Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Писмо 47, 1927 г., стр. 142

Денес стигнаа до мене зборовите од твоето писмо и јас гледам една работа во нив: твојот огромен страв да не се оддалечам од тебе ни за влакно. Меѓутоа, на оние кои доаѓаат на овој свет им е вродено и им се дозволува... да привлекуваат вистинско изобилство на другата страна. Овој огромен страв треба да го свртиш кон самиот себе, внимавајќи никогаш да не се оддалечи срцето твое од мене ни за влакно, наместо да се плашиш моето срце да не се оддалечи од тебе и да се обидуваш да го поправаш она што никогаш нема да биде разрушено, не обраќајќи внимание на местото на уништување, кое сепак ќе остане упропастено. Јас знаев дека тие зборови ќе ти бидат неразбирливи и дека нема да сфатиш од каде доаѓаат, а во часот на веселба може да помислиш и друго, не дај Боже. Многу ме боли срцето за тебе, драг мој, и посакувам да го навлажнам твоето грло со капка вистина, на која што служењето не се смета за долг во ниеден од 613-те органи, од кои е составено човековото тело. Колку пати си го слушнал ова од мојата уста и истовремено со тоа секогаш кога ти го носам словото на вистината, ти се караш со мене со сите сили? Природата на духовното е таква што оној кој што се соединува со Создателот, се чувствува себеси далеку од тоа, тој се сомнева и се трга и презема сè што може за да достигне соединување.

Мудриот се чувствува себеси спротивно на оној кој не се стреми кон соединување со Создателот, но се чувствува задоволен и исполнет затоа што не се грижи за поправањето, наречено стремеж и тага, затоа што „глупавиот не чувствува“. Ова е слично на тоа што не треба да му се објаснува на слепиот суштината на отсуството на видот, освен ако не можеш да ги оспособиш неговите очи да ја видат светлината. Постигни го ова и ќе сфатиш. Јас веќе пишав дека грешите со тоа што велите дека јас сум заминал од кај вас. Мора да сфатите дека вие „заминавте“ од мене. Верувајте ми дека моите очи и срцето се секогаш со вас, независно од растојанието и времето и ако вие немавте потреба од мислењето на оној кој ве слуша, ќе бевте сигурни во тоа. Напротив, оддалечувањето од вас на материјално растојание може да влијае врз вас на најбрз начин. Јас, искрено речено, се надевав и се надевам дека ќе сфатите повеќе. Не ве обвинувам вас, бидејќи ја чувствував атмосферата на Ерусалим кога бев меѓу вас, а уште повеќе кога сум скриен од вас. Ова е причината за тоа што ви направив распоред кој ќе ви овозможи да се одржите и да не назадувате. Единственото и најважното нешто во ова е соединувањето на пријателите. Моето цврсто ветување е оваа љубов. Јас ќе ви кажам сè што е неопходно. Ако вие, без оглед на сè, се придржувате до тоа, тогаш несомнено ќе напредувате, примајќи ги сите големи сили, издигнувајќи се сè повисоко, како што ви ветив и претходно.

Но, како можам да ви го простам тоа што скалата, спуштена на земја е празна и нема никој кој би се качувал по неа? Наместо: „Денес!“, вие велите: „Утре“. Кажете ми, ве молам, што добивате од моето простување? Тогаш јас ќе знам и ќе ви одговорам. Јас не изнесувам приговори, не поставувам закони, знајте го добро ова. Доколку се плашев дека тоа ќе биде чекор назад, не би заминал, затоа што тоа беше многу тешко за мене и јас страдав во текот на... Но, мојата душа страда премногу и во еднаква состојба, без да зборувам за фактот дека ве следам и вас. Јас го предвидов тоа и зборував дека треба да се поправи, уште пред да биде извршено дејствието. Затоа ви ја спомнувам уште еднаш важноста на љубовта од пријателите – секогаш, во секое време „Од тоа зависи нашето право на постоење и со тоа се мери вистинитоста на нашиот успех, кој е блиску до нас“. Затоа исфрлете ги сите свои измислени работи и мислете само на тоа како да ги соедините вашите срца во едно срце. Пронајдете начин како да го направите тоа и во вас јасно ќе се оствари реченото: „Сакај го ближниот како самиот себеси“. Тогаш би живееле во љубов, која би ги покрила сите недостатоци и, бидејќи ве молам, направете го тоа. Почнете да се соединувате во вистинска љубов и ќе видите „и небото ќе го почувствува вкусот“. Ништо нема да нè раздели мене и Тебе и ова е доволно за оној кој разбира. Во твојата негрижа за достигнување на молитвата јас ја познавам и ја чувствувам твојата судбина и твојата тага. Ако не го видов степенот на таа загуба, која не се намалува од праведни причини, јас ништо не би рекол.

Јехуда Лајб

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели