себе, затоа што сега таа се наоѓа надвор од мене. Но мене само така ми се чини дека е надвор од мене, бидејќи сето ова е мојата душа.