Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Лично управување

05.09.2010
Јас зборувам за лично управување - Создателот кон него, и него и неа; или состојбата во која јас, како посебна личност, сум вклучен во системот на законите.

Ти никогаш нема да разбереш, ако си одвоен од другите.

Тоа сум јас и треба да се поврзам со другите. Ова е мојата душа. Тоа сум јас, едноставно како точка. Ако јас се одвојам од нив, од сите други, тогаш нема да знам како да ја добијам Светлина која исправа, бидејќи таа доаѓа само за да ме насочи кон врската. Нема друга причина за која таа би дошла. А ти викаш "сакам да зборувам конкретно за себе." Нема за што да зборуваме овде.Човек никогаш не добива нешто од Вишото, воопшто во животот, ништо! Човек никогаш не добива нешто за себе! Што значи за себе, за својата точка? Нема што да правите со оваа точка. Ти не можеш да направиш ништо со оваа точка, освен да ја поврзеш со нејзините делови, бидејќи тоа е целата твоја душа.

Дали е ова личното управување?

Ова се нарекува лично управување - како да се поврзам со целокупното кли. Се' што постои е само за да се поврзам, бидејќи така го исправам тоа кли. И постојат само распрснати садови и светлината која работи за да ги поврзе. А ти викаш "сакам да зборувам за себе, не сакам да зборувам за другите". Нема такво нешто во реалноста! Не постои, бидејќи целата реалност се развива само за да се соединиме. Не постои друга цел, друга насока. Ништо.

Од дневната лекција /05.09.2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica