Слушнав во Сабота, 13-ти Тевет
Човекот духовно се движи напред на две „нозе“, наречени насладување и страдање. Тој постојано се стреми кон насладување, а од страдањето постојано бега и така се движи напред.
Затоа, кога човекот се удостојува да го почувствува вистинскиот вкус на Тора и Заповедите, како што е речено: „Вкусете и ќе видите колку е прекрасен Создателот“, тогаш се стреми кон служење на Создателот. Благодарение на тоа, тој заслужува постојано искачување на сè повисоките нивоа на Тора и Заповедите, како што е речено: „И во Неговата Тора вложувај напори ден и ноќ“ (Псалм 1).
Но, како може човекот да го ограничи својот разум, за да мисли само на едно? Работата е во тоа што желбата за љубов и насладувања ги привлекува мислите на човекот така што неговата глава и тело постојано ќе бидат поврзани со љубов и насладувања, како што се случува и во обичната земска љубов.
Така се случува доколку човекот се удостоил со исполнување со Вишо знаење, од кое се создава љубов. Таа негова состојба се нарекува „внатре во знаењата“, но човекот мора постојано да работи „над знаењата“, затоа што тоа се нарекува „верба и давање“.
Во „внатре во знаењата“ сите чувства се согласни со неговата работа, бидејќи тие исто така добиваат љубов и насладување. Затоа тоа се нарекува „внатре во знаењата“. Тогаш човекот се наоѓа во тешка состојба, се плаши да не ја расипе вербата бидејќи тоа е Светлината на Создателот во него, светење одозгора. Решението е да се поправат двете својства – и вербата и знаењето.
Тогаш тој треба да се проанализира себеси и да осознае: од каде му е сето она што го има достигнато до сега, односно Тора, која тој сега ја достигнал и Светлината која го исполнува? Сето тоа е од причина што тој имал претходна подготовка, која му помогнала да ја прими врз себе „вербата над знаењата“, односно благодарение на напорите за соединување со Создателот, тој се прилепил себеси до Коренот и како последица од тоа, се удостоил со знаења. А знаењето кое го достигнал со верба, му се открило вистински и целосно.
Излегува дека она што во основа ја издига „вербата над знаењата“, исто така го издига и знаењето, затоа што тој се удостоил со откривање на името на Создателот во спуштањето на Светлината кон него.
Затоа тој сега треба уште повеќе да се засили со помош на знаењата и да привлече кон себе „верба над знаењата“ поголема од претходно бидејќи најважно е соединувањето со Коренот, а тоа е возможно само со помош на вербата. Само тоа е неговата основна цел. Тоа се нарекува кабала (примање), односно знаење (даат), кои се прима заради давање на Создателот. Со тоа може да се привлече кон себе „верба над знаењата“ во уште поголем степен – и по количина и по квалитет.