Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Предговор кон книгата „Плодови на мудроста. Писма“

Разликуваме многу нивоа и разлики во световите, но потребно е да знаеме кога станува збор за нивоата и разликите, дека се мисли само во однос на оние кои примаат од тие светови, согласно правилото: „Она што не се достигнува, не може да се изрази“. Причината е што името го изразува достигнувањето. Човекот дава име после достигнувањето на објектот и согласно тоа достигнување. Затоа кај сè што постои во однос на духовното достигнување се изделуваат три разлики:

1) Ацмуто (суштина) – за ова воопшто и не зборуваме, бидејќи коренот и изворот на созданието започнува од Замислата на Создавањето, каде што тие се вклучени како „завршување на дејствието – во почетната замисла“.

2) Бесконечност – тоа е суштина на Замислата за Создавањето, која се состои во тоа „да им се даде на созданијата насладување, наречено Бесконечност“ (бесконечно насладување), а тоа е врската меѓу Вишата Сила и душите. Ние ја разбираме како желба да се насладат созданијата. Бесконечноста е почетокот на дејствијата и се нарекува Светлина без сад, меѓутоа таму започнува изворот на созданијата, односно врската на Создателот со созданијата, наречена желба да се насладат созданијата. Оваа желба започнува од светот на Бесконечноста и се спушта до светот Асија.

3) Души – тоа се оние кои примаат наслада, кои се наоѓаат во желбата на Создателот да им даде наслада.

Бесконечноста се нарекува така бидејќи врската која постои меѓу нашата желба и душите ние ја сфаќаме како желба да се насладат созданијата. Освен оваа врска меѓу нашата желба за наслада и желбата на Создателот да нè наслади, ние немаме никаква можност ништо да истражуваме, да почувствуваме или нешто да објаснуваме за нашето постоење. Таму се раѓа дејството, а таа врска се нарекува „Светлина надвор од кли“. Таму се наоѓа и коренот на созданието, односно врската која постои меѓу Создателот и созданијата, наречена „желба да се насладат созданијата“. Оваа желба започнува од светот на Бесконечноста и продолжува до светот Асија, а сите светови се определуваат како Светлина без кли, сад, во однос на себе. Нема можност тоа да се разгледува, затоа што без душите световите се определуваат како Ацмуто. Тие не треба да се достигнуваат ако не одговараат со душите кои ги достигнуваат, а огромниот број детали кои ги разликуваме во световите, во нив постојат во форма на потенцијални сили. Кога ќе се појават душите, во нив се откриваат сите тие детали. Душите добиваат Виши Светлини според степенот на своето поправање и подготвеност, па тогаш тие детали се појавуваат во дејствијата, а додека душите не ја достигнат Вишата Светлина, световите во однос на самите себе се определуваат како Ацмуто.

А во однос на душите кои примаат од световите, световите се определуваат како Бесконечност, затоа што врската која постои меѓу световите и душите, односно она што им го даваат на душите, произлегува од Замислата за созданијата, која пак го претставува односот на Ацмуто кон душите. И оваа врска се нарекува Бесконечност, а кога се молиме и бараме од Создателот помош да ни го даде она што ни треба, тогаш Бесконечноста, каде што се наоѓа коренот на сите души, ја разбираме како состојба со која што Тој сака да нè наслади бидејќи Неговата цел е да ги наслади созданијата. Молитвата се насочува кон Создателот кој нè создал нас, чие што име е „Желба да ги наслади созданијата“. И Тој се нарекува „Бесконечност“, затоа што тоа е ниво над скратувањето. Но, дури и после скратувањето, Цимцум, во Него не се случила никаква промена, бидејќи во Светлината нема промени. А Тој секогаш го носи ова име.

Додека пак, сите имиња постојат само во однос на оние кои примаат. Затоа првото име, кое се открива како корен на созданието, се нарекува Бесконечност. Откривањето на ова име останува без никакви промени, а сите скратувања, сокривања, промени, се случуваат само во однос на оние кои примаат. Додека пак, Тој постојано свети во Своето ПрвоИиме и се нарекува „Желба бесконечно да ги насладува своите созданија“. Затоа ние Му се молиме на Создателот, наречен „Бесконечност“, кој свети без скратување и без крај, а она што се појавува потоа како крај – тоа се поправањата во однос на оние кои примаат, за да можат да добијат Светлина.

Вишата Светлина се состои од две компоненти: оној кој достигнува и она што се достигнува. Сè што зборуваме за Вишата Светлина се само впечатоци на оној кој достигнува од она што се достигнува. Меѓутоа, секое посебно, односно посебно оној кој достигнува и она што се достигнува, не се нарекува „Бесконечност“. Она што се достигнува се нарекува Ацмуто, а оној кој достигнува се нарекува „душа“, ново, дел од заедничкото. Новото во оној кој достигнува е тоа што во него е создадена желба за примање. Од тоа созданието се нарекува „создадено од ништо“.

Во однос на самите себе, сите светови се определуваат како една целина во која нема промени, како што е речено: „Јас своите дијствија не ги менувам“. Во Создателот нема сфирот и детали. Дури и највозвишените називи не ја означуваат Светлината, затоа што таа всушност е Ацмуто, она што не се достигнува. Додека пак, сите сфирот и деталите кои го опишуваат тоа што е во нив, всушност е она што го достигнува човекот во нив, затоа што така посакал Создателот – и ние да го достигнеме и да го разбереме изобилието кое се спушта, како Негова желба да ги наслади созданијата. За да можеме да ја достигнеме желбата на Создателот да ги наслади созданијата, Тој создал и ни дал органи за чувствување, кои ги достигнуваат своите впечатоци од Вишата Светлина. Во таа мерка ние сме добиле можност да ги чувствуваме различните нијанси. Заедничкиот орган се нарекува желба за примање и тој се дели на многу делови, според тоа што се подготвени да примат оние кои даваат. Во тој сооднос се појавуваат многу разлики, наречено „подем“, „пад“, „спуштање“, „ширење“, „губење“ итн. Бидејќи желбата за примање се нарекува „создание“, „новосозадено“, тогаш токму со појавата на оваа желба може да се зборува за универзумот.

„Да се зборува“ значи да се определуваат деталите на впечатоците, затоа што веќе постојат заеднички односи меѓу Вишата Светлина и желбата за примање. Тоа се нарекува Светлина и кли. Меѓутоа, за Светлината надвор од кли не треба „да се зборува“, како што е речено погоре, бидејќи Светлината која не ја достигнуваат оние кои примаат, се определува како Ацмуто, за кој е забрането „да се зборува“, затоа што Тој не е даден да се достигне. Тогаш како може да му се даде име на нешто што ние не го достигнуваме? Така, молитвата, со која што Му се обраќаме на Создателот за да ни испрати спасение, излекување и др., содржи две компоненти:

1) Создател. Тоа спаѓа во Ацмуто – она, како што е речено погоре, за што е забрането да се зборува.

2) Она што се спушта од Него. Тоа се определува како Светлина која се распространува во нашите садови, келим, односно внатре во нашата желба за примање, и се нарекува Бесконечност. Тоа е врската која ја има кај Создателот со созданијата во однос на Неговата желба да ги наслади созданијата. Желбата за примање пак, се определува како Светлина која се шири и која во својот крај ја достигнува желбата за примање.

Кога желбата за примање ќе ја добие Светлината која се шири, тогаш таа Светлина се нарекува „Бесконечност“. Таа доаѓа кај оној кој ја прима со помош на многу сокривања, за да може понискиот да ја прими. Забележуваме дека сите детали и разлики се создаваат токму во оној кој прима, во однос и согласно неговите впечатоци и чувства. Но, во искажаното треба да се разликува: кога станува збор за световите, се мисли на нивниот потенцијал, а кога оној кој прима ќе ги достигне тие разлики, тие се остваруваат во дејствието. Духовно достигнување е кога оној кој достигнува и она што се достигнува се соединуваат, бидејќи ако го нема оној кој достигнува, тогаш нема ни што да се достигне затоа што го нема оној кој би можел да го определи видот на она што се достигнува. Од таа причина ова се определува како Ацмуто и таму нема простор за зборови, бидејќи како може да се каже дека она што се достигнува добива некаква форма во однос на самото себе?

Ние можеме да зборуваме само за местото во кое нашите сетила добиваат чувства од Светлината која се распространува, која е желбата на Создателот да ги наслади созданијата и која доаѓа кај оној кој прима во дејствијата. Ова е слично на тоа како гледаме на една маса. Нашите сетила ја чувствуваат како тврда работа, а исто така и ги определуваат нејзините мерки. Но, тоа не значи дека масата ќе изгледа исто кај некој што има поинакви сетила, на пример, во очите на ангел – тој кога ја гледа масата, ја гледа во согласност со своите сетила. Ние не можеме да кажеме ништо за тоа како масата изгледа за ангелот, затоа што ги немаме неговите сетила. Одовде може да се каже дека од причина што ние немаме достигнување во Создателот, не можеме да кажеме каква форма имаат световите во однос на Него. Ние ги достигнуваме само во однос на нашите сетила и чувства. Таква е желбата на Создателот, за да Го достигнеме и Него на тој начин.

Во ова се крие и смислата на реченото: „Во Светлината нема промени“. Сите промени доаѓаат само во келим, односно во нашите сетила и ние определуваме сè согласно нашите претстави. Од ова треба да се сфати дека кога многу луѓе гледаат на еден духовен објект, секој го достигнува него согласно својата претстава и чувство. Затоа секој гледа поинакви својства. Така и во самиот човек својствата се менуваат во зависност од неговите подеми и падови. А Светлината, како што е речено и погоре, е едноставна и сите промени се само кај оние кои ја примаат.

 

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели