Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

212. Прегратка од десно и прегратка од лево

Слушнав на 8-ми Кислев (28-ми ноември 1941 г.)

Постои прегратка од десно и прегратка од лево. Тие две треба да бидат истовремени и вечни.

Кога човекот се наоѓа на десно, сфаќа со разумот дека левото воопшто не постои. И обратно, кога се наоѓа на лево, на неговиот разум му изгледа дека десно не постои.

Десната состојба е сопственото управување. Левата состојба е управување со награда и казна. Иако човекот сфаќа дека не може да ги соедини тие две состојби да бидат како една, тој треба да работи со верба над знаењата, со цел неговиот разум да не го запира. Најважно е секогаш да оди над знаењата, за да може целата работа да се мери колку таа е над знаењата, наспроти разумот и логиката.

Иако после тоа доаѓа до состојбата „внатре во знаењата“, односно добива и знае сè, сепак тоа ништо не значи за него, од причина што првично основа на неговата работа била во вербата над знаењата бидејќи тој постојано добива сили од својот корен.

Но, ако достигне знаење и посакува да прима од него, Светлината веднаш се губи. И доколку сака да го продолжи своето поправање, мора да започне во верба над знаењата, затоа што во неа е целиот корен на работата, а потоа тој доаѓа до светото знаење.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели