Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Претрупан мозок

19.12.2010

Голем дел од владите се залагаат за тоа како да ги збуни луѓето, како да им даде преокупации, како да се занимаваат, да им дадат што е можно повеќе работа, што е можно повеќе проблеми.. За да може тие да се занимаваат со тоа, за да не креваат очи, затоа што ако го сторат тоа - што ќе им дадете?

Што ќе дадете на човек, ако тој почне да прашува за значењето? Има ли нешто со што ќе го задоволи владата? Не. И така тој излегува на улица да ја бара смислата на животот, каква е целта на животот. Тој гледа дека владата е безвредна, дека таа не може да ја пополни празнината во него. Тогаш за што ми е овој живот, оваа земја, за што ми е потребна оваа влада?

Затоа ли ми треба, да ме збуни? Затоа тие треба да подигнат некоја славна личност, за да нè збунат со нивниот театар, песни итн. Затоа треба да ги чуваат медиумите, за да нè збунат со сите настани: кој и што направил, со кого. Зошто е сето тоа? Само за да се збунат луѓето, за да го исклучат малку нивниот мозок, да ги сведе на нивото од кое тие веќе се имаат издигнато. Затоа што ако сега ја отвориш пред човека способноста да работи според неговата сопствена желба, а не според неговата збунета желба, тогаш тој многу сериозно ќе праша, ќе почне да прашува многу сериозно и зрело - и што ќе добие во замена? Тој ќе види дека живее во некое диво општество - "Ова ли е Владата? Дали е ова светот? Така ли треба да биде? " Ќе почне да прашува и тогаш што? Востанија, револуции и кој знае што.

Така главниот проблем, со кој владите се соочуваат, е како да ги збунат луѓето.

Затоа кога ние веќе дојдовме до ситуација во која желбата за добивање е поголема од она што може да добиеме од животот, тогаш мудроста кабала се буди и го води човекот до вистинската цел, каде што има одговори за неговите внатрешни прашања.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica