03.01.2011
Зошто на човекот не му успева да се спои со Вишиот и да го поврзе сето што со него се случува со Вишиот?
Ние имаме кутија, која ни пречи, разбираш? Во тоа е целата работа – ние не можеме да го поништиме нашиот разум, не можеме да го поништиме своето "јас".
Законот на растење, преминување од скалило на скалило е поништување на постојното скалило при стекнување на новото скалило. Дури и растенијата се развиваат на таков начин. Секоја клетка која се менува во нешто од својата постојна состојба кон следната, ги поминува истите тие промени. Само ние треба да го направиме сето тоа со разбирање, свест и барање самостојно – во тоа е проблемот.
Во природата тоа се случува природно, автоматски, така расте дури и детето. Како човек кој сака да стекне некое занимање – едноставно заедно со сите учи. Јас доаѓам, го поништувам својот разум, како се прави ова, како она – одлично! Откога ќе повторам еднаш-двапати – готово, ја разбрав внатрешната логика на тоа што се случува, благодарение на тоа што го направив тоа неколкупати.
Сега јас разбирам зошто е тоа така наредено, а не поинаку, и т.н. Ако нашата желба не' поддржува – нема никакви проблеми – јас учам, додека тука самата желба се противи. Затоа јас не можам да учам. Затоа стојам како магаре на своето и нема да се помрднам макар и да ме убијат. И нас навистина не' убиваат – ние го завршуваме својот живот без постигнување.
Но ако разумот и егото не ни го дозволуваат тоа, тогаш во што е работата, тие обиди секој пат...зошто и обидите се исто така поништување пред групата, учителот и Создателот. Поништување?
Тоа се нарекува да се обединиме, тоа се нарекува да се прими од опкружувањето најмногу што може.