Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Кој го создал ова

Книга Зохар, Точ.7

Резиме

Книгата Зохар раскажува за нашата душа: во каков обем постои, што влијае на неа, како таа постепено се менува под дејствувањето на силите, наречени Атик, Арих Анпин, ЗОН и.т.н.

Ние не знаеме што е тоа, не разбираме каде сега се наоѓаме во однос на тие сили. Меѓутоа, грижејќи се да почувствуваме и да се пронајдеме меѓу нив, сè будиме и го привлекуваме кон себе Вишата поправена светлина – лекарството, кое под дејствие на впечатоците и чувствата ја формира нашата душа.

Од метафорите и алегоричните фрази треба да го видиме процесот на нашето поправување и стапување во духовниот свет.

7."Подигнете ги очите и видете, Кој го Создал Ова. Каде да ги подигнете очите? Кон тоа место, од кое се зависни очите на сите. А Кој е Тој? Тој, кој ги отвара очите, Малхут, главата на Арих Анпин. И таму ќе видите дека е скриен Атик и во него – одговорот на прашањето, Кој го Создал Ова ".

Подигнете ги очите – започнете да ја сакате светлината на давањето, од состојбата на примањето, во која што се наоѓате.

На тоа место – местото од кое произлегува светлината, која ги открива тајните на светот.

Кој е Тој што ги отвора очите – светлината, во која можеме да го видеме Создателот и себе си во однос на Него.

Кој го создал тоа – ивриш "Ми Бара Еле".

Ми (Кој) – од една страна, тоа е прашање кое ние го поставуваме, кога сакаме да дознаеме која Виша особина се наоѓа во пределите на нашиот свет и посакуваме да го достигнеме него и да се исполниме со него. Од друга страна, Ми – тоа се две сфери на врвот: Кетер и Хохма, кои го создале Еле (Тоа) – трите ниски сфери: Бина, ЗА и Малхут.

Со други зборови, Кетер и Хохма – тоа е замислата на создаденото/мислата, а Бина, ЗА и Малхут – реализирање на замислата на создаденото/дејствие. Секој пат кога во нас никнува духовно прашање/желбата, ние го воздигнуваме преку системот на Еле, која се обраќа кон Ми. Оттука таа ја добива светлината на поправувањето и и ја предава на таа душа, која ја разбудила. Така се јавува подемот на желбите за многу степенскиот систем на светови.

 

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели