06.03.2011
Кабалистите ги напишале книгите точно за нас: пред да го достигнеме духовниот свет, за да ја привлечеме Светлината која врши поправка, но откако преку нив ќе достигнеме до духовниот свет - да го достигнеме видливо, емоционално, сè за што тие ни кажуват.
Книгата никогаш не ни кажува за нешто теоретско и со тоа да треба да се согласам со разумот, туку само со нашите чувства. Желбата е кли, желбата е материја, а разумот, мозокот треба само да ми помогне да работам со желбата.
Ние се стремиме кон чувство. Нашиот мозок ни е даден само за да организираме сè со што ќе достигнеме чувство.
Значи учењето не е поради учење, туку за да ја привлечеме Светлината која нè порава.
Од утринската лекција од 06.03.2011 на каб.тв од 02:00 до 05:00