Баал ХаСулам - Раби Јехуда Ашлаг
Раби Јехуда Лајб ХаЛеви Ашлаг (1884-1954) е познат како Баал ХаСулам (Сопственик на Скалата) по „Сулам“ (Скала) коментари на Книгата Зохар.
Баал ХаСулам го посветил својот живот на интерпретации и иновации на мудроста Кабалата, ширејќи ја во Израел и низ целиот свет. Тој развил единствена метода за студирање на Кабалата, со која било која личност може да истражува во длабочините на реалноста и да ги открие неговите корени и целта на постоење.
Баал ХаСулам е роден во Варшава, Полска на 24 Септември, 1884. На деветнаесет годишна возраст бил поставен како рабин на најголемите рабини во Варшава, и шеснаесет години тој служел како Дајан (Еврејски ортодоксен судија) и како учител во Варшава.
Учител на Баал ХаСулам бил рабинот Јехошуа од Порсов. Во 1921, Баал ХаСулам емигрирал во Израел и се сместил во Стариот Град на Ерусалим. Зборот за неговото доаѓање брзо се раширил помеѓу Евреите кои емигрирале од Полска, и тој наскоро станал познат како авторитет по Кабала. Постепено, група студенти се формирала околу него, посетувајќи лекции по Кабала во ситните саати. Подоцна Баал ХаСулам се преселил од Стариот Град и се сместил во Гиват Шаул, што тогаш било нова населба во Ерусалим, каде неколку години тој служел како комшиски Рабин.
Баал ХаСулам од 1926-1928 живеел во Лондон. За ова време во Лондон тој ги напишал коментарите на Ариевото Дрво на животот - Паним Мабериот уМазбирот, што го испечатил во 1927. За време на неговиот престој во Лондон, Баал ХаСулам воспоставил обемна соработка со неговите студенти во Израел, што е собрано во книгата наречена Игрот Кодеш (Писма на Светост) објавена 1985
Во 1933 Баал ХаСулам ги објавува трактатите Матан Тора (Давање на Тора), ХаАрвут (Заемна гаранција), и ХаШалом (Мир).
Најголемите дела на Баал ХаСуламови , резултат на многугодишна работа, се Талмут Есер Сефирот (Студијата на Десетте Сефирот), коментарите на пишувањата на Ари, и Перуш ХаСулам (Коментарите за Скалите)на книгата на Зохар. Публикациите на 16 делови (во шест книги) на Талмут Есер Сефирот започнале во 1937. Во 1940 тој ја објавил Беит Шаар ХаКаванот (Влезна куќа на намерите), со коментари на одредени пишувања од Ари. Першух ХаСулам на Зохар била печатена во 18 книги во годините 1945-1953. Подоцна Баал ХаСулам напишал три дополнителни книшки што содржеле коментари за Новиот Зохар чие што печатење било комплетирано во 1955 , по неговата смрт.
Во неговата Претставување на Книгата на Зохар, Баал ХаСулам напишал, како што следи (предмет 58) : И јас ги нареков тие коментари Сулам, Скала, да покажам дека намената на тоа е, како со секоја скала, да го достигне таванот полн со добри работи, тогаш се што ви треба е скала за да ги досегнете,и тогаш сите добрини на светот се во вашите раце.
Баал ХаСулам напишал серија на претставувања што го припремаат студентот за соодветно студирање на Кабалистичките текстови. Некои од овие претставувања се Вовед во Книгата на Зохар, Претставување на Книгата на Зохар, Вовед во Мудроста на Кабалата, Вовед во Сулам коментарите, Генерален Вовед во Дрвото на Животот, и Претставување на Талмуд Есер Сфирот.
Во 1940, Баал ХаСулам го објавил првото, и како што излегло, последното издание на журналот ХаУма (Нацијата). Журналот бил затворен од тогашните Британските власти, по примањето на пакосна информација дека журналот пропагира комунизам.
Баал ХаСулам искусил ексстремни потешкотии при печатењето на неговите книги. Ние можеме да учиме од важноста што тој ја опишал за печатењето и ширењето на Кабалата од описот на Израелскиот наградуван Лауреат за 2003 Професор Шломо Гиора Шохам, за неговиот состанок со Баал ХаСулам во раните 1950ти.
Го најдов како стои во трошна зграда, скоро колиба, во која имаше стара преса за печатење. Тој не можеше да си дозволи да плати сложувач на букви и го работеше самиот сложувањето, буква по буква, стоејќи над пресата за печатење со саати, навремено, и покрај фактот што тој беше во касни шеесетти. Ashlag беше очигледно Тzaddik (праведен човек)- скромен човек, со лице кое зрачи. Но тој беше апсолутно маргинална фигура и ужасно истоштен. Подоцна слушнав дека тој провел толку многу часови сложувајќи, така да оловото што се користи во печатачкиот процес го оштетило неговото здравје. Овој извадок бил објавен на Дек 17, 2004 во Haaretz весникот, во сторијата од Миша Оденхајмер.
Баал ХаСулам не ги ставал често своите идеи на хартија; тој делувал активно да ги промовира. Тој се сретнал со многу водачи на Еврејски населби во Израел од тоа време, лидери на работничко движење и многу јавни личности. Меѓу тие личности се Давид Бен-Гурион, Цалман Шацар, Моше Садех, Хаим Арлоцоров, Моше Арам, Меир Јари, Јаков Хацан, Дов Садан и големиот поет Хаим Наман Биалик.
Според Бен Гурион, тој се сретнал со Јехуда Ашлаг повеќе пати, и бил видно изненаден: Јас сакав да зборувам со него за кабалата, а тој сакаше да зборува за Социјализмот (Архивот на Бен Гурион, дневници, Авг 11, 1958.)
Во неговиот есеј Три Состаноци и Помеѓу (Амот, Тел- Авив, 1963, п. 49), Дов Садан пишува: “Рабинот Јехуда Леиб Ашлаг, помеѓу најголемите Кабалисти на времето, се стреми да ги претвори фундаменталите на Кабалата во историски мотор на нашата генерација. Преку социјалистичката перцепција, што е базирано на горенаведеното, тој бара контакт со Кибуц движењето“.
Може да биде изненадувачки да се мисли дека Баал ХаСулам барал контакт со Еврејското Работничко Движење и неговите лидери, земајќи ја во предвид менталната и образовната бездна помеѓу нив. Како и да е, длабокото проучување на неговите пишувања открива фасцинантна и интригантна фигура на Ерудит кој бил многу вмешан во случуваеата од неговото време, и двете во Израел и низ целиот свет, фигура чии идеи се сметаат за револуционерни и предизвикувачки дури до денес.
Повеќе...
Познато е дека намената на делата во Тора и Мицвот е да се стане сличен со Создателот, како што пишува: „и да се соединиме со Него." Треба да разбереме што означува Двекут (спојување) со Создателот. На крај, мислата воопшто не го перцепира.
Нашите мудреци разговарале за ова прашање пред мене, прашувајќи во врска со стихот, „да се соединиме со Него": „Како може некој да се соедини со Него? Тој е оган кој голта сè."
А тие одговораат, „соединете се со Неговите својства: како што е Тој милостив, и вие бидете милостиви; како што е Тој сочувствителен, и вие бидете." Ова збунува; како застраниле нашите мудреци од изворниот текст? Сепак, експлицитно пишува, „да се соединиме со Него." Да било значењето да се соединиме со Неговите особини, ќе мораше да пишува, „соединете се со Неговите начини." Зошто тогаш вели,, „соединете се со Него?"
Работата е во тоа што во телесноста, која зафаќа простор, го сфаќаме Двекут како блискост на место, а раздвоеноста како оддалеченоста на место. Меѓутоа, во духовноста, која не зафаќа простор, Двекут и раздвоеноста не значат блискост ниту далечност на место. Тоа е затоа што тие воопшто не зафаќаат место. Напротив, Двекут го сфаќаме како еднаквоста на обликот меѓу два духовни субјекти, а раздвоеноста како различност во облиците помеѓу нив. Како што секирата сече и раздвојува телесен предмет на два дела, раздвојувајќи ги деловите еден од друг, различноста на обликот го одвојува и поделува духовното на две. Ако разликата во обликот е мала, велиме дека се малку оддалечени еден од друг. А ако е голема, велиме дека се многу оддалечени. Ако, пак, се со спротивни облици, велиме дека се далеку еден од друг како две крајности.
На пример, кога двајца се мразат, за нив се вели дека се раздвоени еден од друг како Истокот од Западот. А ако се сакаат, се вели дека се приврзани еден кон друг како да се едно тело. А сето ова нема врска со блискоста или оддалеченоста на местоположбата. Не, туку се работи за еднаквост или различност во обликот. Ова е така бидејќи кога луѓе се сакаат, тоа е затоа што има слична форма меѓу нив. Бидејќи човек го сака тоа што го сака неговиот пријател, и го мрази тоа што го мрази пријателот, тие се приврзани еден кон друг и се сакаат.
Меѓутоа, ако има некаква разлика во обликот меѓу нив, и ако едниот нешто мрази дури иако неговиот пријател го љуби истото, тие се мразат меѓусебно и се далеку еден од друг онолку колку што е нивната разлика во обликот. А ако се толку спротивни што пријателот го мрази сето она што другиот го сака, се вели дека се оддалечени и раздвоени како Истокот од Западот. И можете да видите дека во духовноста таа разлика во обликот делува како секирата која раздвојува во светот на телесното. Слично, размерот на оддалеченоста на местоположбите и на нивната раздвоеност зависи од размерот на разликата на обликот меѓу нив. Исто така, размерот на Двекут меѓу нив зависи од размерот на нивната меѓусебна еднаквост на обликот.
Сега разбираме колку во право биле нашите мудреци кога го протолкувале значењето на стихот „да се соединиме со Него" како спој со Неговите одлики – како што е Тој милостив, и вие бидете милостиви; како што е Тој сочувствителен, и вие бидете. Тие не го застранија текстот од буквалното значење. Сосема спротивно од тоа, го протолкуваа текстот точно според буквалното значење, бидејќи духовниот Двекут може да се опише само како еднаквост на облик. Оттука, со изедначување на нашиот облик со обликот на Неговите одлики, му стануваме приврзани Нему. Затоа велат, „како што Тој е милостив." Со други зборови, сите Негови постапки служат за добро на другите, а воопшто не за Негово добро, бидејќи Тој нема недостатоци кои треба да се надополнат. А Тој нема ни од кого да прими. Слично, сите ваши постапки ќе бидат за да им дадете и направите добро на другите. Така, ќе ја изедначите својата форма со формата на одликите на Создателот, и тоа е духовниот Двекут .
Во спомнатото изедначување на обликот се издвојуваат „умот" и „срцето". Следењето на Тора и Мицвот за да му се даде задоволство на својот Создател е истоветност на обликот во умот. Тоа е затоа што Создателот не мисли на Себе – дали постои или дали ги пази своите созданија, и слични такви сомнежи. Слично, оној кој сака да достигне истоветност на обликот не смее да мисли на тие работи, кога веќе е јасно дека Создателот не мисли на нив, бидејќи нема поголема разлика во обликот од тоа. Оттука, секој што размислува за такви работи е секако раздвоен од Него, и никогаш нема да достигне истоветност на обликот.
Тоа го велат нашите мудреци, „Сите ваши постапки нека бидат за Создателот," што значи, Двекут со Создателот. Не правете ништо што не ве доведува поблиску до таа цел на Двекут. Тоа значи дека сите ваши постапки ќе бидат за давање и добро на другите луѓе, вашите ближни. Тоа е целиот Двекут. Но можеме да прашаме, „Како може секоја постапка да биде за добро на другите? Сепак, човек мора да работи за да се издржува себеси и семејството." Одговорот е дека тие дела кои се вршат од потреба, за да се добијат најосновните потрепштини за опстанок, таквите потреби ниту се фалат ниту се осудуваат. Тоа воопшто не се брои како да сте направиле нешто за себе.
Секој што ќе навлезе во суштината на работите секако ќе биде изненаден за тоа како може да се постигне целосна истоветност на обликот, за сите постапки да бидат за да им се даде на другите, додека самата суштина на човекот е само да прима за себе. По природа, не можеме да направиме ни најситно нешто за добро на другите. Место тоа, кога им даваме нешто, принудени сме да очекуваме дека на крајот ќе добиеме достојна награда. Ако некој макар само се посомнева дека ќе добие награда, нема ништо да направи. Како може тогаш секоја наша постапка да биде само за да им дадеме на другите а ништо да не држиме за себе?
Признавам дека ова е навистина многу тешко. Никој не може да ја смени природата на тоа како е создаден, што значи само да прима за себе, а камо ли да ја изврти сопствената природа во друга крајност, што значи да не прима ништо за себе, туку да делува само за да дава. Па сепак, ова е причината зошто Создателот ни ги даде Тора и Мицвот, со кои ни е наредено да се бавиме само за да Му дадеме задоволство на Создателот. Да не беше изучувањето на Тора и Мицвот во Лишма (во Нејзино име), за да му донесат задоволство на Создателот, а не за наша корист, немаше да има тактика во светот што ќе ни помогнеше да ја преобразиме својата природа. Сега можете да ја сфатите ригорозноста на проучувањето на Тора и Мицвот во Лишма. Ако некој ги проучува Тора и Мицвот со намера не да му користи на Создателот, туку на себеси, не само што неговата волја за примање нема да се преобрази, туку напротив, ќе порасне многу повеќе одколку што била по природата на неговото создавање.
Но какви се доблестите на тој што бил награден со Двекут со Создателот? Тие не се спомнати никаде, освен во суптилни најави. Сепак, за да ги разјаснам работите во мојот есеј, морам да откријам и малку од тоа, колку што треба. Ќе го објаснам ова со алегорија. Телото и неговите органи се едно. Целината на телото разменува мисли и осети во врска со секој орган. На пример, ако целото тело мисли дека одреден орган треба да го служи и задоволи, тој орган веднаш ќе ја знае таа мисла и ќе го обезбеди задоволството на кое се мислело. А ако органот мисли и чувствува дека местото на кое се наоѓа е тесно, остатокот од телото веднаш ќе ја дознае таа мисла и чувство, и ќе го премести на поудобно место. Меѓутоа, ако орган биде отсечен од телото, тие ќе станат две различни суштества; остатокот од телото веќе нема да ги знае потребите на раздвоениот орган, а органот нема да ги знае потребите на телото, за да може да му служи. Но ако дојде лекар и повторно го поврзе органот со телото како што било порано, органот пак ќе ги знае мислите и потребите на остатокот од телото, а и телото пак ќе ги знае потребите на органот.
Според оваа алегорија, можеме да ја сфатиме заслугата и доблесноста на тој што е награден со Двекут со Создателот. Веќе покажав во мојот „Вовед во Зохарот", ставка 9, дека душата е Светлина која се протега од Неговата Суштина. Таа Светлина е одвоена од Создателот така што Создателот ја облекува во желбата за примање. Тоа е така бидејќи Мислата на Созданието, за да им направи добро на Неговите созданија, во секоја душа создала желба да прима задоволство. Така, тој облик на желбата за примање ја одвоила таа Светлина од Неговата Суштина и го претворила во дел кој е одвоен од Него.
Следува дека секоја душа била опфатена во Неговата Суштина пред да биде создадена. Но со создавањето, што значи заедно со желбата да прима задоволство, која била всадена во душата, таа постигнала различност на обликот и била одвоена од Создателот, чија единствена желба е да дава. Тоа е така затоа што, како што веќе објаснивме, различноста на обликот во духовното раздвојува како што раздвојува секирата во телесното. Така, сега душата е сосема слична на алегоријата на органот кој бил отсечен и одвоен од телото. Иако пред раздвојувањето, тие – органот и телото – биле едно, и разменувале мисли и чувства еден со друг, откако органот е отсечен од телото тие стануваат две посебни целини. Сега не си ги знаат меѓусебно мислите и чувствата. Тоа уште повеќе се зацврстува откако душата ќе се облече во тело од овој свет: сите врски што ги имала пред да биде одвоена од Неговата Суштина престануваат, и сега се како две одвоени суштества.
Сега можеме лесно да сфатиме каква е заслугата на некој што е награден со тоа што повторно се обликува според Него. Тоа значи дека е награден со истоветност на обликот од страна на Создателот со преобразување на желбата за примање, која му е всадена преку моќта опишана во Тора и Мицвот. Тоа е токму она што го одвоило од Неговата Суштина, и го претворило во волја за давање. Сега сите негови постапки се само за давање и правење добро на другите, бидејќи го направил својот облик ист како Создателот. Следува дека тој е баш како орган кој некогаш бил отсечен од телото и е повторно соединет со него: пак ги знае мислите на остатокот од телото, како што ги знаел пред да биде одвоен од него.
И душата е исто таква: откако постигнала истоветност со Него, пак ги знае Неговите мисли, како што ги знаела пред да биде раздвоена од Него поради разликата во обличието настаната заради желбата за примање. Тогаш стихот „знај го Богот на татко ти" живее во него, и тој е награден со целосно знаење, Божествено знаење. Награден е и со сите тајни на Тора, бидејќи Неговите мисли се тајните на Тора. Тоа е она што го рече рабинот Меир: „Сите што ја проучуваат Тора во Лишма добиваат многу нешта. Тајните на Тора им се откриваат, и тие стануваат како вечна пролет." Како што рековме, преку бавење со Тора во Лишма, што значи за да му се даде задоволство на Создателот, а воопшто не за своја лична корист, гарантирано е претопување според Создателот. Тоа значи дека постигнуваме ист облик, и сите наши постапки ќе бидат за добро на другите, а не за нас самите. Тоа е исто како Создателот, чија секоја постапка е само за добро на другите.
Така, душата се враќа во Двекут со Создателот, како што била пред своето создавање. Потоа, добива многу нешта, и е наградена со тајните и вкусовите на Тора, и станува како вечна пролет. Тоа е затоа што се отстранети деловите кои ја двоеле од Создателот и станува повторно едно со Него, како пред да биде создадена.
Целата Тора, разоткриена и скриена, е мислите на Создателот, без никаква разлика. Тоа е како кога некој се дави во река, а пријател му фрла јаже да го спаси. Ако давеникот убаво се фати за јажето, пријателот може да го спаси и да го извлече од реката. И Тора е таква. Бидејќи таа е во целост мислите на Создателот, таа е како јаже кој Создателот им го фрла на луѓето за да ги спаси и да ги извлече од Клипот (лушпа). Крајот на јажето кој е блиску до сите луѓе е разоткриената Тора, која не бара намера ниту мисла. Не само тоа, туку дури и кога има погрешна мисла во Мицвот, Создателот пак ја прифаќа, како што е напишано, „Човек мора секогаш да се бави со Тора и Мицвот во Ло Лишма (не во Нејзино име), бидејќи од Ло Лишма ќе дојде до Лишма."
Така, Тора и Мицвот се крајот на јажето, и нема човек на светот кој не може да се фати за него. Ако цврсто се фати за него, што значи дека е награден со проучување на Тората и Мицвот во Лишма, да му даде задоволство на својот Создател а не себеси, Тора и Мицвот ќе го одведат до истоветност во обликот со Создателот. Тоа е значењето на „да се обликуваме според Него." Тогаш, тој ќе биде награден со сите мисли на Создателот, наречени „Тајни на Тора" и „Вкусови на Тора", кои се остатокот од јажето. Меѓутоа, тоа може да се добие само ако се постигне целосен Двекут. Причината што мислите на Создателот, т.е. тајните на Тора и нејзините вкусови, ги споредуваме со јаже, е дека има многу степени во изедначувањето на обликот со оној на Создателот. Оттука, има многу степени на јажето, во достигнувањето на тајните на Тора. Мерката за достигнувањето на тајните на Тора, на познавањето на Неговите мисли, е како мерката на истоветност на обликот со оној на Создателот.
Има вкупно пет степени: Нефеш, Руах, Нешама, Хаја, Јехида, и секој од нив се состои од сите нив. Секој од нив содржи пет степени, а секој од тие содржи најмалку дваесет и пет степени. Тие се викаат и „светови", како што велат нашите мудреци, „Создателот сигурно на секој праведник ќе му даде 310 светови." А причината што степените на достигнувањето на Него се викаат „светови" е тоа што зборот Олам (свет) има две значења:
1. Сите што ќе влезат во тој свет ги имаат истите чувства; тоа што еден гледа, слуша и чувствува, го гледаат, слушаат и чувствуваат и сите други во тој свет. 2. Сите што се во тој „скриен" свет не можат да знаат или достигнат ништо во друг свет. Се достигнуваат и овие два степени:
1. Секој што е награден со одреден степен знае и достигнува сè во него што го постигнале сите пред него што стигнале до тој степен, и во сите генерации што биле, и што ќе бидат. Тој има достигнато сè што имаат тие, како да се во истиот свет. 2. Сите што ќе дојдат до тој степен нема да можат да знаат или достигнат нешто што постои во друг степен. Тоа е како во овој свет: тие не можат да знаат ништо што постои во светот на вистината. Затоа степените се нарекуваат „светови."
Затоа, тие што достигнале нешто можат да пишуваат книги и да ги преточат своите достигнувања во разни навестувања и алегории. Нив ќе ги разберат сите оние кои се наградени со степените опишани во книгите, и ќе го имаат достигнато истото што и тие. Но оние кои не се наградени со степенот на авторите нема да можат да ги разберат нивните навестувања. Тоа е уште повеќе случај со оние кои не се наградени со никакви достигнувања; тие нема да разберат ништо од нив, бидејќи го немаат достигнато истото.
Веќе рековме дека целосниот Двекут и целосното достигнување се поделени на вкупно 125 степени. Согласно со тоа, пред да дојде Месијата, невозможно е да се добијат сите 125 степени. А меѓу генерацијата на Месијата и сите други генерации има две разлики:
1. Само во генерацијата на Месијата е можно да се достигнат сите 125 степени, и во ниедна друга генерација.
2. Низ генерациите, тие што се издигнале и биле наградени со Двекут биле малкумина, како што велат нашите мудреци за стихот, „Најдов еден човек во илјада; илјада влегуваат во собата, а еден излегува да подучува," мислејќи на Двекут и достигнувањето. Како што велат, „бидејќи земјата ќе биде полна со знаење за Господа." „И веќе нема да го подучуваат секој свој сосед, и секој свој брат, велејќи им: „Знајте го Господа; бидејќи сите ќе ме знаат Мене, од најмалите до најголемите меѓу нив."
Исклучок се Рашби и неговата генерација, авторите на Зохар, на кои им биле дадени сите 125 степени во целост, иако уште не било времето на Месијата. За него и неговите ученици е речено: „Мудрец е подобар од пророк." Затоа често во Зохарот се вели дека нема да има генерација како на Рашби додека не дојде генерацијата на Кралот Месија. Затоа неговото дело има оставено толкав впечаток во светот, бидејќи тајните на Тора во него ги опфаќаат сите 125 степени. Затоа се вели во Зохар дека Книгата на Зохар ќе биде разоткриена само кога ќе дојде Судниот Ден, кога ќе дојде Месијата. Тоа е затоа што, како што веќе рековме, дека ако степените на учениците не се како оние на авторот, тие нема да ги сфатат неговите објаснувања, бидејќи го немаат достигнато истото.
А бидејќи степенот на авторите на Зохарот е на највисокото ниво од 125 степени, тоа не може да се достигне пред да дојде времето на Месијата. Следува дека никој нема да го достигне истото како авторите на Зохар во генерациите пред Месијата. Затоа, Зохар не може да биде разоткриен во генерациите пред генерациите на Месијата. А тоа е јасен доказ дека нашата генерација го дочека времето на Месијата. Можеме да видиме сите толкувања на Зохар пред нашето нема разјаснето ни десет проценти од тешките места во Зохарот. А и на малкуте места што ги имаа разјаснето, нивните зборови се речиси исто толку нејасни како самиот Зохар.
Но во нашата генерација сме наградени со коментарот Сулам (Скала), кој е целосно толкување на сите зборови во Зохар. Покрај тоа, не само што не остава ништо неразјаснето и непротолкувано, туку појаснувањата се засноваат врз директна анализа, која може да ја разбере секој средно напреден ученик. А бидејќи Зохар се појави во нашата генерација, тоа е јасен доказ дека сме веќе во времето на Месијата, на почетокот од таа генерација за која е речено „бидејќи земјата ќе биде полна со знаење за Господ."
Треба да знаеме дека духовните теми не се како телесните, каде давањето и примањето се случуваат заедно. Во духовното, времето на давање и времето на примање се одвоени. Тоа е затоа што прво му е дадено од Создателот на примателот; и во тоа давање тој само му дава можност да прими. Меѓутоа, уште нема ништо примено, додека не биде посветен и прочистен како што треба. Тогаш ќе ја прими наградата. Затоа може да помине долго време помеѓу времето на давање и времето на примање. Согласно со тоа, изјавата дека оваа генерација веќе има стигнато до стихот „бидејќи земјата ќе биде полна со знаење за Господ", се однесува само на давањето. Уште не сме дошле до состојбата на примање. Кога ќе бидеме прочистени, осветени, и ќе учиме и се трудиме колку што се бара, ќе дојде времето кога ќе примиме, и во нас ќе се оствари стихот „бидејќи земјата ќе биде полна со знаење за Господ."
Познато е и дека покајанието и највисокото достигнување се тесно поврзани. Доказот за тоа е дека секој што е привлечен од тајните на Тора е привлечен од земјата на Израел. Затоа и нам ни е ветено, „бидејќи земјата ќе биде полна со знаење за Господ," само на Судниот Ден, во времето на покајание. Затоа, бидејќи уште не ни е дадено времето на примање на целосното достигнување, туку само времето на давање, со кое ни е дадена можност за целосно достигнување, така е и со покајанието. Со него сме наградени само во облик на давање. Факт е дека Создателот ја ослободи нашата света земја од туѓинците и ни ја даде, но сепак уште ја немаме добиено под наша власт, бидејќи времето за примање уште не е дојдено, како што објаснивме во врска со целосното достигнување. Така, Тој ни даде, но ние уште го немаме примено даденото. Сепак, немаме економска независност, а без тоа нема политичка независност. Покрај тоа, нема покајание на телото без покајание на душата. А сè додека поголемиот дел од народот е во заробеништво во странски култури и е неспособен да учествува во религијата и културата на Израел, и телата ќе бидат во заробеништво на странски сили. Во тој поглед, земјата е сè уште во рацете на туѓинците.
Доказот е тоа што никој не е многу возбуден во врска со покајанието, како што би требало да биде по два милениуми. Не само што оние во дијаспората не се наклонети да ни се вратат и да се радуваат во покајанието, туку голем дел од тие што веќе се покајале, и веќе живеат меѓу нас, едвај чекаат да се куртулат од тоа покајание и да се вратат во дијаспората од каде што дошле. Така, и покрај тоа што Создателот ја спаси земјата од рацете на туѓи народи и ни ја врати, ние уште ја немаме примено. Не уживаме во неа. Но со ова давање, Создателот ни даде прилика за покајание, да се прочистиме и осветиме, и да ја земеме Божјата работа во Тора и Мицвот во Лишма. Тогаш, Храмот ќе биде изграден и ќе ја добиеме земјата под наша власт. И ќе ја почувствуваме радоста на покајанието.
Но сè додека не дојдеме до тоа, ништо нема да се смени. Нема разлика помеѓу сегашните услови во земјата и времето кога беше во рацете на туѓинците, во законите, во економијата, и во Божјата работа. Така, сè што имаме е прилика за покајание. Следува дека нашата генерација е генерацијата на времето на Месијата. Затоа ни е дадено спасение на нашата света земја од рацете на странците. Наградени сме и со откровението на Книгата Зохар, кое е почетокот на спознанието на стихот, „бидејќи земјата ќе биде преполна со знаење за Господ." „И веќе нема да подучуваат... бидејќи сите ќе Ме знаат, од најмалите до најголемите меѓу нив."
А сепак, со тие две, наградени сме само со давање од страна на Создателот, но уште немаме ништо примено в раце. Место тоа, дадена ни е шанса да почнеме со Божјата работа, со Тора и Мицвот во Лишма. Тогаш ќе ни биде даден големиот успех кој е ветен на генерацијата на Месијата, успех кој ниедна генерација пред нас не го видела. И потоа ќе бидеме наградени со времето на примање на целосното достигнување и целосното покајание.
Така темелно го објасниве одговорот на нашите мудреци на прашањето, „Како можеме да се споиме со Него, за кое велат дека значи „да се споиме со Неговите одлики'?" Тоа е вистина од две причини:
1. Духовниот Двекут не се состои во блискост на местото, туку во истоветност на обликот.
2. Бидејќи душата е одвоена од Неговата суштина само поради волјата за примање, која и ја има всадено Создателот, еднаш штом Тој ќе ја одвои желбата за примање од неа, таа природно си се враќа во претходниот Двекут со Неговата Суштина.
Меѓутоа, сето ова е теорија. Всушност, тие немаат одговорено ништо со објаснувањето на соединување со Неговите особини, кое значи одвојување од волјата за примање, втисната во природата на Созданието, и доаѓање до желбата за давање – спротивно од нејзината природа.
А она што го објаснивме, дека некој што се дави в река треба цврсто да се фати за јажето, и дека се додека не почне со Тора и Мицвот Лишма на начин со кој веќе нема да се врати на глупостите, не се смета дека цврсто се фатил за јажето, се враќа прашањето: Каде ќе најде човек мотивација за со сето срце да се труди само да му дава задоволство на својот Создател? Сепак, човек не може ни да мрдне без да има некаква корист за себе, како што машина не може да работи без гориво. А ако нема себе-задоволување, туку само задоволство за Создателот, човек нема да има гориво со кое ќе може да работи. Одговорот е дека за секој кој во доволна мера ќе ја достигне Неговата величина, она што му го дал Нему се претвора во примање, како што пишува во Масехет Кидушин (стр. 7): со важна личност, кога жената му дава пари, за неа се смета дека всушност добива, и таа е просветена.
Така е и со Создателот: ако некој ја достигне Неговата величина, не постои нешто поголемо што може да се прими од задоволството на Создателот. Тоа е доволно гориво за работа со сето срце за да Му се донесе задоволство. Но јасно е дека се додека некој ја нема достигната Неговата величина во доволна мера, нема да смета дека давањето задоволство на Создателот е нешто што ако го прими ќе му биде доволно за да му ги даде срцето и душата на Создателот.
Затоа, секој пат кога некој навистина ќе посака само да му даде задоволство на својот Создател, а не на себеси, веднаш ја губи силата за работа, бидејќи е како машина без гориво, бидејќи човек не може да помрдне ниеден орган без да има некаква корист за себе. Тоа уште повеќе важи за таков голем труд кај што се дава срцето и душата, како што налага Тората. Несомнено, човек нема да може да го прави тоа без да добие некакво задоволство за себе. Навистина, да се постигне Неговата величина во таква мера што давањето станува примање, како што се спомна во врска со важна личност, воопшто не е тешко. Секој ја знае величината на Создателот, кој создал сè и прождира сè, кој е без почеток и крај, и чија возвишеност е бескрајна.
Сепак, тешкотијата е во тоа што мерката на величината не зависи од поединецот, туку од околината. На пример, дури и ако некој е полн со доблести но околината не го цени како таков, тој секогаш ќе биде несреќен и нема да може да се гордее со своите доблести, иако не се сомнева дека се вистина. И обратно, човек без никакви добри одлики, кого околината го почитува како да е доблесен, тој човек ќе биде полн со гордост, бидејќи мерата на важност и величина во целост се дава на околината. И додека човек гледа како неговата околина ја омаловажува неговата работа и не ја цени правилно неговата величина, тој не може да ја совлада околината. Така нема да може да си ја стекне величината, и самиот си ја омаловажува работата, како што прават и другите. А бидејќи нема основа за да ја стекне својата величина, тој очигледно нема да може да може да работи за да Му даде задоволство на својот Создател, а не себеси. Тоа е така затоа што нема мотивација за да се труди, а „ако си се трудел и не си нашол, не верувај." Единствениот избор останува или да работи за себе, или воопшто да не работи, бидејќи за него, давањето задоволство на Созадтелот нема да биде еднакво на примање.
Сега можете да го сфатите стихот, „Во мноштвото луѓе лежи славата на кралот", бидејќи мерата на величината доаѓа од околината под два услови:
1. Колку го цени околината. 2. Големината на околината. Оттаму, „Во мноштвото луѓе лежи славата на кралот."
А поради големата тешкотија во сето ова, нашите мудреци не посоветуваа: „Направи си Рав и купи си пријател." Тоа значи дека човек треба да си избере за себе важна и ценета личност да му биде Рав, со кого ќе може да почне да се бави со Тора и Мицвот, за да може да му даде задоволство на својот Создател. Тоа е така бидејќи со Рав доаѓаат две олеснувања:
1. Бидејќи тој е важна личност, ученикот може да му дава задоволство, врз основа на возвишеноста на Рав, бидејќи за него давањето станува примање. Тоа е природно гориво, и така неговите постапки на давање секогаш можат да растат. А штом човек се навикне да му дава на Рав, може истото да го префрли на тоа да се бави со Тора и Мицвот во Лишма заради Создателот, бидејќи навиката станува втора природа.
2. Истоветноста во обликот со Создателот не помага ако не е засекогаш, што значи, „додека Оној што ги знае сите мистерии не посведочи дека нема да се врати на глупостите." Тоа не важи за истоветноста на обликот со својот Рав. Бидејќи Рав е во овој свет, со време, истоветноста на обликот со него помага дури и ако е само привремена, и ако тој подоцна се расипе. Така, секојпат кога некој ќе го изедначи својот облик со својот Рав, за некое време тој е прилепен за него. Така ги добива мислите и знаењето на Рав, според размерот на својот Двекут, како што објаснивме во алегоријата на органот кој бил отсечен од телото и повторно споен со него. Од таа причина, ученикот може да го искористи достигнувањето на величината на Создателот што ја има неговиот Рав, со што давањето го претвора во примање и во доволно гориво за да го даде срцето и душата. Тогаш и ученикот ќе може да проникне во Тора и Мицвот Лишма со сето срце и душа, што е лекот кој го дава вечниот Двекут со Создателот.
Сега можете да сфатите што рекле нашите мудреци (Берахот 7): „Служењето на Тора е поважно од нејзиното проучување, како што е речено, „Елиша, синот на Шафат е тука, кој истураше вода врз рацете на Елија.'" Не вели проучуваше, туку истураше. Ова збунува; како можат едноставни постапки да бидат повозвишени од проучувањето на мудроста и знаењето?
Но според горенаведеното, сосема разбираме дека служењето на нашиот Рав со нашето тело и душа за да му дадеме задоволство на Рав, ќе не донесе до Двекут со Рав, т.е. до истоветност на обликот. Така ги добиваме мислите и знаењето на Рав „од уста до уста", што е Двекут на дух со дух. Со тоа, наградени сме со Неговата величина доволно, за да можеме да го претвориме давањето во примање, да стане доволно гориво за предаденост, додека не добиеме Двекут со Создателот. Тоа не се однесува толку на проучувањето на Тора со Рав, оти тоа мора да биде за сопствена корист и не дава Двекут. Тоа се смета за „од уста на уво." Така, служењето на ученикот му ги дава мислите на Рав, а проучувањето – само неговите зборови. А и заслугата од служењето е поголема од онаа на учењето како што мислите на Рав се поважни од неговите зборови, и како што „од уста до уста" е поважно од „од уста до уво." Меѓутоа, сето ова е вистина ако службата е за да му даде задоволство на Бог. Сепак, ако служењето е за сопствена корист, таквото служење не може човек да го донесе до Двекут со својот Рав, и секако тогаш учењето со Рав е поважно од служењето. Сепак, како што рековме за стекнувањето на неговата величина, околината која не го цени го ослабува поединецот, и го спречува да ја достигне својата величина. А тоа секако е вистина за Рав. Околината која не го цени Рав ќе го спречи ученикот правилно да ја стекне величината на својот Рав.
Затоа нашите мудреци велат, „Направи си Рав и купи си пријател." Тоа значи дека човек може да си направи ново опкружување. Тоа опкружување ќе му помогне да ја стекне величината на својот Рав преку љубовта на пријателите кои го ценат Рав. Кога пријателите разговараат за величината на Рав, секој од нив добива чувство за неговата величина. Така, давањето на Рав ќе стане примање и доволна мотивација до таму, што ќе го доведе човека да се бави со Тора и Мицвот во Лишма.
За тоа велат, „Тора се стекнува со 48 доблести, со служење на пријателите и со грижата на пријателите." Ова е така затоа што покрај служењето на Рав, на човек му треба и грижата на пријателите, нивното влијание, за да му помогнат во стекнувањето на величината на неговиот Рав. Стекнувањето на величината зависи во целост од околината, а поединецот не може ама баш ништо да стори во врска со тоа. Сепак, има два услови за стекнување на величината:
1. Секогаш слушај и прифаќај го ценењето на околината во согласност со нивната величина.
2. Околината треба да има величина, како што е напишано, „Во мноштвото луѓе е славата на кралот."
За да го стекне првиот услов, секој ученик мора да се чувствува најмал меѓу сите пријатели. Во таа состојба, може од секого да прими признанија на величината, бидејќи великите не можат да примаат од помали, а камо ли да бидат импресионирани од нивните зборови. Напротив, само малите можат да бидат импресионирани кога ги ценат великите.
А за вториот услов, секој ученик мора да ги фали доблестите на секој од пријателите и да го цени како да е најважниот во генерацијата. Тогаш околината ќе му остави впечаток како доволно возвишена околина, бидејќи квалитетот е многу поважен од квантитетот.
Повеќе...
1.Во книгата Зохар, (неделна глава „Тазрија”, стр.40) е запишано: „Сите светови, како Вишите, така и нижите, се наоѓаат во човекот. Сè што е создадено во светот, создадено е заради човекот, и сè живее и се развива благодарение на човекот. Но зарем не му е доволен на човекот целиот овој свет, што се наоѓа во него, и постои за да му служи и да го развива, па му се потребни уште и Вишите светови?
2. За да се објасни ова, би требало тука да се презентира целата наука кабала, но во таков општ и компримиран облик, за сите нешта, што ќе ни се откријат понатаму, да станат разбирливи. Суштината е во тоа, што намерата на Создателот при создавањето се состои во насладувањето на суштеството. Само што се појавила кај Него оваа мисла - да создаде души и да ги наслади, веднаш се појавиле тие пред Создателот во своето совршенство и величие, исполнети со бесконечно задоволство, со кое Создателот замислил да ги наслади. Затоа што кај Него самата мисла го заршува целото создавање, и нема потреба од некои физички дејства, како кај нас. Во врска со ова се наметнува прашањето: зошто Тој ги создал световите – скратување после скратувањето – сè до нашиот сив, ништожен свет, и ги сместил душите-суштества во ништожните тела од овој свет?
3. Одговорот се наоѓа во книгата „Eц Хаим” на Aри: „...Сè е создадено од Создателот на таков начин, за да се манифестира совршенството на Неговите дејства”. И сепак, неопходно е да се сфати: како е можно тоа: од совршениот Создател да произлегува дејство, толку несовршено? До таму, што суштествата треба самите да се дополнат, поправат, да се искачат духовно со помош на работата во овој свет. Работата е во тоа, што е потребно да разликуваме во душите два дела: Светлината и кли. Бидејќи суштината на душата е нејзиниот сад (кли), а изобилството, со кое Создателот замислил да ги наслади душите, е Светлината, која го исполнува садот. Бидејќи Создателот замислил да ги наслади душите, Тој морал да ги направи во облик на желба за примање на насладување. Затоа што големината на желбата за примање на насладување, ја одредува величината на добиеното насладување. Така што желбата за примање на насладување претставува суштина на самата душа, создадена од ништо, и се нарекува „кли” – сад на душата. Додека насладувањето – изобилството, кое го наполнува садот, се дефинира како Светлина на душата, која произлегува од самиот Создател.
4. Суштество е појавување на она кли што не постоело претходно, односно појавување на нешто од ништо. Но како може да се замисли, дека постои нешто, што го нема во Создателот? Тој задолжително мора да содржи во Себе апсолутно сè. И дали е можно некој да создава нешто, што го нема во Него? Како што е речено, суштеството, создадено од Создателот не е повеќе од кли на душата, кое претставува желба за насладување, да прими насладување. Затоа е апсолутно јасно дека во Создателот таква желба не постои. Затоа желбата да се прима претставува апсолутно нова создание, она, што го немало претходно, и тоа се дефинира како произлезено од ништо.
5. Соединувањето и одделувањето, што се одвиваат во духовното, се сведуваат на совпаѓање (сличност) или различност на особините. Ако два духовни објекти имаат иста форма, т.е. исти особини, тогаш тие се соединети заедно и претставуваат една целина. Бидејќи, ако нема ништо што ги разликува двата објекти еден од друг, тогаш невозможно е тие да се поделат на два. Поделбата е можна, само ако најдеме разлика во особините помеѓу нив. Зависно од степенот на нивното разликување според особините, се дефинира големината на нивното заемно оддалечување, дотолку, што ако сите особини на двата духовни објекти се спротивни една на друга, тие се духовно бесконечно оддалечени еден од друг, т.е. се наоѓаат на толкава апсолутна оддалеченост, каква што само може да си замислиме.
6. Нашата човечка мисла не може да го достигне совршенството на Создателот. Не постои начин Тој да се изрази и да се опише. Но од чувствувањето на влијанието на Создателот врз нас, ние можеме да сфатиме, дека кај Него постои само желбата да ни даде насладување. Бидејќи Тој создал сè исклучиво само за да нè наслади нас – Своите суштества, да нè наполни со сè најдобро. Душите според своите особини се апсолутно спротивни на Создателот, бидејќи Тој е Давател и во Него нема апсолутно никаква желба да прими насладување. А душите создадени од Него, поседуваат само желба да се самонасладат, и не постои поголема спротивност на особините, поголемо оддалечување еден од друг. Затоа, ако душите навистина би останале во оваа своја егоистичка желба за самонасладување, тие би биле вечно и целосно одделени од Создателот.
7. Во првиот дел од книгата „Ец Хаим” е речено: „Причина за создавањето на сите светови е во тоа, што Создателот мора да биде совршен во сите Свои дејства. Ако Тој не би ги манифестирал Своите сили и дејства во самите суштества, тогаш не би можел да се нарече „Совршен”. На прв поглед е несфатливо, како е можно од совршениот Создател да произлегуваат исконски несовршени дејства, и тоа толку многу, што би имале потреба да се поправат од човекот? Но бидејќи основа на суштеството е само желбата да се прими насладување, тогаш, од една страна, суштеството (желбата за примање) е несовршено, бидејќи е дијаметрално спротивно на Создателот, и тоа значи дека е бесконечно оддалечено од Него со конфронтација на особините на едниот и другиот – Создателот и суштеството. А од друга страна, токму тоа го претставува она новото – што се појавило од ништо. Суштеството било создадено, за да ги прими целото насладување, со кое Создателот замислил да го наслади и да го исполни.
8. Само занимавајќи се со кабала, со намера да не се добие од тоа апсолутно никаква награда, туку само за да му се причини со тоа задоволство на Создателот, се создава посебна сила („Сгула”), која може да ја доведе душата до состојба на целосно спојување со Него. Постепено душата се движи напред и стекнува нови и нови особини на сличност со Создателот. Во тој подем, во спојувањето со Создателот, има пет последователни скалила: Нефеш, Руах, Нешама, Хаја и Јехида, - добиени од петте светови, наречени Адам Кадмон, Ацилут, Брија, Јецира, Асија. Секое од тие пет скалила, пак, има свои пет скалила, исто така наречени Нефеш, Руах, Нешама, Хаја и Јехида, кои добиваат Светлина од петте парцуфим, од кои се состои секој тие пет светови. Секое од тие потскалила исто така има свои НАРАНХАЈ, добиени од десетте сефирот, од кои се состои секој парцуф.
Занимавајќи се со кабала, со намера да му се причини задоволство на Создателот, суштествата постепено стекнуваат келим-желби од горенаведените скалила, сè додека не достигнат целосно спојување со Создателот. Токму тогаш во душите се случува остварување на замислата на Содавањето: да се добие целото насладување, што Создателот го подготвил за нив. Згора на тоа, бидејќи душите стекнале желба да даваат, тие достигнуваат целосно спојување со Создателот, што претставува совршено, вечно и неограничено насладување, многу поголемо од примањето на Светлината.
9. Сега е полесно да се сфати кажаното во книгата „Зохар”, дека сите светови, вишите и нижите, и сè што се наоѓа внатре во нив, се создадени само заради човекот. Сите овие скалила се создадени само за да се доведат душите кон совршенството, кон тој степен на спојување со Создателот, кој отсутствува во нив од моментот на замислата на суштеството. Во почетокот на творението се формирале скалилата на петте светови од Создателот до нашиот материјален свет, за да се смести душата во материјалното тело на нашиот свет. Материјално тело во нашиот свет се нарекува желбата за примање, без ништо да се даде за возврат. Токму тоа е конечната форма на желбата за самонасладување. Затоа човекот, кој се наоѓа во нашиот свет, според своите особини е апсолутно спротивен на Создателот.
Занимавајќи се со кабала, човекот постепено почнува да стекнува особина на давање, и соодветно на тоа да се искачува одоздола нагоре, добивајќи ги особините на скалилата, што слегуваат одозгора надолу, и се одликуваат со особината на давање, сè до давање без какво било примање за возврат за себе. Како резултат на тоа, човекот целосно се спојува со Создателот, т.е. ја достигнува состојбата, за која бил создаден. Токму затоа сите светови биле создадени заради човекот.
10. Сега, откога го сфативме сето ова, може да ја изучуваме кабала без стравувања, дека на некој начин ќе го материјализираме духовното. Почетниците во изучувањето на кабалата се збунуваат, бидејќи од една страна се вели дека сите 10 сефирот и парцуфим, почнувајќи од светот Ацилут и сè до 10 сефирот на светот Асија се манифестирања на Создателот и духовност, т.е. всушност се самиот Создател. А од друга страна е речено, дека сите овие светови биле создадени како резултат на скратувањето. Како тогаш можеме да тврдиме, дека сефирот, кои се однесуваат на Создателот, се појавиле после скратувањето? Освен тоа, како треба да се перцепираат такви поими како вредности, бројки, врв, дно, подем, слегување, духовни спојувања, поделби и т.н. Како сето тоа може да говори за Создателот, за совршеното? Затоа што е речено: „Јас не ги менувам Своите дејства, секаде сум само Јас, Еден, непроменлив Создател”. Како тогаш говориме за тоа, дека во духовното постојат некои промени, скратувања, како може да се говори за промени во совршеното, бидејќи секоја промена укажува на несовршенство?
11. Од сè што е кажано горе, можеме да донесеме заклучок, дека сите овие светови, парцуфим, и сите процеси што се случуваат во нив (подеми, слегувања, скратувања и т.н.) – сето тоа се внатрешните садови (келим) за примање на човекот, особини на неговата душа. Односно сè, за што ние читаме во кабалата се одвива внатре во душата на човекот, и сето тоа се дели на два типа: она, што се случува во замислата, и она што се случува во дејството. Аналогно на тоа, како кога човекот гради куќа – завршницата на неговото дејство е веќе утврдена во почетокот на замислата. Сликата на куќа, самиот поим „дом”, што постои во мислите на човекот, апсолутно не личи на вистински дом, бидејќи домот, кој постои сега засега само во замислата, се состои од „материјалот” на неговите мисли. Како што започнува изградбата на домот, замислата добива други квалитети, други особини, тој постепено се материјализира, претворајќи се во градба од дрво и камен.
Мислата сè повеќе се конкретизира, се заоблува, сè додека не дојде до својот конечен облик, отелотворена во материјализирана идеја - дом. Исто така и во душите неопходно е да разликуваме два дела: замисла и дејство. Состојбата на душите во светот на Бесконечноста, т.е. кога тие сè уште не се одделени од Создателот, кога скратувањата уште не се случиле, кога се споени со замислата на создавањето, се нарекува „души во замислата на суштеството”. Во замислата на создавањето, овие души се наоѓаат во Создателот, без каква било разлика меѓу Него и тие души. Таквата состојба се нарекува Свет на Бесконечноста. Слична состојба продолжува и во световите Адам Кадмон и Ацилут. Состојбата пак, кога душите се одделуваат од Создателот, се нарекува „души во дејството на суштеството”, ова одделување се случува на нивото на светот Брија.
Првото скратување е извршено токму на оваа централна точка, т.е. на таа нејзина особина и во таа мера, во која таа претставува замисла во однос на идните души. Во однос на Создателот нема никакво скратување во оваа точка - само во однос на оние души, кои излегуваат од оваа централна точка. Сите овие келим, сефирот и светови, сè до светот Брија, кои поради ударното соединување слегуваат надолу од оваа централна точка, и се нарекуваат Одразена Светлина - сите тие се сметаат за замисла на суштеството, без нивно одвојување во самостојни души. Но промените, кои веќе постојат во замислата, потоа се реализираат во дејство, во процесот на слегувањето на душите од светот Брија надолу, а до светот Брија тие сè уште се неодделиви од особините на Создателот.
12. На пример, во нашиот свет човекот може да се крие од љубопитните, користејќи за тоа секакви начини, така што никој нема да го види, но не може да се скрие од себеси. Така и десетте сефирот, кои ние ги нарекуваме Кетер, Хохма, Бина, Хесед, Гвура, Тиферет, Нецах, Ход, Јесод, Малхут, - тоа се само десет завеси, зад кои се крие светот на Бесконечноста, а душите во иднина ќе треба да примат во таа мера, во која овие десет сефирот им мерат од Бесконечноста. Душите стекнуваат особини на Светлината зависно од тоа, колку Светлина примаат и од кое скалило од десетте сефирот, и исто така зад која од „з” се наоѓавесите“ се наоѓаат. Но самата Светлина внатре во десетте сефирот е апсолутно единствена и непроменлива на сите скалила на сите светови, додека душите пак, кои ја примаат оваа Светлина, се делат на десет скалила, соодветни на особините на имињата на овие скалила. Но сите овие прикривачки екрани, за кои сега говориме, дејствуваат само во светот Брија и подолу, бидејќи само во тие три света: Брија, Јецира, Асија, - се наоѓаат душите, кои ја примаат оваа Светлина.
Во световите Адам Кадмон и Ацилут душите постојат само во замислата, таму тие не се одделени од Создателот. И затоа десетте „завеси” дејствуваат само во десетте сефирот, кои се наоѓаат во трите светови – Брија, Јецира, Асија. Односно, нема апсолутно никаква разлика меѓу сефирот и Создателот, како до пред сите скратувања. Разликата е само во келим, од кои овие десет сефирот се составени. Во световите Адам Кадмон и Ацилут нема уште во доволна мера манифестирање на власта на десетте сефирот, бидејќи овие десет сефирот се наоѓаат таму во замислата. Само во световите Брија, Јецира, Асија, келим на десетте сефирот почнуваат да ја манифестираат својата прикривачка сила.
13. Но се појавува прашање: ако во световите Адам Кадмон и Ацилут уште нема никакво манифестирање на душите, коишто примаат Светлина, тогаш за која намена таму се наоѓаат тие десет сефирот, десет келим, зошто воопшто постојат световите Адам Кадмон и Ацилут, ако таму нема души? Ако овие светови ништо не прикриваат, не задржуваат, тогаш која е нивната улога? А ако ја задржуваат таму својата Светлина во различни степени, тогаш за кого? За ова има два одговори:
а) На таков начин треба да се развиваат сите светови и сефирот;
б) Душите во иднина треба да примат од десетте сефирот, кои се наоѓаат во световите Адам Кадмон и Ацилут, поради подемот на трите светови Брија, Јецира, Асија во светот Ацилут, а потоа – во светот Адам Кадмон, затоа во тие светови мора да постојат претходно подготвени скалила, места, за овие три светови: Брија, Јецира и Асија - да можат таму да се кренат, да се вклучат во нив, и да примат поголемо откривање на Создателот.
14. На таков начин, ние гледаме, дека кога во кабалата се спомнуваат световите, промените, скалилата и т.н., се зборува само во однос на келим, кои на душите им ги мерат состојбите на скривањето, за тие души потоа да можат да примат Светлина од светот на Бесконечноста, соодветно на нивниот подем по скалилата. Сите овие прикривачки завеси влијаат само врз оној, на кој треба да му спроведат Светлина, а не на Оној, што како Извор на Светлината се скрива зад нив, т.е. тие не влијаат врз Создателот.
15. Затоа ние можеме тие сефирот и парцуфим, во секое духовно место, да ги поделиме на три составни дела: суштина на Создателот, келим и Светлина. Ние на ниту еден начин не можеме ниту да го сфатиме Создателот, ниту да го почувствуваме: ниту со чувствата, ниту со разумот – со ништо. А во келим секогаш постојат две спротивни особини, наречени „скривање” и „откривање”. Во почетокот садот го скрива Создателот така, што тие 10 келим, наречени 10 сефирот, претставуваат скалила на скривањето, но кога душите ги примаат своите поправки (секоја својата, согласно со духовните услови, диктирани од десетте сефирот), тие скалила на скривањето се претвораат во скалила на откривањето, на достигнувањето на Создателот. На таков начин, садовите се состојат од две спротивни една на друга особини, и степенот на откривањето, што се наоѓа во самото кли, во човекот, во нашата душа, е иста на степенот на скривањето. И колку повеќе садови – душата е погруба, т.е. колку повеќе го скрива Создателот, колку по егоистична е во процесот на поправката, толку повеќе во неа се открива (по завршувањето на поправката) големата Светлина на Создателот. И затоа излегува, дека овие две спротивни особини – всушност се едно.
Светлината, којашто се наоѓа во сефирот, е мерката на Светлината на Создателот, која душите ја примаат согласно со своите поправени особини, бидејќи сè произлегува од Создателот – и самите келим, и Светлината, која ги исполнува. Така што секогаш има десет светлини во десетте келим, т.е. десет скалила на откривањето, согласно со особините на келим. Ние не можеме да ја разделиме Светлината на Создателот и Самиот Тој. Создателот надвор од кли е апсолутно неосетлив, ние никако не можеме да Го достигнеме Него. Ние го достигнуваме само она, што нам ни доаѓа од Него, она што се „преслекува” во нашите келим, т.е. во нашите особини, составени од десет сефирот. И затоа она, што ние го воспримаме од Создателот, го нарекуваме „Светлина”, но тоа е субјективно чувство внатре во поправените особини на нашите души.
