Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Ти си слободен

20.02.2011

Од една страна ние постојано повторуваме колку е важно да се шири науката кабала во светот колку што може повеќе и посилно. Од друга страна, постои некој приод: тие кои сè уште не се подготвени да ги оставиме на мира. Кога ќе ги погледнеме, да речеме, религиите – забележуваме дека тие работат сосема поинаку. Ако е потребно одат со главата во ѕид, приоѓаат од десно, од лево, преку храна ако треба. Прашање: Зошто е толку пасивен приодот, ако е тоа толку важно?

Затоа што тие работат на таков начин. Тие не треба да ги поправаат желбите, не треба да го доведат човекот до свеста, не треба да развиваат во човекот слобода на избор и осознавање на злото. Тие не го развиваат човекот да стане слободен и способен да одлучува. Тие го обложуваат човекот со своја одредена обвивка, му ги затвораат очите, го замолчуваат со разни ветувања, разни видови на ограничувања, со одередено воспитување, со стравот во однос на овој и идниот свет, наградата или казната, кои тој ги добива или ги губи. Тие работат во рамките на нашиот свет, тргнувајќи од формулата на "стапот и морковот".

Ние пак, кога се занимаваме со науката кабала, напоредно со неговиот егоизам сакаме да ја развиеме неговата точка во срцето, духовната точка. За да тој се наоѓа меѓу нив: меѓу почетното зло и доброто. Меѓу егоизмот, како почетно зло и точката во срцето, како добро, духовно.

И тогаш тој ќе биде на средината меѓу нив – слободен, и слободно ќе одлучи со што тој сака да оди, што да следи. Поточно за да биде способен да го употреби почетното зло за доброто. И секој пат да напредува на таков начин. Секогаш изборот ќе биде во неговите раце. Ние дејствуваме на таков начин кога го подигаме човекот, човечкиот дел внатре во човекот, сличен на Создателот, кој мисли слободно, може да каже што сака, тој не се плаши од ништо – нема иден ветен задгробен живот, сè зависи од тебе. Нема награда и казна, не плаши се од ништо. Ние откриваме пред него сè и сега, кога ти гледаш дека нема ништо такво – прави сè што сакаш, одлучи сега!

Односно тука добиваш одреден нов приод кон својот живот – апсолутно апстрахиран од твојот сегашен живот, т.е. тука постои одреден подем во духовната структура на човекот, кој гради нова личност – личност на Човек, сличен на Создателот.

Од утринската лекција од 20/02/2011 на Каб.тв од 02:00 до 05:00

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica