Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Подготовка за лекција

 

07.12.2010

Прашање за недостатокот и барањето за време на лекција - обично кога прашуваш одново и одново, особено кога не ти возвраќаат , тогаш барањето губи својата острина. Како може да се направи така што секој пат кога прашуваме, да биде како како за прв пат, како да ништо немаше пред тоа?

Треба да направиш она што е во наша моќ. За тоа е речено: "Единственото нешто што човек треба да направи е да се подготви за лекцијата".

Човек треба да собере сè во таа точка - само недостигот за време на лекцијата - кога светлината ќе дојде и ќе нè промени. Навистина треба да има недостиг, за да чуе таа како без тоа јас ќе умрам. Ова е полошо отколку можам да замислам да бидам мртов во овој свет. Невозможно е сам да го достигнеш - мора да има група, мора да има поддршка од неа, да има инспирација, треба да има чувство на очај од сите години кои поминале - што можеш да направиш. Но, тоа е важна точка, и околу неа сè треба да оди. Ако успееме во таа точка, ние ќе успееме во сè друго, навистина за сè. Тоа е тоа. Ова е точката на врска меѓу вас и Создателот, од пониските кон високото во зголемување на МАН и од горе кон долу во спуштањето на МАД.

Овде во оваа точка е збир на целиот твој живот, на сите твои напори. Ако успее во него, успее, ако не - сè друго е безполезно. Покрај оваа точка, нема ништо друго. Оваа точка се нарекува "Адам во мене".

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica