16.11.2010
Јас го откривам ѕидот, од една страна, а од друга ... видете што се случува. Тоа сум јас и пред мене има ѕид. Зад ѕидот има "нешто". "Нешто", што е навистина нешто. Морам да сфатам дека ако ѕидот е откриен пред мене, до степенот до кој тој е откриен пред мене, јас веќе имам сила да не се откажам, туку да напредувам и да поминам низ него. Иако не можам да поминам веднаш низ него, јас треба да добијам неколку удари, додека го срушам. Но јас веќе ја имам силата. Ако ја немав оваа дополнителна сила, ја турка сила или порив - не знам како да го кажам - нападот. Ако немав сила, тогаш немаше да можам да го откријам ѕидот.
Фактот дека откривањето на ѕидот, кој е пред нас, кој е во нас, во нашите срца - тоа е знак дека сме способни да го поминеме. Инаку не би можеле да го откриеме - не поставуваме пречка пред слеп човек. Ѕидот е почувствуван во секој. Треба да го почувствуваме вкупниот, взаемниот закон. До оваа мерка ќе ја почувствуваме нашата заедничка сила против овој ѕид. Тогаш секој човек ќе биде како група, а не како индивидуа - ѕидот е заеднички, а не за секој посебно. Односно се' треба да стане едно - така треба да се открие и тогаш сигурно, иако ѕидот е неверојатно голем, но со силата на општото кога се поврзува еден човек со друг, започнувате да гледате дека тоа што ви недостасува е Создателот. Тогаш ќе дознаете, дека не може да се справите без Него. Ова ќе биде силата, туркачката сила, силата за кршење на ѕидот.