Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Лек

28.10.2010
Џон од Детроит прашува: Како можам да ја зголемам мотивацијата да работам со Зохар? По одредено време станува се потешко и потешко, бидејќи не гледам и не чувствувам ниту корист, ниту некаква промена во мене.

Овој Џон..Тоа ли е единствениот половина час во животот, во кој не знае што прави? Уште половина час - не е голема трагедија. Со цела почит кон него и Детроит, тој ќе преживее.

Мислам дека е возможно да веруваме на големите луѓе кои ни рекоа дека тоа читање ни носи голема сила која не' прочистува, влијае на нас. Зошто?Затоа што тие се оние кои го организирале на таков начин.Тие се оние кои откриле дека ако подготват такви списи за нас, кои зборуваат за правилното функционирање на системот и ние сме вклучени заедно со нив, внатре во нив, во авторите - ние сакаме да сме вклучени во нив како бебиња.Тогаш присуството на нашата желба за примање, која се поништува пред нив, и тогаш сме вклучени во нив и можеме да уживаме или да добиваме корист како ембрион во утробата на мајката, која се поништува себе си, може да добие од мајката се' за што има потреба. На ист начин е и со нас.Ако се поништам себе, иако имаме прашања како овој на Џон од Детроит, не е важно убаво е да имаме такви прашања... Ние се поништуваме себе пред високите и тогаш сме во нив и сите светлини, кои тие ги откриле поминуваат низ нас. Во меѓувреме, тие поминуваат низ нас како во ембрион - не разбираме и не знаеме што се случува. Но повторно и повторно тие работат и тоа се нарекува лек.

Од утринската лекција / 28.10.2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica