16.05.2011
Постојат само две главни заповеди - страв и љубов.
Од стравот доаѓа барањето, а од љубовта - благодарноста. Човек треба да одлучи во каква состојба се наоѓа. Ако тој се наоѓа во состојба во која му недостасува нешто, тој се наоѓа во состојба на страв.
Од што се плаши тој? Тој се плаши да не изгуби нешто или нешто да не му се случи, или да не изгуби нешто и тоа да доведе до некакви последици. Тогаш тој треба да се праша самиот себе од што се плаши.
Или тој се плаши дека, не дај Боже, нешто може да се случи - тогаш тој мора да разликува „нема никој освен Него"; или се плаши дека тоа што го има денес, може да го изгуби - тогаш тој мора да разликува „ако не јас за себе, тогаш кој".
Оваа преиспитување се нарекува молитва.
од утринската лекција - 16.05.2011 Следете на Каб.тв