Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Писмо Бр. 17

Со Божја помош, на петтиот ден од месецот Шват во годината 5716

На светот и на најдобриот пријател на моето срце…

Како одговор на твоето писмо од 14-ти од месецот Тевет, за кое до сега немав слободно време да ти одговорам... Еве го првото прашање: зошто Јаков, таткото наш, ги благословил синовите преку ангел? Како што се објаснува во записите на АР"И, НаРа"Н де цадиким се внатрешен дел од трите света Брија, Јецира и Асија. Одделувањето и потеклото на душите (душа – нешама) доаѓа од светот Брија, нивото Руах доаѓа од светот Јецира, Нефеш од светот Асија, а сите влијанија, тековите на изобилието од светот Ацилут, наречен „Тој и Светлината Негова и дејствијата Негови се едно во Него“. Во светот Ацилут десетте сфирот на Името се делат на три нивоа:

1) Кетер,

2) Хохма и Бина,

3) З"А и Малхут.

Тие се дефинираат како корен – Кетер, мохин (мудрост, Светлината Хохма) – Хохма и Бина и оние кои примаат мохин - З"А и Малхут, наречени маж и жена, Израел и Леа, Јаков и Рахел. И Зо"Н (Зэир Анпин и Нуква) примаат мохин за душите на праведниците, кои претставуваат внатрешен дел од световите БЕ"А, како што е споменато погоре.

Дејствијата пак, и предавањето на Вишото изобилие се остваруваат преку ангелот МАТА"Т. Прочитај во книгата Зохар (поглавје „И излезе“ (Ве Јице) страна 36 и во Сулам параграф 71), дека ангелот МАТА"Т се нарекува владетел на светот, чие што име е како името на неговиот Господар. Тој еднаш се вика АВА"ЈА, а друг пат ШАДА"Ј бидејќи извршува две дејствија: 1) Прима Хохма и излива во БЈ"А, а тогаш се нарекува ШАДА"Ј, во кој е скриено она што му вели на својот свет „Доволно е (хебр. дај) и не се шири повеќе!“ и ова е за Светлината Хохма, бидејќи имало скратување за да не примат Хохма во садовите на желбата за примање. Затоа Создателот ја вратил левата нога на буквата Тав спротивно нагоре и затоа ногата на буквата Тав е подебела, затоа што ја вратил левата нога нагоре – за да не свети на клипата (прочитај во предговорот на книгата Зохар, страна 26, Сулам – параграф 23). Второто својство на ангелот МАТА"Т кога тој има Хасадим, исто така го излива на пониските и тогаш неговото име е како името на наговиот Господар (Вишиот) и тогаш „МАТА"Т е совршен и се нарекува со името на неговиот Господар АВА"ЈА“.

Јаков, кога ги благословувал синовите, требало да го привлече благословот во согласност со редот на нивоата, сè додека не дојде Светлината кон пониските. Затоа ја привлекол Светлината до ангелот МАТА"Т, а од него Светлината се излеала кон синовите. Од таа причина Јаков ги благословил преку ангелот МАТА"Т, дека тој дава и ја спроведува Светлината од светот Ацилут кон НаРа"Н де цадиким (душите на праведниците) и кон трите света БЈ"А. Затоа тој рекол: „Ангелот кој ме избави од да ги благослови “ (Битие 48;16) итн. Одовде разбери го твоето второ прашање, што се однесува на „името Мое во него“ (Излез 23;22), дека РАМБА"Н пишувал „името Мое е помешано во него“, бидејќи како можеме да ја достигнеме Неговата суштина, да биде Благословен, освен од откривањето. Ти праша, ако е така, тогаш што значи „неговото име, како името на неговиот Господар“?

