27.10.2010
По повод коментарите кои мудреците ги направиле во различните строфи, во кои тие велат: "..така му рече Авраам на Исак", и прашањето е: Како знаат тие што рекол едниот на другиот? Зашто оние кои стигнале до нивото на кое Авраам или некој друг се наоѓале - тие знаат и гледаат истото што Авраам знаел и видел. Така тие знаеле што рекол Авраам, бидејќи тие, исто така го достигнале овој степен?
Во духовното не зборуваме за луѓе! Ние зборуваме за келим (садови).Тие така се именуваат, така се наречени во зависност од нивните имиња. Сега се прашуваш дали постои кли што се нарекува Кисос, или не? Што? Не си сигурен. Зошто не си сигурен? Твојата душа има корен. Твојата душа има корен, па ти си таму! Сигурно таа има корен! Сигурно, но не според ова сегашно име. Кога ќе достигнеш до ова ниво и го исправиш, тогаш ќе го разбереш тоа име. Ти треба да го разоткриеш коренот на душата - така се вели, а потоа го гледаш и тоа е најважно. Од оваа точка, која си ја прифатил, ти си вклучен во целото кли на бесконечноста. Тогаш тоа значи дека си ја открил душата на Адам ХаРишон и таа станува твоја. Таа станува твоја од твојата точка.
Ти не можеш да го промениш името. Што значи "име"? Името со светлината од внатре се нарекува твое име. Значи секоја душа треба да го достигне коренот на својата душа и секој има свој корен.
Тој има точка, треба да ја достигне, таму треба да се исправи себеси и од таму да ја исправи својата врска со сите други души. Тоа е всушност неговото исправање.