На почетокот Создателот го створил светот со силата на праведноста и судот и видел дека така светот не може да постои затоа што својството на судот припаѓа на Малхут, врз која имало скратување (Цимцум Алеф), а под неа се нечистите желби, додека во деветте први Сфирот (тет ришонот) може без страв да се прима насладување.
Но, невозможно е светот така да постои затоа што Бхина Далет никогаш нема да може да прими поправање бидејќи нејзиното место не смее да се менува. Значи, не треба да се поништува желбата за насладување бидејќи тоа е природата, а неа не можеш да ја промениш. Природата е Вишата Сила и таква била желбата на Создателот – желбата за наслада да достигне совршенство и да не може да се поништи.
Исто и човекот во нашиот свет не е во состојба да ја промени својата природа. Меѓутоа, одозгора му е дадена можност да ја соедини со својството на милосрдие, со желбата за давање: да се прошири ограничувањето кое постои во Малхут на нивото Бина, односно да се направи така како таму да постои забрана за примање. Затоа има уште место за работа – за примање заради давање бидејќи таму не ѝ е местото на Бхина Далет и таа може да се поништи.
Одовде излегува дека Бхина Далет се поправа со тоа што се спушта надолу бидејќи открива дека тоа не било нејзиното место. Тоа го открива човекот со своите напори во учењето и исполнувањето на Заповедите. Тој ја проучува Бхина Далет во Бхина Бет и гледа дека нејзиното место е долу. Тогаш се издигнува зивуг и Светлината се распространува долу. Тогаш и Малхут се издигнува во очите и одново започнува ропството за поправање на желбата за примање. Тоа поправање се случува така што се дава дел на нечистите желби.
Претходно нечистите желби можеле да се одделуваат само од Бхина Далет, од нејзините ограничувања, но не и од Бина. Меѓутоа, сега и Бина се намалила и се измешала со силите на ограничувањата и судот. Всушност се зголемил просторот каде што дејствуваат ограничувањата. Но, благодарение на тој дел сега повторно се појавило место за работа, каде што може да се отфрлат желбите на Малхут бидејќи тоа не е нејзиното вистинско место. Потоа, кога човекот ќе се научи да ги отфрла од местото од каде што може, се создава можност да ги отфрла и од место од каде што порано не можел.
Затоа е речено: „Ја проголта (нечистата) сила и ќе ја поврати“ (Јов). Од причина што се зголемиле границите на нејзиното владеење и таа проголтала огромни сили, самата таа доаѓа до тоа, тие целосно да ја поправат. Во ова се крие смислата на жртвата „јаре за нечистата сила“, кога на нечистотијата и се дава дел за да се оддели од светоста, а потоа ја поправаат на местото кое што и е дадено, а не на нејзиното сопствено место.