Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Слатки пречки

04.01.2011
Која желба е поголема – да се сака Создателот или да се мрази ,кога зборува животното во човека, кое нè одделува од Него?

Овие два поими не можат да постојат несоединети заедно. Од каде ќе израсне љубовта ако нема омраза? Кажи каде си видел такво нешто? Само кај нас постои нешто животинско кога намирисуваш некои хормони и добиваш желба да се споиш со некого. Тоа кај нас се нарекува љубов. Во духовното љубовта може да израсне само од омразата, од отфрлањето, кога ти треба тоа да го совладаш, кога треба да изградиш нешто сосема спротивно.

Но ние гледаме дека постои состојба во реалноста кога повеќе од љубовта кон Мордехај го мразиме Аман. – Ти не го мразиш Аман, го мразиш тоа што тебе ти пречи, а не тоа што му пречи на Создателот. Да, тоа ме оддалечува од Создателот. Чекај, чекај, тоа сега засега.. Создателот ти праќа нешта кои се однесуваат само на тебе и затоа ти сакаш да ги совладаш и преку нив учиш како да Го оправдаш Создателот. Т.е. Тој сега ти праќа пречки во духовното кои претставуваат пречки за тебе. А потоа Тој ќе ти праќа пречки во духовното кои ќе бидат слатки за тебе, но ти сепак ќе треба да си совладуваш, а тоа ќе биде малку потешко...

Да речеме јас имам навика за пушење, и ми велат дека прв чекор на патот до Создателот е да го прекинам тоа задоволство. Ти го сакаш тоа, тоа ти се допаѓа – следен твој чекор ќе биде да го прекинеш и тоа. Сега засега оттргнувањето од омразата, оттргнувањето од проблемите и зближувањето со Создателот одат во иста насока, но потоа тоа ќе биде поинаку. Зошто секогаш мора да биде токму така.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica