Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Човек се стреми кон љубов

27.09.2010

Секој човек се стреми да се чувствува добро. А исто така ми се чини дека секој човек се стреми кон љубов. Моето прашање e: според Кабала што е посилно - да сакаш или да бидеш сакан?

Според Кабала нема такво нешто како "да бидеш сакан".

Ти не мислиш: кога ќе бидам исполнет, туку само за тоа да имам способност да се однесувам кон другите на истиот начин како што јас сакам другите да се однесуваат кон мене. Јас сакам целиот свет да се однесува добро со мене, сакам целиот свет да ме исполни со сето она што го сакам. Така јас сакам да се однеувам кон сите други. Ова се нарекува "како себеси". Во зависност од моите способности, од моето разбирање јас треба да го спроведувам и до оваа мера да постигнам подобие на облик со Создателот. Одеднаш ќе дознаам дека Тој, исто така се занимава со тоа и ги исполнува сите, но јас не го гледам и тие исто така не го гледаат, бидејќи сме во различни квалитети - не во давање, не во исполнување на другите. Но, во моментот кога го спроведувам ова дејство кон другите, јас ќе видам дека Тој и јас сме во исто дејство, Тој се облекува во мене.

Од дневната лекција /27.09.2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica