Го прашале: „Дали ти се драги твоите страдања?“. И одговорил: „Ниту тие, ниту наградата за нив. Јас плачам за убавината, фрлена да гние во правот“ (Вавилонски Талмуд).
Најважните страдања се чувствуваат во она што е над знаењата. И колку повеќе страдањата се разминуваат со разумот, толку се посилни. Тоа се нарекува со верба над знаењата и од таквата работа Создателот добива наслада. Излегува дека наградата се состои во тоа што целата таа работа Му причинува задоволство на Создателот.
Меѓутоа, додека човекот не успее да се надмине себеси и да го оправда управувањето на Создателот, до тогаш Шхина останува во прав. Значи, работата според вербата, наречена Света Шхина, се случува во прогон – турната во прав. И за ова тој рекол: „Ниту тие, ниту наградата за нив“, односно не може да ја истрпи таа привремена положба. И на ова одговорил: „За ова, за ова јас плачам“ (Вавилонски Талмуд, Расправа Брахот).