Работата е што „заедничкото име“ значи дека секое име, како што е познато, укажува на достигнувањето, бидејќи „на она што не го знаеме, не можеме да му дадеме име“. Секое достигнување, какво што има само во духовното, има место токму кога има поврзаност меѓу она што се достигнува и оној кој достигнува, што се нарекува „соединување на она што се достигнува и оној кој достигнува“ и тогаш може да се рече дека има откривање на имињата и формите и посебно ограничување на Светлината. Друга работа кај оној кој достигнува без она што се достигнува е дека нема што да се зборува ни за некаква форма и граница и на него не му се дава никакво достигнување, а тоа се дефинира како апсолутно недостижно со мисла, како суштина која не е наметната во материја (прочитај во Вовед на Зохар, страна 50, параграф 12). Ова значи дека „неговото име“, односно она што го достигнуваме преку ангелот МАТА"Т, тоа е „како името на неговиот Господар“, што всушност е достигнувањето. Значи МАТА"Т го излива нивото Зо"Н кои примаат мохин (Светлина од големата состојба) од светот Ацилут, во кој има две нивоа – Хохма и Бина, кои се откриваат на пониските во форма на Хохма и Хасадим. Кога МАТА"Т испушта Хохма, тогаш Името на неговиот Господар се нарекува со ШАДА"Ј, а кога испушта и Хасадим, тогаш Името на неговиот Господар е АВА"ЈА, како што е речено погоре. Тогаш се нарекува Ангел МАТА"Т „старешина на домот Негов, кој управува со сè што има тој“, односно ангелот МАТА"Т – владетелот на светот, тој управува со светот, всушност преку него се привлекува Светлина во световите БЈ"А, кои вклучуваат НаРа"Н де цадиким. Такво е толкувањето на „Името Мое е вклучено во него“, односно тоа што МАТА"Т го испушта, неговите имиња ја означуваат формата на Светлината која се состои од две форми – Хохма и Хасадим, како што е речено погоре и овие имиња дејствуваат во МАТА"Т согласно степенот на името на неговиот Господар кое тој го проследува.

По повод третото твое прашање – зошто светата Тора го претпочита Ефраим пред Менаше. Ова може да се објасни со правилото кое го имаме во работата за Создателот: Целта секогаш треба да ни биде пред очите, да знаеме за што е предодреден животот, до која крајна точка треба да дојде човекот за да може да каже дека достигнал спокојство и благосостојба бидејќи само кога крајната цел ни е позната човекот може да се подготвува со сите средства и да дејствува со сите сили кои му се дадени. Инаку тој нема да може да смета на своите сили и средствата за заштита затоа што тие вистински му се потребни за да му бидат заштита на патеките полни со опасности, кога тој не го знае вистинскиот непријател кој го демне и целата негова сила, а кого што треба да го победи. Затоа, кога започнува да се зборува за редот на работата и за да има успех во неа, Целта секогаш треба да му биде на прво место.

Познато е, исто така, дека кога луѓето започнуваат да одат по патиштата на работата, почнуваат од полесно кон потешко, така што пред сè го научуваат и го исполнуваат она што е најлесно да се разбере и исполни, потоа она што е малку посложено и така натаму, додека не се навикнат и обучат на начинот на војување со непромислен почеток и тогаш се оспособуваат за најтешките напади. Од гореспоменатото може да заклучиме дека имаме две патеки, а на едната треба да и даваме предност пред другата. Мислењето на Јосеф било дека во основа треба да се зборува за редот на работата, односно од поедноставното кон посложеното, а мислењето на Јаков дека пред сè треба да се зборува за Целта.

Ракописи – дополнувања на оваа порака:

1.  И по повод третото твое прашање – зошто светата Тора го претпочита Ефраим пред Менаше. Познато е дека прашањето за претпочитањето на едно во однос на друго се наоѓа во зависност од важноста на преметот. И во работата за Создателот треба да се знае што значи важноста, односно основната тежина треба да и се даде на главната точка на Целта.