Тоа беше во време на војната, во деновите на ужасниот масакр, и јас молев и плачев цела ноќ со голем плач. Дојде зората, и луѓето од целиот свет беа небаре собрани во едно пред мојот внатрешен поглед, и еден човек лебдееше над нив, со острицата на својот меч, замавнуваше над нивните глави, и главите летнуваат нагоре, а труповите паѓаат во огромна долина, која стануваше море од коски. И еве глас до мене: „Јас сум Богот семоќен, кој владее со целиот свет во големо милосрдие, протегни ја твојата рака и земи го мечот, зошто сега Ти давам сила и моќ”. Се преслекол во мене духот на Создателот, го земав мечот, и човекот веднаш исчезна, погледнав подобро – го немаше, а мечот е во моја власт, за моите сопствени освојувања.
И ми рече Бог: „Насочи ги своите чекорите и оди од твоето родно место во прекрасната земја, во земјата на светите прататковци, и ќе Те направам таму голем и моќен мудрец, да бидат благословени со тебе сите големи Земји, зошто тебе Те избрав за праведник и мудрец во целото ова поколение, да ја излечиш човечката несреќа со надежен спас. А мечот овој, земи го во својата рака и чувај го со целата твоја душа и моќ, зошто тој е сведоштво меѓу Мене и тебе, дека сите овие добри дела ќе бидат од тебе остварени, бидејќи досега Сум немал толку посветен, меѓу луѓето, како тебе, за да можам Јас да му го предадам овој меч, и затоа уништувачите го направиле она што го направиле. Но, отсега секој уништувач, кој ќе го види Мојот меч во твојата рака, веднаш ќе исчезне и ќе биде избришан од земјата”. Го сокрив јас лицето свое зошто се плашев да погледнам во правецот на Оној, кој што ми зборуваше. Мечот пак, што на прв поглед се чинеше како обичен железен меч, многу оштетен, одеднаш во моите раце се претвори во сјајни букви на светото име: Бог е семоќен, ја исполнува Светлината со блесок и сјај. Со спокој, тишина и увереност – целиот свет.
И му рече гласот на моето срце: „Кој ќе го пренесе и ќе добие за сите поколенија на светот од чистата капка на овој меч, за да ја спознаат Божјата убавина на земјата”. Ги кренав своите очи, и ете, Бог, кој стои пред мене, ми вели:„Јас сум Бог, Бог на твоите татковци, погледни од местото на кое стоиш пред Мене, и види сè што постои, создадено е од Мене од Ништо, Вишите и нижите заедно, пред нивното излегување во постоењето, во текот на целото време и редоследот на нивниот развој, сè додека не стигнат до крајот на својата работа како што е редот, за да го слават делото на Моите раце”. Ги видов, и многу се израдував за прекрасното создание и целото насладување и изобилство што го исполнува, со кое се насладуваат сите, кои што се појавуваат на оваа земја, и вознесов ода на Создателот.
Тогаш се обратив на Бога: „Пред Тебе ќе работиме во страв и трепет, и Името Твое ќе го славиме вечно, зошто не произлегува од Тебе лошо и добро, туку само низа на насладувања, подготвени пред нас, од нашиот почеток, сè до крајот. Колку се среќни тие, што напредуваат по Твоите светови, што Си им ги подготвил за задоволство, блаженство и целосна среќа. Нема неправда, недостаток и неправилност во сите дела на Твоите раце, во сето вишо и нижо заедно”.
И се наполнив јас со прекрасна мудрост, а во коренот на сè е мудроста на Неговото лично провидение. Така напредував, и ја зголемував мудроста секојдневно, многу денови, сто и осумдесет дена. Тие денови решив да посветам молитва на Создателот, за да речам: „Ете, се наполнив со мудрост повеќе од сите досега, и нема ништо во светот, што би било над моето сфаќање, но воопшто не ги разбирам зборовите на пророците и мудреците Божји, исто и повеќето од Имињата свети не ги сфатив”. И се замислив: „Бог ми вети мудрост и знаења, дека ќе бидам чудесен пример меѓу мудреците и сите суштества, а јас дури и сега не ги разбирам нивните беседи”. Но пред да се обратам, ете Бог стои над мене и вели: „Твојата мудрост и достигнување се многу повисоко од сите мудеци, кои досега постоеле на земјава, и што не Сум ти дал од она за кое што си Ме молел? Што ти е потребно да го растажуваш твојот дух со разбирање на пророштвата? И не се задоволуваш со нив, затоа што нивните зборови се кажани од такво достигнување, кое не е толку значајно во споредба со твоето. Можеби ќе посакаш да те спуштам од твоето ниво и тогаш ќе можеш да сфатиш сè што е речено од нив во целост?” Замолчив и се израдував во голема гордост, и не одговорив ништо. Потоа Го прашав Бога: „Досега не сум слушнал ништо за постоењето на своето тело, а сè што е најдобро и предодредено, ми дошло само од духовното, и сè кон него се насочува. Но ако е така, што ќе биде, ако заради некоја болест или телесен недостаток, мојот ум се збуни и згрешам пред Тебе, дали ќе ме оддалечиш од Ликот Твој, дали ќе го земеш сето добро, или ќе ме казниш?”
И ми се заколна Бог (Ете веќе си стигнал до конечната цел, и сите твои гревови Сум ги простил, и милоста оваа...) со Името свое Големо и Страшно и со Тронот Свој Вечен, дека навек, згрешили или не, нема да се намали милоста Негова кон мене, милоста Негова и светоста Негова нема да ме напуштат никогаш. Го слушнав тоа и многу се израдував. И во исполнувањето на тие денови внимавав со огромно внимание на сите задачи и уверувања, што ги добив од Бога, но не најдов во нив задоволителна јасност и јазик, на кој би можел да му зборувам на човештвото и да го насочам кон стремежот, што јас го спознав, стремежот кон Создателот. И не можев да се воздржам, да шетам меѓу луѓето сосема испразнети, кои лошо зборуваат за Создателот и Неговата творба, а јас, исполнет и со пофалби за Него, одам и се радувам, и небаре им се потсмевам на тие несреќници.
И ме трогна сето тоа до длабочините на моето срце. Тогаш во своето срце одлучив: „Нека биде што ќе биде, па дури и да се спуштам од скалилото на своето ниво, морам да го искажам тоа во голема молитва кон Создателот, за да ми даде достигнувања и знаења, пророшки зборови, мудрост и јазик, за да му помогнам на несреќното човештво, да ги кренам до степенот на мудроста и насладувањето, сличен на мојот”. И без оглед на сето она што тогаш го знаев, дека не смеам да го растажувам својот дух, сепак не се воздржав и ја отворив душата и кажав молитва. Тоа беше наутро: се загледав и Го видов седнат во небесата. Ми се потсмеваше мене и на моите зборови, и ми рече: „Што гледаш?”
Реков: „Гледам двајца луѓе кои заедно се борат, едниот е мудар и совршен во целата големина на своите сили, додека вториот е мал и глупав, како новороденче. Но вториот, несвесен, мал и слаб, го фрла апсолутно совршениот и силниот”. И ми рече Бог: „Ова новороденче ќе стане Велик”. Ја отвори устата новороденчето и почна да ми кажува некои зборови, за мене воопшто непознати. Меѓутоа, јас во нив го почувствував целото богатство на мудроста и пророштвото, прифатено меѓу вистинските пророци, сè дури не сфатив – зошто ми одговорил Создателот на молбата, и ме направил подобен меѓу сите Божји пророци и мудреци. И ми рече Бог: „Застани на нозе и погледни во правецот на древниот исток”. Јас ги кренав очите и видов, дека бебето што ползеше во еден миг порасна и се израмни по големина на растот со големиот. Но и сега му недостасуваа свест и ум, како и претходно. И многу се зачудив.
Потоа следеше гласот Божји и зборови кон мене: „Легни на десна страна”. И јас легнав на земјата, а Тој ми рече: „Што гледаш?”. Јас одговорив: „Гледам народи на светот кои во голем број се возвишуваат и исчезнуваат”. И ми вели Бог: „Ако можеш да им дадеш облик на сите народи, и да го разгориш животниот дух во нив, ќе те доведам во земјата, за која се заколнав на твоите прататковци да ти ја дадам тебе, и сè што е предодредено од Мене – преку тебе ќе се оствари!”
Јехуда Ашлаг – Баал ХаСулам
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|