25.11.2010
Кажи ми, она што го гледам на компјутерскиот екран, постои ли? Постои ли? Тоа се електрични сили, вектори, кои ја создаваат одредената слика.
На ист начин тие формираат за тебе таква 3D слика, во која се чувствуваш себеси во овој свет.
Читам дека почнуваат да прават такви работи, алатки, телевизори. Наскоро ќе си седиш во дневната соба и пред тебе, да речеме во аголот на 3D, не на екран или на нешто друго, туку во воздухот, ќе видиш, со помош на ласери и слично, луѓе кои вршат активности пред тебе како во театар - живи луѓе кои зборуваат - 100% слики; само што нема да можеш да ги дофатиш, бидејќи се во воздухот. Но, тоа ќе биде реално, нема да има никаков проблем во тоа.
Така го гледаме овој свет. Ние го гледаме на тој начин - тој не постои.
Добро, но што се случува после смртта?
Која смрт?
Кога човек ќе умре - плазмата, ласерски умираат?
Тој телевизор е исклучен. Тогаш повеќе нема да имаш желба за тоа што си го открил.
Затоа е кажано дека ова е илузорен свет, ние сме како сонувачи. Ова нема никаква врска со духовното, со вечноста. Тоа повеќе нема да постои. Тоа е илузија која е дадена за да може од оваа илузија, од овој сон, да почнеме да се будиме и да градиме живот. Сега ние сме во еден сон - не постоиме. Ние не постоиме - само ни се чини дека е така!
Од утринската лекција - 25.11.2010