Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Јас сум против

03.01.2011
Прашање од Лос Анџелес: Која е областа на работата за човекот кој за време на учењето чувствува противење, отфрлање на идејата за која ние зборуваме?

Ако има противење – тоа секогаш е добро! Значи веќе се открива областа за работа. Тоа е Фараонот кој се противи и вели: " Кој е Создателот за да јас Го слушам? Зошто морам да Го слушам, јас сум против!" Токму тоа е нашето почетно зло, добро е ако тоа веќе се открива.

Прашањето е - што прави со тоа човекот понатаму? Се' во мене што се противи – се создава во мене од Него, сето произлегува од Него. "Го создадов почетното зло" речено е – тоа сега Тој ми го шепоти на уво. И тогаш кога го слушам тоа од Него – го слушам тоа на ниво на Бина и можам кон тоа да се однесувам на сличен начин, - дека сум подготвен тоа да го примам. Нека биде лошо, уште полошо – не е важно колку е лошо, само заедно со тоа јас да почувствувам дека сето тоа произлегува од Него за да се кренам над секоја своја состојба и да се спојам со Тој кој ми ги праќа сите тие состојби. Сеедно ми е што ми праќа Тој. А како ќе знам дека ми е сеедно?

Нека ми праќа дури и лоши чувства – јас над тоа ќе се поврзувам со Него, кој ми ги праќа тие состојби и ќе Му заблагодарувам. Затоа што јас сега засега се кренав над моето чувство. Тогаш веќе јас сум споен со Него, со Тој кој ми праќа. И тоа веќе значи дека јас Го оправдувам и Тој во секоја состојба за мене е Добар и Тој кој дава добро. Како Добар и Тој кој дава добро, кога чувството е лошо? Тоа е точно, но сето тоа е поради доброто...поради доброто.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica