Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Тоа е невозможно

03.01.2011
Зошто пишува дека "вербата над знаењето" е многу тешко? Тоа е спротивно на сè што сум јас, асполутно! Така, не само што е тешко – тоа е невозможно.

Т.е. тоа не е едноставно јас се трудам и ми успева со мои сили. Јас немам никаква основа, никакви средства да извршам какво било дејство во разумот или во моето чувство кое ќе биде над моето знаење, моето сфаќање. Тука јас чувствувам дека дејствувам врз основа на моите желби и мисли – како може да е поинаку, што друго може да има во човекот? Што уште има тој освен ова? Само соодветно на ова тој дејствува.

Да се направи правилно дејство може преку разумот на Создателот, а не преку разумот на суштеството. Потребен ми е Тој, ми треба неговата глава заедно со мојата. Затоа ни се даваат совети. Кога човекот опслужува некој поголем од себе или своите пријатели, групата – со тоа тој се труди да го поништи својот разум и своето чувство и наместо тоа да ги прими чувството и разумот на ближниот. Тоа се вежби благодарение на кои ние подоцна доаѓаме кон истиот однос кон Создателот.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica