Поглед на семејството од нивото на глобалната природа – „Нов живот“ №19, Емисија од 1 февруари 2012 г.
Долготрајно враќање дома
Денес се развива многу сурова криза во економијата, која ќе ни помогне да откриеме, дека со нашиот нескротлив стремеж кон богатство, власт и технички прогрес, ние сами се заплеткавме и се фативме во стапица. Ние се вртиме како верверици во тркалото во кафезот, и мора цело време да произведуваме сè повеќе и повеќе производи, од кои всушност нема никаква реална потреба. А природата, стегајќи нè сите во еден обрач, ни покажува дека треба да почнеме да живееме како едно хармонично семејство, кое има потреба само од она, што е неопходно за нормална егзистенција, и не се потребни никакви луксузи. Односно ние ќе треба да дојдеме до некое разумно, рационално ниво на потрошувачка. Се разбира, на човекот му е потребна облека, храна, здравствени услуги, безбедност, некоја работа. Но тој не мора да трча по рекламата, која заради нечија корист го убедува во неопходноста од илјадници бесмислени работи, секоја минута предлагајќи нешто ново и разгорувајќи го неговиот апетит. Некогаш на таа трка требаше да ѝ дојде крај, и веќе сега почнува да се чувствува како во целиот свет се намалува производството. Како резултат на тоа, голем број луѓе ќе ги изгубат работните места и ќе бидат исфрлени надвор. Бројот на невработени изнесува милиони и постојано расте од ден на ден ширум светот. И оваа тенденција ќе продолжи.
Јас мислам, дека тоа ќе се одрази на кризата во семејството, предизвикувајќи обратен процес. Затоа што жената ќе почне полека да се враќа во домот. Мажот исто ќе поминува дома повеќе време. Нивниот живот ќе стане посреден, ќе заврши оваа луда трка, во која се стремиме да го проголтаме целиот свет. И тогаш ќе видиме, дека ни се враќа желбата да живееме во семејство. Но не како што било порано, туку поизбалансирано и мирно. Човекот ќе се насочи кон својот внатрешен развој! Тој ќе живее во рамнотежа со природата. Пред сè, треба да ја достигнеме рамнотежата меѓу нас, во нашите односи, градејќи добри врски во целото општество. Ние тоа мора да го направиме, во спротивно едноставно нема да опстанеме. Но таа надворешна хармонија ќе нè промени одвнатре, ќе ни даде повеќе спокојство и трпение, и ќе нè научи како и во нашето семејство да изградиме таква поврзаност, „сите престапи да ги покрие љубовта“. Тогаш ќе можеме да станеме потрпеливи еден кон друг и ќе научиме да живееме така, што секој во семејството ќе биде слободен, но истовремено поврзан со сопругот. Во такво семејство ќе посакаме да имаме деца, и ќе научиме како да се однесуваме кон нив, и да им дадеме правилно воспитание во духот на новото човештво.
Можеби тоа сè уште не го сфатиле сите, но стариот свет веќе го заврши своето постоење! А во новиот свет ние нема да добиваме наполнување од трката од место на место, привлечени од парите, власта и модата. Ние ќе почувствуваме каква празнина се крие зад сето тоа, а наполнувањето се наоѓа на повисоко, посовршено, возвишено ниво, кое ни дава чувство на виша хармонија. Ние ќе почнеме повеќе да ја чувствуваме внатрешната реалност, хармонијата која постои во природата – и сè благодарение на нашето соединување со другите, во заемна грижа и заемна гаранција. Никој од нас сè уште не почувствувал вистинско наполнување! Зарем некогаш можевме да се наполниме во оваа трка за богатство, слава, власт, знаења? Дали некогаш имало момент, кога си застанал и си рекол: „Ете сега сум среќен, и не ми треба ништо повеќе!“. Така не било никогаш. Ние само трчаме и трчаме без престан, но не можеме да се наполниме.
А сега ни претстои искачување на друго ниво на постоење, и разјаснување: од што може да се наслади човекот, со што тој може да се наполни? Ние ќе се наполнуваме од тоа што достигнавме правилни меѓусебни односи, бидејќи внатре во таа правилна поврзаност и интеграција, ќе ни се открие совршенството на природата. Тоа е чувство на љубов, досега непознато за нас. Јас ќе се насладувам со својот добар однос кон другиот, со својата љубов кон него, со желбата да му давам. И ако секој на таков начин се однесува кон другите, тогаш сите ќе се наполнат со тоа чувство на љубов. За тоа ќе треба само малку: само да научиме како тоа да го направиме! Ние имаме сè што ни е потребно: методика и систем на интегралното образование, способен да го обучи секого. Тоа е древна методика, која постои веќе илјадници години, но таа се открива сега, бидејќи светот дојде до таква граница, кога тоа за него станало езгистенцијална потреба.
