Слушнав на 5-ти Ав, 25-ти јули, 1944 год, за време на свечената вечера, по повод довршувањето на дел од Книгата Зохар
„Работи кои доаѓаат од срце, влегуваат во срцето.“ Но, зошто гледаме дека, дури и ако работата е веќе влезена во срцето, сепак човекот духовно паѓа од неговото ниво?
Работата е во тоа, што кога човекот ги слуша зборовите на Тора од неговиот учител, тој веднаш се согласува со неговиот учител и решава да се придржува до зборовите на неговиот учител со сета неговата душа и срце.
Но подоцна, кога ќе излезе во светот и потпаѓа во друго опкружување тој ги посакува и се заразува од мноштвото желби и мисли кои талкаат по светов. Тогаш и тој и неговиот ум, неговото срце и неговата желба, се поништени пред мнозинството. Сè додека нема моќ да му суди на светот по скала на заслугите, тие го совладуваат него. Тој се меша со нивните желби и е воден како „овца на колење.“ Тој нема избор и присилен е да мисли, посакува, копнее и бара сè што мнозинството бара. Тогаш ги избира нивните страни мисли и нивните одвратни страсти и желби, кои се спротивни на духот на Тора. Во таква состојба тој нема снага да го совлада мнозинството.
Сепак, постои еден совет, а тоа е: да се прилепи за својот учител и до книгите. Тоа се нарекува: „Од устата на книгите и устата на авторите". Само со лојалност кон нив, тој може да ги промени сопствениот ум и желбата на подобро. Никакви разумни расправии нема да му помогнат нему, да го промени умот. Спасот е само во Двекут (Сплотување). Само тоа е чудесниот лек. Само сплотувањето со Создателот може да го преобрази човека.
Само додека е внатре во Кедуша (Световното ), може да се расправа со самиот себе и да си допушти паметни полемики и да бара од умот секогаш да чекори по патот на Создателот. Сепак, треба да знае, дури кога е мудар и сигурен дека тој може да ја користи оваа проникливоста и да ја порази Ситра Ахра (нечистата желба), треба да има на ум дека сето тоа е безвредно. Ова не е вооружување со кое може да се победи војната на желбите и сите идеи се само последица на неговото сплотување со Создателот.
Со други зборови, сите идеи врз кои е заснована неговата градба, кажуваат дека секогаш мора да го следи патот на Создателот, кој е втемелен во сплотувањето со неговиот учител. Но, ако ја изгуби основата, тогаш концептите се немоќни, бидејќи сега ќе остане без основата.
Така, не смее да се поврзе со својот ум, туку да е лојален на книгите и авторите, и да се поврзе со учителот зошто само тоа може да му помогне, а не разумот и интелектот, бидејќи тие се безживотни.
Следна статија бр. 26 „Иднината зависи и е поврзана со благодарност кон минатото“