28.12.2010
Тоа што човек не сака да го прифати научниот пристап, но извлекува она што му се допаѓа од главата и вели дека тоа е правилно - тоа е филозофија.
Исто така и во животот, кога се базираш на различни нешта, кои не се научни - и тоа е филозофија. Филозофијата е сето она што е теоретски - секаде каде што го ставате умот над фактите. Односно таму каде работиш како машина, таму ти си во право. Таму над твојата машина - само детерминизам - над тоа ти си филозоф и си безвреден. Тоа е што вели мудроста кабала. Видете како, од една страна, таа го понижува човека, го прави како некој кој живее во машина, во табелата за множење, нешто едноставно, од една страна. Но од друга страна, правејќи го тоа, таа му дава спротивставени средства, спротивставените садови. Што вели таа? Вели: не оди над здравиот разум, бидејќи таму ти ќе се оддалечиш, со сигурност. Ќе ти дадам садови, наместо тоа, за да го отвориш светот повеќе.
Со твојот разум ти ќе постигне специфична граница - да речеме дека тоа е небото. Го достигна тоа - добро, ова е ограничувањето - многу добро. Тоа можеш да го постигнеш со науката. Доаѓаш овде? - Многу добро. Но, не продолжувај со филозофија, не продолжувај со филозофија. Наместо тоа, јас ќе ти дозволам да напредуваш со наука,а тоа е Кабала.
Точно е дека таму ти требаат нови садови; точно е дека таму има нов пристап, и точно е дека ти треба силата на давање, а не силата на приемање - сето тоа е точно. Ова се нарекува висока наука, но е наука. Тука се садовите за добивање, а тука се садовите за давање.