Поглед на семејството од нивото на глобалната природа
Денес среќата на човекот зависи од неговите односи со опкружувањето, од тоа, дали тој ќе го пронајде своето вистинско место во општеството. И затоа ние гледаме, дека постепено човекот излегува од малата семејна клетка. Порано целиот живот бил поврзан со семејството, не само на жените, туку и на мажите. Мажот наутро одел во некоја фабрика, за да се врати навечер кај жената, децата, помошното домаќинство – и околу тоа се вртел целиот живот. Но еднаш таа селска идила заврши. Ние излеговме од домот во белиот свет, почнавме да патуваме, да го запознаваме светот. Од друга страна, пак, благодарение на современите средства за комуникација, тој свет почнал да влегува директно кај нас во домот. На крајот, сите ние се најдовме поврзани со индустриски, економски, финансиски односи. Кругот се затворил, и сите ние, и мажите и жените, мора меѓусебно да се соединиме, и преку таа поврзаност да се вратиме кон семејната поврзаност, но веќе на ново ниво. За таа намена секој треба да научи: каде живееме, во каква состојба, во каков свет, зошто во светот се одвиваат такви процеси, и што треба да правиме. Во каква форма природата нè движи напред, без да ни даде можност да се спротивставиме? И тогаш ние гледаме, дека треба да воспоставиме потесни врски: преку медиумите, специјалното образование. На крајот, ние повторно ќе се вратиме дома – слободни и независни, некогаш претходно излезени во јавноста, ослободени од домот и семејството, со целосно прекинати семејни врски. Ние повторно ќе се вратиме на поспокоен, поизбалансиран живот и меѓусебна поврзаност, но во друга форма. Секој од нас ќе остане слободен, и тргнувајќи од таа слобода и сфаќањето, визијата за иднината, ќе воспоставиме поврзаност: на сите луѓе на Земјата, и внатре во секое семејство. Човекот одеднаш ќе види, дека семејството има смисла, големи предности, и дека е подобро да се живее во семејство. И тогаш тој ќе најде сопатничка, блиска по новиот дух, кој тој го стекнал благодарение на интегралното образование, и повторно ќе изгради семејство. Ние ќе почнеме да сфаќаме, што значи поврзување над сите разлики меѓу нас. Моравме да научиме да воспоставуваме врски меѓу сите земји, сите народи, чувствувајќи заемна зависност. И со исто сфаќање јас сега се однесувам со жената, која ја одбрав за сопатничка. Јас гледам, дека ние меѓусебно се разликуваме, но треба со тоа да се помирам. Ние веќе добивме соодветно образование и знаеме како да создадеме поврзаност над сите разлики. Затоа ние градиме сосема поинакво семејство: потолерантно, во кое двајцата сфаќаат зошто ни е потребно семејство, и како тоа треба да изгледа.
Ние поминуваме преку некој преоден, матен период, и повторно се враќаме во семејството, но веќе врз основа на знаењето, дека сите престапи ги покрива љубовта. Небаре инсталираме нова програма, го рестартираме компјутерот, и почнуваме да работиме на нов начин! Тогаш ќе почувствуваме огромна добивка од раѓањето и воспитувањето на деца. Таа нема да биде материјална, туку духовна, бидејќи со тоа јас се продолжувам себеси – јас ќе почувствувам дека мојот духовен, внатрешен дел живее внатре во децата. Со соединувањето со целиот свет, ќе почувствуваме дека внатре во тие врски меѓу нас дејствуваат нови сили. Ќе ја почувствуваме следната димензија – заедничкото поле на поврзаноста, љубовта, мрежа, која функционира над времето и просторот, поврзувајќи нè внатрешно, наместо телесно. Тоа не е поврзаност на физички тела, туку соединување на желбите, душите. Тогаш ќе почувствувам дека децата, кои ги воспитувам, подготвувајќи ги за вклучување во истата заедничка мрежа, со тоа го продолжуваат мојот пат. Ќе се однесувам кон нив, како кон дејства на мојата душа, раѓајќи и воспитувајќи ги духовно. Откога ќе го поминат брзиот физички развој, неопходен на материјалното тело – да речеме, до 5-6 години, тие ќе почнат да добиваат духовно воспитание, обучувајќи се на внатрешна поврзаност со сите.
Јас ќе почувствувам, дека испраќајќи ги да се соединуваат со целиот свет, со тоа ја продолжувам својата душа. Тоа е контакт, кој постои над животот и смртта. Ние ќе почувствуваме како егзистираме во друга димензија – на ниво на вечната и совршена природа. Ние воопшто ќе престанеме да го чувствуваме материјалниот живот и смртта. Бидејќи со вклучувањето во заедничката мрежа на нашата меѓусебна поврзаност, ние се исклучуваме од чувствувањето на нашите тела. Јас почнувам да ги чувствувам другите, сите кои се наоѓаат надвор од мене, а потоа само нив, живејќи во нив. До тој степен, што јас воопшто не чувствувам, дека моето тело ми припаѓа мене. Внатре во човекот се случува психолошки пресврт, вистинска револуција, кревајќи го на ново ниво на воспримање на реалноста. Слично, како што мртвиот камен не чувствува што претставува растението, а растението не чувствува што значи да се биде животно, така и животното не чувствува што значи да се биде човек. А ние ќе се искачиме на нивото на Човек – сличен на глобалната природа.
Сојуз врз основа на сродството на душите
Прашање: Не е јасно, заради што современиот човек, кој не сака да има деца, наеднаш ќе добие таква желба?
Одговор: Токму благодарение на фактот, што ќе почнеме заемно да се соединуваме со целиот свет, создавајќи врски на љубов над целата одбивност и негирање, ние ќе почнеме да сфаќаме каква внатрешна сила се содржи во тие односи, ќе видиме колку нè наполнува давањето на други луѓе. Тогаш жената ќе посака и со мажот да постигне исти такви односи – токму со конкретниот маж, а не како резултат на случајните врски, како што се случува во денешно време. Бидејќи тогаш тие ќе можат заемно да создадат таква поврзаност, и да изградат семејство не на ниво на биолошки, сексуални односи, туку на ниво на духовна поврзаност. Во такво семејство тие ќе почувствуваат дека може да се направи дополнение на уште повисоко ниво, реализирајќи го со деца. И сето тоа како резултат на тоа, што човекот учи да се соединува со светот.
Ние секогаш живеевме егоистички: егоистички примајќи или егоистички давајќи. Но сега целиот свет доаѓа до алтруистичка поврзаност: во почеток до давање заради давање, а потоа и до примање заради давање. Ние ќе сфатиме, дека има смисла да се достигне такво примање, за да го зголемиме уште повеќе нашето давање. Се чини, дека тоа се многу високи зборови, но според брзината на нашиот развој, таа иднина многу брзо се приближува. Се разбира, тоа е невозможно да се сфати, додека човекот не се промени. Но постепено менувајќи се, ние ќе почнеме сè повеќе да го сфаќаме тоа ниво, на кое се наоѓаме, и малку повисоко од него. Мислам дека зависно од тоа како човекот ќе се поправа, станувајќи сè повеќе интегрален и поврзан со другите, однесувајќи се кон другите со љубов, давање, грижа, заемно разбирање и заемна гаранција – ќе се промени и неговиот однос кон спротивниот пол, кон животниот сопатник, кон семејната поврзаност, кон децата. Бидејќи ние уште никогаш не чувствувавме што е љубов! Ние функциониравме согласно со нашите природни инстинкти, и според нив одбиравме за себе најсоодветен пар. Но сега ние ќе се зближуваме врз основа на внатрешното чувство, откога ќе научиме да сакаме над нашиот егоизам. Природата нè обврзува да воспоставиме такви глобални односи ширум светот. Тогаш и на спротивниот пол нема да гледаме на животинско, телесно ниво, на кое семејните рамки веќе се уништиле. Ќе склучуваме семеен сојуз на повисоко, духовно ниво, и ќе градиме поинакви врски: врски на заемно давање. Во тоа заемно давање кај мене ќе се појави нов однос кон сопругата, а кај неа кон мене, така што меѓу нас ќе се создаде посебна поврзаност. А благодарение на неа, ние веќе ќе почнеме да размислуваме за деца. Тоа е апсолутно ново семејство, ние не се враќаме кон она што било, туку ја креваме нашата поврзаност од материјалното, телесно ниво – на нивото на душите, духовното. Семејството останува во ист облик: маж, жена, деца – но смислата и целта на нејзиното постоење станува сосема поинаква.
Брак според духовна пресметка
Кога би погледнал барем малку надвор од својот мал кожурец, и кога би видел каде е моето место во глобалниот свет, и како се однесувам кон целото човештво, кое како една заедничка душа поминува различни промени, приближувајќи се кон својата совршена состојба – јас поинаку би го воспримал својот живот. Не би го гледал својот личен, ситен живот на мала мравка, кој нема смисла да се земе предвид. Вклучи се во општиот, голем, глобален процес заедно со другите, и ќе почувствуваш дека се наоѓаш во бескрајниот тек на животот. А засега треба да го научиш тоа, што треба да се направи, за да се почувствува вечноста на природата – да се вклучиш во неа. И од таа висина ќе можеш да ги решиш сите твои лични проблеми.
А ако се обидуваме да ги поправиме на обичното, материјално ниво, тогаш нема да можеме да решиме ниту еден проблем. Потврда за тоа се сите очајни и неуспешни обиди да се поправи ситуацијата, преземени од страна на многу влади. Нема ниту едно друго средство да се поправи нашата лична состојба, освен интегралното образование. Затоа жената, која денес е несреќна заради фактот, што не може да си најде сопатник, да создаде семејство и да роди деца, мора да сфати, дека на таков начин природата сака да ја доведе до состојба, во која таа се вклучува во целиот свет како жена. Како последица од таквото вклучување, интегралното образование, влијанието на опкружувањето, таа ќе почне да сфаќа каква поврзаност треба да воспостави со другите. Таа ќе почне да чувствува колку добрина и заемна топлина се содржи во таа поврзаност со целиот свет. Тогаш таа ќе се запознае со соодветен маж, и тие ќе почнат да учат, како можат заемно меѓусебно да се поддржуваат, со цел да се искачат на духовното скалило и да се соединат заедно во една целина. Иако тие можат многу да се разликуваат еден од друг и да си го задржат целиот свој егоизам. Откога нивното лично воспримање ќе се промени, сè веднаш ќе се среди. Тие ќе посакаат да бидат потесно поврзани со семејна врска и да имаат деца, и сето тоа да се реализира во духовна форма. Токму духот ќе ги обврзе на создавање на семејство.
Извонредна леснотија на постоењето
Разводот денес е многу распространета и вообичаена постапка. Во текот на последните години нагло се зголеми бројот на луѓето што го раскинуваат бракот, и се намали нивната возрасна граница. Најголемиот број на бракови се распаѓа веќе во првата-втората година. Постои мислење, дека можеби бракот е надживеан? Бидејќи животот е исполнет со искушенија, и многу е тешко да се задржиш цел живот со еден човек. Жената, која има среќно семејство и деца, наеднаш чувствува, дека повеќе не го сака мажот! Тој дури може да биде добар сопруг и татко – но тоа не е важно, таа едноставно не го сака. Односно се открива природна појава, распространета меѓу голем број жени, кои наеднаш го губат чувството на внатрешна зависност, поврзаност со мажот. Такво нешто никогаш не било карактеристично за жената. Живејќи покрај мажот, жената секогаш се навикнувала на него, се приврзувала, чувствувала дека му припаѓа. И наеднаш сето тоа изчезнало, тоа е природниот резултат на развојот. Не треба заради тоа да се обвинува жената, ако тоа претставува природна појава. Пред сè, треба да ја изучиме, и потоа да видиме што да правиме во таква ситуација. Таков е резултатот на нашиот развој: ние излегуваме од животинското скалило и се искачуваме на скалилото на Човекот, сличен со глобалната природа. И бидејќи сега треба да се соединуваме со општата природа, со целокупното човештво, тоа нè исклучува од личните, поединичните врски. Природата сака да ни ги отвори очите – да нè извади надвор од рамките на семејството, за потоа повторно да влеземе внатре, но веќе на друго ниво. Секој го помни чувството на љубов, кое носи необично силни чувства, доживувања, воодушевување, исполнетост на животот, заради што вредеше да бидеме заедно, и ние одлучивме да создадеме семејство. Но потоа тоа чувство се губи. Зошто тогаш во природата постои таква состојба на заљубеност, која се губи, принудувајќи нè потоа да ја бараме целиот свој живот? Природата сака да достигнеме вистинска љубов, исклучувајќи се од животинската, егоистичка љубов, која не може долго да егзистира. Ние треба да го замениме тој инстинктивен контакт, кој се достига благодарение на природниот стремеж кон спротивниот пол, хормоните – за повеќе насочена врска.
Во обичниот живот таква врска се создава заради тоа, што ние живееме поради децата, или заедничкото домаќинство. Освен тоа, да бидеме заедно ни е удобно, бидејќи можеме да си помогнеме еден на друг, да се поддржиме во староста. Но денес треба да најдеме внатрешна, многу повисока врска. Бидејќи старите рамки веќе не можат да го задржат човекот: тој сепак може сè да остави, и да си оди. Децата пораснуваат и го напуштаат домот, и ние веќе со ништо не сме меѓусебно поврзани – го поделивме имотот и се разделивме. Тоа се забележува насекаде. И за да се сочува семејството, потребен ни е повисок стимул. Исто како што во целиот свет треба да достигнеме мир и слога, во спротивно нема да опстанеме. Но соединувајќи се со целиот свет заради безизлезност, ние наеднаш откриваме, дека главната добивка воопшто не е во материјалната благосостојба! Таа била само повод, за да нè поттурне кон воспоставување на добри односи. А во суштина, ние наеднаш откриваме, дека внатре во таа поврзаност присутно е сосема ново чувство, кое нè исклучува од материјалниот живот. Ние чувствуваме подуховен, поисполнет живот. Наеднаш ни се открива такво наполнување, какво што никогаш не сме доживеале во нашиот досегашен живот. Ние едноставно лебдиме во воздухот, чувствуваме извонредна леснотија на постоењето, и не ја чувствуваме смртта. Во почетокот јас едноставно бев принуден да се поврзам под притисок на природата. Но потоа наеднаш со чудење откривам, дека тоа се сосема поинакви односи. Јас едноставно не можев порано да претпоставам, дека на таков начин ќе добијам многу високо наполнување, повисоко од целиот овој живот. Колку и да му раскажуваш за тоа на човекот, тој нема да сфати. Затоа природата нè турка одзади со страдања, принудувајќи да се соединиме, додека не сме се уништиле еден со друг. И ние се соединуваме заради безизлезноста, за на крајот да ја откриеме целата убавина на оваа поврзаност.
Истото се случува и во семејството. Сега ние се мразиме и не се сакаме еден со друг, сакаме да се разделиме. Но кога секој од нас ќе открие во светот недостаток на љубов, потреба и желба да сака, и ќе сфати колку високо наполнување носи љубовта, тој ќе посака да воспостави исти односи и во своето семејство. Ние ќе се вратиме во семејството откога ќе научиме да го сакаме целото човештво! И тогаш ќе посакаме да достигнеме исто таква внатрешна, лична поврзаност со сопругот. Тогаш веќе нема да ни биде важно, што после одредено време ќе остариме, и ќе станеме не толку убави како порано. Ние тоа дури нема да го забележуваме. Ние ќе ја чувствуваме истата првична заљубеност, но сосема поинаку, и само откога ќе научиме да градиме внатрешни односи – соединувајќи се заради таа намена со целиот свет.
Следејќи ја во чекор природата
Проблемите на современото општество не можат да се решат со други методи, освен образованието, кое ќе го научи човекот да живее во интегрален свет, ќе му помогне да изгради врски, кои ние ги изгубивме: со децата, меѓу сопрузите, со претпоставениот на работа, со власта, со светот, со целата природа, вкучително и домашните животни. Човекот мора да се научи на надворешна поврзаност, односно небаре да излезе од себеси самиот и да почне да контактира со нешто однадвор, дури и со домашната мачка. Нашата иднина зависи од тоа како ќе научиме да градиме правилни односи меѓу нас на начин, кога секој, зачувувајќи ја својата уникатност, ќе научи да се изразува себеси внатре во општеството. Како прво, треба да престанеме да го обвинуваме животот и да негодуваме заради тоа што се случува. Сите негативни појави во општеството и семејството, кои денес ги забележуваме – се последица на нашиот развој. Треба да застанеме, да направиме пресек на денешната состојба и таа детално да се проучи, заедно со статистичките податоци. Како второ, треба да се проучи историјата, која нè доведе до оваа состојба. Од таа точка и понатаму, со добиеното знаење на историјатот и статистичкиот пресек на дадената состојба, ние продолжуваме да ја проучуваме нејзината тенденција во иднината. Треба да сфатиме, дека тој развој сеедно ќе се случи, сакале ние или не. Ако се спротивствавуваме, тогаш природата насилно ќе нè принуди да тргнеме по тој пат. Ако пак сами се насочиме кон тој развој, тогаш ќе напредуваме брзо, лесно и мудро. Исто, како што ги подготвуваме децата за животот, сега треба самите да се подготвиме за новиот живот, кој ни доаѓа во пресрет. Тоа се однесува на сите нивоа: односите во семејството, меѓу сопрузите, со децата и со целиот свет.