…Запишано е во книгата Зохар (поглавје „И живееше“ („Ве Јхи“) 4; 14, „Сулам“, п. 41), дека има двајца големи и важни владетели (хебр. „Сар“): едниот е од страната на Ефраим, чие што својство е да ги држи Израел во прогон, за да се размножуваат таму, а вториот владетел е од страната на Менаше и затоа неговото својство е да ги остави во заборав во прогон. Таму се објаснува дека има два вида ограничувања (хебр. Дин): едниот вид е ограничувања од страната на милосрдието (хебр. Рахамим), наречени Малхут, што се во Бина, а вториот – ограничувања од страна на Малхут, што се во Малхут, наречени ограничувања од страна на Малхут. Таму се објаснува дека секој владетел е составен од две својства.

...Таму се објаснува дека владетелот на Менаше се состои од својството на милосрдието и ограничувањето во милосрдието, а владетелот на Ефраим од милосрдието и ограничувањето во ограничувањата, наречено Малхут. Може да се заклучи дека (бидејќи) Јаков ги благословил, категоријата на ограничувањата, на судот омекнува и со помош на тоа ќе се случи ослободувањето. Бидејќи редот на работата на почеток е во категоријата на милосрдието, а потоа во категоријата на судот, познато е дека постојат четири нивоа:

1.  Примање заради примање;
2.  Давање заради примање;  
3.  Давање заради давање;
4.  Примање заради давање.

Првите две нивоа не се соодветни за патот на Тора; Тора лишма (во име на Тора, заради Создателот) почнува од нивото давање заради давање, што се нарекува својство на милосрдието, а второто ниво на Тора лишма се нарекува примање заради давање, што се нарекува својство на судот, ограничувањето. Затоа Јосиф сакал (Јаков) да благослови со согласност со редот на работата, односно на почеток својството на милосрдието, наречено Менаше, а потоа својството на Ефраим, наречено својство на судот. Но, Јаков ги благословил според нивото на важност, односно совршеното поправање е поправањето според својството на судот, наречено „темнината ќе засвети како светлина“. Мислењето на Јаков било дека дури и да започнеме да работиме во категоријата на милосрдието, сепак целта треба да ни биде јасна: крајната цел е да дојдеме до Конечното Поправање. Потоа може да се започне со работи според редот, односно во категоријата на милосрдието.

2. Ангел – Шхина се нарекува ангел, што е скриено во зборовите: „...Еве Јас ти праќам ангел пред тебе...“ . Шхина се нарекува ангел затоа што дејствува преку МАТА"Т. И тоа за време на прогонот. За време на ослободувањето тој е соединет со Царот, наречен З"А (Ве Јхи стр.18, п.53, 24).

3. Прочитај во поглавјето „Ве Јице“ (стр. 36 п. 71 во „Сулам“), каде што се објаснува напишаното во „Поправањата“ (Тикуним) („Поправање“ 70 стр.119) „таму и назад“, „таму“ – Нуриел, „и назад“ - МАТА"Т. Во Сулам е објаснето дека категоријата „таму“ означува Хохма, а „и назад“ категорија Хасадим. Значи, кога кај него веќе има Хохма, тој оди за да добие Хасадим. Излегува дека тој има совршенство – Хохма и Хасадим заедно. Затоа се нарекува МАТА"Т – владетел на светот, бидејќи тој го има совршенството наменето за пониските во трите света БЈ"А, каде што се наоѓаат НаРа"Н де цадиким, наречени внатрешен дел на БЈ"А.

Затоа (се вели) „старешина на домот Негов, кој управува со сè што има тој“ бидејќи во него има Хохма и Хасадим. Во неговото владеење со светот името негово е ШАДА"Ј и во него е скриено првото својство на категоријата „и назад“, односно од сфирата Хохма, која е лева линија, а во тоа е тајната на името ШАДА"Ј. Потоа се издигнува нагоре, а тоа е второто својство на категоријата „и назад“, односно се враќа кон името АВА"ЈА, чија што суштина е Хасадим и се нарекува со името на Господарот негов - АВА"ЈА.

Вашиот пријател, Барух Шалом Леви Ашлаг, син на својот татко и учител Баал ХаСулам.

* Писмото број 17 во изданието од 1998 година се наоѓа под број 41

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели