Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Вовед во изучувањето на Десетте Сефирот, Т. 101-110

101.) Запишано е дека Создателот се притаил Себеси во Тора. Во однос на маките и болките, кои некој ги искусува за време на притаеноста на Ликот, оној кој поседува помалку гревови и применувал малку Тора и Мицвот не е како некој кој силно се вклучува во Тора и добри дела. Првиот од нив, е најдобро подготвен да го оправда својот Владетел, односно да сфати, дека тие страдања му се дојдени заради прекршувањето и омаловажувањето на Тората од негова страна. За разлика од првиот, на вториот му е потешко да го оправда својот Владетел, бидејќи според негово мислење, тој не заслужил такви тешки казни. Тој гледа дека неговите пријатели, кои се полоши од него, не страдаат толку. Но запишано е:„Злобните секогаш во леснотија го зголемуваат богатството,“ и исто така, „залудно го чистев срцето.“ Така, сè додека некој не се стекне со сознанието дека е дојден на овој свет само за да го достигне откровението на Ликот, изобилието од Тора и Мицвот, нему притаеноста на Ликот му е многу потешка. Ова е значењето на „Создателот се притаил Себеси во Тора.“ Навистина, сета тешкотија која тој ја чувствува преку Тора е само објава со која Светата Тора го повикува, го буди за да побрза и да ја даде потребната мерка на работа, и веднаш да го обдари со откровението на Ликот, како Бог што сака.

102.) Затоа е запишано дека сите оние кои учат Тора за ло Лишма, нивната Тора за нив станува смрттоносна напивка. Не само што не достигнуваат откровение на Ликот, бидејќи тие не го насочиле умот кон работата за да го достигнат тоа, туку знаењата од Тора, кои тие ги акумулираат, ја зглемува притаеноста на Ликот. Конечно, тие паѓаат во двојната притаеност – притаеност во притаеността, што се смета за смрт, целосно одделени од коренот. Така, нивната Тора за нив станала смрттоносна напивка.

103.) Ова ги дава двете имиња на Тора: „откриена“ и „скриена.“ Ние треба да разбереме зошто ни е потребна скриената Тора, и зошто целата Тора не е откриена? Навистина, овде има многу силна намера. Скриената Тора се однесува на тоа дека Создателот се крие во неа. Затоа, кабалистите рекле, и истото тоа го пронаоѓаме и во молитвеникот на Вилна гаон (ГРА), дека достигнувањето на Тора започнува со притаеност и завршува со откровение. Ова значи дека преку соодветна работа, каде што некој прво навлегува во Тора на скриеното, тој подоцна е награден со открената Тора, буквалното. Така, секој треба да започне со скриеното, наречено Сод (тајна), и кога е награден, тој завршува со буквалното.

104.) Беше јасно објаснето како е можно да се достигнат првите степени на љубовта, што претставуваат условна љубов. Ние дознавме дека и ако не постои награда за Мицва во овој свет, достигнувањето на наградата од Мицва постои во Вишиот живот. Тоа доаѓа до човека како отворање на очите во Тора. И ова јасно достигнување е целосно слично со примање на моменталната награда за Мицва. Така, тој ја чувствува прекрасната корист која се содржи во Мислата на Создавањето, а таа е да ги насладува Неговите суштества со Неговата добра и дарежлива рака. Заради изобилието на корист, кое некој го стекнува, помеѓу човекот и Создателот се појавува чудесна љубов. Таа постојано му истура на човека со истите начини и канали преку кои се појавила природната љубов.

105.) Но, сево ова доаѓа само од моментот кога човекот започнува да достигнува па натаму. Сепак, човек не сака да ги помни сите маќи кои биле предизвикани од Промислата во притаеност на Ликот, кои ги страдал пред да се стекне со гореспоменатото разоткривање на Ликот, бидејќи „Љубовта ги покрива сите престапи.“ Тоа се смета за голема мана, дури и во љубовта помеѓу луѓето, а уште повеќе во однос на вистинитоста на Неговата Промисла, бидејќи Тој е Добар кој прави добро и на добрите и на лошите. Затоа, ние мораме да разбереме како може некој да се стекне со Неговтата љубов на таков начин што ќе чувствува и ќе знае дека Создателот секогаш му правел добро, од денот кога е роден па натаму;  дека Тој никогаш, дури ниту малку, не му наштетил, што претставува вториот начин на љубов.

106.) Да се разбере тоа, нам ни се потребни зборовите на нашите мудреци. Тие рекле: „Оној кој се покајува од љубов, неговите гревови стануваат доблести.“ Во тој случај, не само што Создателот му ги простил неговите гревови, туку секој негов грев и престап се претворени во Мицва од страна на Создателот.

107.) Така, откако некој се стекнува со просветлување на ликот во таква мерка така што секој грев, дури и тие намерните, се преобразени во Мицва, и тој се радува со сите маќи и страдања кои ги  поминал уште од времето кога бил во двете распознавања на притаеност на ликот. Токму тие му ги донеле сите овие гревови, кои сега станале Мицва, со помош на достигнувањето на Неговото лице, кое прави чуда. И секоја тага и неволја кои го ваделе од ум, и каде што тој грешил, како  во првото притајување; или не успеал во гревовите, како во двојното притајување, сега станале причина и подготовка за одржување на Мицва и примање на вечната и прекрасна награда за тоа. Затоа, секоја тага за него се преобразила во голема радост и секое зло во прекрасно добро.

108.) Ова е слично со добропознатата приказна за евреин кој бил куќен сметководител кај земјопоседник. Земјопоседникот многу го сакал. Еднаш, земјопоседникот заминал, и го оставил поседот и работата на неговиот заменик, кој бил антисемитски настроен. Што направил тој? Тој го удрил пет пати пред сите, за целосно да го понижи. Откако се вратил земјопоседникот, евреинот отишол при него и му раскажал што се случило. Неговиот гнев пламнал, и тој го повикал заменикот и му заповедал да му даде на евреинот илјада монети за секој пат што го удрил. Евреинот ги зел и заминал дома. Неговата жена го затекнала како плаче. Таа го прашала нетрпеливо, „што се случило со тебе и земјопоседникот? Тој ја раскажал случката. Таа прашала: „Но зошто плачеш?“ Тој одговорил: “јас плачам затоа што ме удри само пет пати. Требаше да ме удри барем десет пати, така сега ќе имав десет илјади монети.“

109.) Откако некој е награден со покајание на гревовите на начин на кој неговите гревови станале доблести, тогаш тој е наградена со достигнување на вториот степен на љубов кон Создателот, каде што тој што одлучува никогаш да не му предизвика штета на саканиот. Сега, Тој му прави чудесно и изобилно добро, секогаш и засекогаш, каде покајанието од љубов и гревовите претворени во заслуги, доаѓаат како едно.

110) Досега, ние ги испитавме само првите два степени од условната љубов. Сепак, ние мораме да разбереме како некој е награден со достигнување на двата начини на безусловна љубов кон Создателот. За тоа, треба темелно да разбереме што е запишано (Кидашин стр. 40): „Поединецот треба секогаш да се смета себеси за половина достоен и половина недостоен. Доколку тој изведе една Мицва, тој е среќен, бидејќи тој се ставил себеси на вагата на заслугите. Доколку изведе еден грев, тешко нему, бидејќи тој се ставил себеси на вагата на гревовите. Раби Елазар, син на Раби Шимон, вели: „Бидејќи на светот му се суди според мнозинството, и поедиенецот е суден од мнозинството, ако тој изведе една Мицва, тој е среќен, бидејќи тој се ставил себеси и целиот свет на вагата на заслугите. Доколку изведе еден грев, тешко нему, бидејќи тој се ставил себеси и целиот свет на вагата на гревот.“ Заради овој еден грев, светот и тој изгубиле многу добра.“

        Продолжува: 111 - 120

 

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели