За умешните во Дрвото на Животот, и за сите, „прво учи - потоа сфати.“
1) Нашите мудреци рекле: „Не постои ниту една тревка доле, која нема Ангел од Вишото, кој ја удира и ѝ вели:„Расти!“ Ова е навидум збунувачки, бидејќи зошто Создателот би испратил ангел од Вишото да негува мала и небитна тревка? Сепак, оваа поговорка се однесува на тајните на Создателот, кои се предолги за да ги протолкуваме. Срцето на бесконечно мудрите сака еден дел да открива, а два дела да притајува, со помош на нивните златни алегории, бидејќи се загрижени од разоткривање на Тора пред несовесните ученици. Заради оваа причина нашите мудреци рекле дека поединецот не може да учи од легенди, бидејќи легендите се запечатени пред масите и се откриваат само на неколкумина избрани во генерацијата.
Во книгата Зохар пронаоѓаме дека Рашби (Раби Шимон Бар-Јохај) му дал инструкции на Раби Аба, да ги напише тајните, бидејки тој знаел како да открива со страв. Погледај во Идра, каде што е запишано дека за секоја тајна, која Рашби ја разоткрил во мудроста, тој плачел и велел: „Тешко мене ако кажам; тешко мене ако не кажам. Ако не кажам, моите пријатели ќе ги загубат тие зборови; но доколку кажам, злобните ќе знаат како да Му служат на нивниот Господар.“ Ова значи дека тој бил под притисок од двете страни: доколку не ги откриел тајните на Тора, тајните ќе бидат изгубени за вистинските мудреци, оние кои се плашат од Бога. Ако пак ги открие тајните, во нив ќе навлезат луѓе без заслуги, бидејќи тие нема да го разбираат коренот на работите и така ќе јадат незрело овошје.
Така, Рашби го избрал Раби Аба да пишува, заради неговата мудрост со алегории, да ги подреди работите на таков начин за тие да бидат доволно откриени на оние кои се вредни да ги разберат, и да бидат притаени и блокирани за оние кои не се достојни да ги разберат. Затоа тој рекол дека Раби Аба знаел како да открива со страв. Со други зборови, иако тој открил, тоа сепак останало тајна за несовесните.
Но, во Зохар, нам ни е ветено дека оваа мудрост ќе биде целосно откриена на крајот на деновите, дури и за малите. Исто така е речено дека со ова дело, децата на Израел ќе бидат искупени од прогонството, што значи дека со појавувањето на мудроста на вистината, Израел ќе биде награден со целосно искупение. Ние исто така гледаме дека зборовите во Зохар, дека скриените тајни во мудроста на вистината се откриваат постепено, од генерација во генерација, сè додека не сме наградени со откривање на целата мудрост, и тогаш, ние ќе бидеме наградени со целосно искупение.
За да го разјасниме текстот кој го започнавме, ние прво треба да го објасниме стихот во позната „Книга на Создавањето“, каде што е запишано дека десетте Сефирот се десет а не девет, десет а не единаесет. Повеќето од толкувачите веќе тоа го испитале, но ние тоа ќе го објасниме на наш начин, за работите да бидат откриени на оние кои го бараат зборот на Господ.
Познато е дека десетте Сефирот се нарекуваат Кетер, Хохма, Хесед, Гвура, Тиферет, Нецах, Ход, Јесод и Малхут. Запишано е во „Портите на Запознавањето“ од Ари, во делот „ХаДаат“ дека тие всушност преставуваат Бхинот (Фази): Кетер, Хохма, Бина,Зеир Анпин и Малхут, но Зеир Анпин се состои од шест Сефирот ХаГаТНеХЈ, (Хесед-Гвура-Тиферет-Нецах,-Ход-Јесот). Јас имам во ова дело обемно напишано за десете Сефирот, па тука накратко ќе во овој општ вовед, јас сакам да му дадам на ученикот вистинско и општо знаење за поголемиот дел од оваа пространа мудрост, и вистинска орентација во стилот на учењето.
Во книгата, „Дрвото на Животот“, повеќето ученици не успеваат да ги разберат работите, бидејќи духовните концепти се над време и место, но се изразени со телесни поими, сместени во време и место. Дополнителна информација е дека во писанијата на Ари, во оваа мудрост не е направен ред кој е соодветен за почетниците. Книгите биле составени од светите зборови, кои тој ги кажувал пред своите ученици, ден по ден, но самите ученици биле умешни во мудроста на вистината. Така, тука нема текст - долг или краток - во сите книги кои биле напишани, а кои не бараат вистинска умешност во мудроста. Заради оваа причина, учениците се загрижени, бидејќи не можат да ги поврзат работите. Така, јас сакан со овој вовед, да ги поврзам работите и темелите на мудроста на концизен начин, на учениците да им биде достапен секој текст кој што сакаат да го изучуваат, од писанијата на Ари. Заради оваа причина, јас не ја обработувам и толкувам секоја работа до крајна мерка, бидејќи тоа ќе биде разјаснето во моите пишани дела. Наместо тоа, јас сумирам доволно според мојата цел. Нашите мудреци рекле: „Прво научи - потоа сфати.’’
Ари запишал дека десетте Сефирот КаХаБ, (Кетер, Хохма и Бина), ХаГаТ, (Хесед, Гвура, Тиферет), НеХЈМ, (Нецах, Ход, Јесот, Малхут) всушност претставуваат пет Бхинот,(фази): КаХаБ, (Кетер, Хохма и Бина), З“А и Малхут. Ова е значењето на името со четири букви, Јуд, Хеј, Вав, Хеј. Врвот на Јуд е Кетер, Хеј е Бина, Јуд е Хохма, Вав е Зеир Ампин. Зеир Анпин,(З“А), создржи шест Сефирот ХаГаТ НеХЈ, (Хесед, Гвура, Тиферет, Нецах, Ход, Јесод). Последниот Хеј е Малхут. Треба да знеш дека Отиот (буквите) и Сефирот се едно исто. Но според правилото дека од садот, (кли), не се протега Светлина, кога зборуваме за двете заедно, т.е, кога Светлината го наполнува садот, тоа се нарекува Сефира. И кога зборуваме само за садовите, Келим (мн.Од Кли), тие се нарекуваат Отиот. И затоа, кога велиме, дека тоа е едно исто, подразбираме дека, ако Светлината го наполнува садот, ние тоа го нарекуваме Сефира, а кога велиме само од страна на Келим, го нарекуваме букви.
Во книгата Тора за Светлината е напишано дека белото во книгата се однесува на Светлината, додека црното во книгата Тора, што значи буквите, се однесува на Келим. Тоа е како што Рамба“н толкува: „Јас ја создавам Светлината и Јас ја создавам темнината,“ дека работата на создавање на постоење во отсуство се нарекува „Создател,“ бидејќи тоа е ново, нешто што не постоело пред неговото создавање. Светлината, и сите задоволства и наслади кои се вклучени во Светлината, не претставува новитет и извлекување од непостоење, туку од постоење, бидејќи Светлината и сето изобилие веќе се вклучени во неговата суштина. Заради оваа причина, било речено: „Формирај ја Светлината,“ бидејќи тука не се работи за создавање, туку за формирање, т.е, да се оформи Светлината на начин на кој долните суштества би можеле да ја примат. Новосоздадена била темнината која произлегла од Создавањето, од извлекување на постоење во отсуство, што значи таа темнина не е вклучено во Неговата Суштина. Затоа било речено: „и создаде темнина.“ Но темнината е спротивност на Светлината. Така, ние можеме да ја разбереме можноста на темнината да се протега од Светлината.
Во „Паним Меирот уМасбирот (Лик за Добредојде), „гранка еден,“ јас ја имам обработено оваа точка, но тука само ќе поминеме преку неа. Во Зохар е запишано дека целта на Создавањето е да се насладат Неговите суштества, бидејќи тоа е реализирање на Доброто да прави добро. Јасно е дека секоја желба во Него е задолжителен закон за суштествата. Следува дека оној момент кога Создателот помислил на насладување на Неговите суштества, веднаш во суштествата била вградена задолжителна природа да сака да ги прима Неговите задовлства, т.е, вметната е големата желба за примање на Неговото Изобилие. Знај дека овој копнеж се нарекува Кли, (сад) со почит кон неговиот корен. Заради оваа причина, кабалистите рекле дека нема Светлина без Кли, (Сад), бидејќи желбата за примање која е вклучена во секое создадено суштество е Садот (Кли), и тое е исто така целосната мерка на Светлината. Со други зборови, садот ја прима точно мерката која ја сака, ниту помалку, ниту повеќе, бидејќи во духовноста не постои принуда, па дури и во телсноста таа не е од страната на Кедуша, (Светоста).
Јасно е дека формата на садот е поинаква од таа на Светлините. Затоа се нарекува сад (хебр. Кли) а не Светлина. Но ние треба да ја разбереме оваа различност во форма, бидејќи оваа форма не се однесува на Создателот, бидејќи од кого Тој би примал? Туку, желбата за примање била вградено во создаденото, со постоење во отсуство. При тоа, желбата за примање претставува Причина на Причините („Паним Меирот уМасбирот“, Гранка Еден). Ова го разјаснува тоа што е запишано во Светиот Зохар дека Вишиот Кетер е темнина во споредба со Причината на Причините. Тоа се однесува на желбата за примање која е вклучена во создаденото; и тоа се нарекува различност во форма или „темнина“, бидејќи тоа (желбата да прима) не постои во Создателот. Заради оваа причина, тоа претставува коренот на темнината, што ја претставува црна боја, во споредба со Светлината.
Исто така, во „Паним Меирот уМасбирот“ било објаснето дека како што се разделуваат телесните работи, една од друга, со секира и чекан, така духовните се одделени една од друга по пат на различност во форма. И кога различноста на форма се зголемува до точка кога стануваат спротивности, од една крајност до друга, помеѓу нив има целосно одделување. Заради оваа причина, било објаснето дека формата на желбата за примање е веднаш вклучена во сите Светлини кои се протегаат од Него, но како скриена, потенцијална сила. Оваа сила не се открива на создадените, освен кога создадените ја зголемуваат желбата кон дополнително изобилие, повеќе од мерката на Светлината која се протега од страна на Создателот.
На пример, кога храната е вкусна, желбата за повеќе храна се зголемува повеќе од нечив глад. Така, откако создадените ја зголемиле желбата да добијат дополнително изобилие, повеќе од мерката на протегањето на Светлината, се појавуваат вистинските садови за примање. Оваа различност во форма не се однесува на Него, туку на суштествата, и таа се завршува со будење на создадените и темелно разбирање.
2) Така, ширењето на Неговата Светлина не ги проширува границите сè додека Светлината не посака да создава, па тогаш мора се проширирува и поминува низ четирите Бхинот, (Фази), наречени: Хохма, Бина, Зеир Анпин и Малхут. Тогаш проширувањето на Неговата Светлина се нарекува Хохма, што ја претставува целосната мерка на суштината на Светлината на создаденото. И кога таа засилува и шири поголемо изобилие од мерката на нејзиното простирање, тоа се смета за Бхина (еднина од Бхинот, Бет (втора Бхина), наречена Бина. Исто така, во втората Бхина - втората фаза - треба да бидат направени три распознавања:
Првито распознавање: Суштината на Сефира Бина (Сочувство, Милосрдие), е Хохма (Добрината)
Второто распознавање: Зголемувањето на желбата е манифестирано да прима во себе, заради откривање на коренот на садот. Во таа смисла, во неа постои различност на особините, што значи Авиут (силна желба за примање), во споредба со Ор Хохма. Ова се нарекува Виша Гвура, (Вишата Моќ, Вишиот Суд).
Третото распознавање: Ова е суштината на изобилието која таа го здобила преку будење со нејзина желба. Оваа Светлина има свое име - Ор Хасадим, (Светлина на Добрината) и е многу пониска од Ор Хохма, (Светлина на знаењето), која се протега само од Создателот. Ор Хасадим се поврзува со засилувањето од страна на создаденото суштество, како што беше споменато, дека Гвура, која што претставува Светлина која е поостра, посилна била корен на Ор Хасадим. Овие три односи заедно се нарекуваат Бина, и е втора Бхина (фаза) од Хохма. Така, двете Бхинот,(фази): Хохма и Бина,(ХБ), се разјаснети, додека Кетер е Ајн Соф (бесконечноста), односно коренот на создадените.
Иако Бхина Бет се манифестирала како зголемена желба кон Оној кој дејствува, таа сè уште не е погодна да биде целосен сад за примање. Работата е во тоа што во духовноста, садот и Светлината која се наоѓа во него се многу блиски, навидум меѓузависни. Кога исчезнува Светлината, садот се поништува, и кога садот исчезнува, Светлината се поништува. Така, важноста на садот е еднаквна со важноста на Светлината.
Така, формата на садот за примање не бил завршена во Бина, бидејќи нејзината суштина е Ор Хохма. Заради оваа причина, Ор Хасадим, која ја се протегнала преку нејзиното зголемување, била поништена пред нејзината суштина како свеќа пред фаќел. Така, оваа Ор Хасадим се протегала подалеку, во Бина. Тогаш, бил завршен садот за примање.
Ние разликуваме уште два Бхинот: Бхина Гимел (третата фаза) и Бхина Далет (четвртата фаза), кои се продолженија на протегањето од Бина, каде што садот за примање сè уште е сокриен, т.е, потенцијален сè додека не се засили кон додаток, и тој се нарекува Зеир Анпин, (З“А). Неговото засилување кон повеќе изобилие се нарекува „Кли во Малхут,“ што претставува сад за примање, кој бил завршен во создадените, кој што сега е создаден од Светлина и Кли. Со тоа се смета за создадено.
Овие се четирите Бхинот познати како: Хохма, Бина, (ХБ), З“А и Малхут, кои преставуваат име со четири букви. ХБ се Јуд –Хеј, и ЗоН, (З“А и Нуква) се Вав-Хеј. Тие се сметаат за десет Сефирот бидејќи Зеир Анпин содржи шест Сефирот, кои се Хесед, Гвура, Тиферет, Нецах, Ход и Јесод.
Суштината на З“А е Светлината Хесед и Гвура, што значи двата Бхинот (Ор Хасадим и Вишата Гвура), се протегаат од Бина кон надвор. Овде треба да нагласиме дека во Бина, Гвура е првата Светлина и коренот на Ор Хасадим. Но во Тиферет тоа е спротивно: Хесед ѝ претходи на Светлината Гвура, бидејќи главната Светлина која се протега е Хесед, додека Гвура е помошник во Бина.
Сега можеш да разбереш што било запишано во „Дрвото на Животот“ од страна на Рашби, дека светот Некудим, Гвура де (од) З“А е претходник на Хесед, бидејќи ЗоН де Некудим се смета за ЗоН од Бина, а не самиот ЗоН, (З“А и Нуква) како во двете долни Бехинот, од четирите гореспоменати Бхинот. Затоа Гвура од З“А се појавува пред својот Хесед.
Исто така, Сефира Тиферет од З“А претставува обединувањето на Вишата Хохма и Гвура со делот од садот на Малхут. Тоа се нарекува Тиферет заради Светлината Митпаер (фалење) на Бхина Алеф (првата Бехина), која е Хохма, чии желби не испловиле да го направат садот. Но, Бхина Гимел, која е Хохма и Гвурот (мн. од Гвура) која се протега од Бина кон надвор, била доволна да го направи садот на Малхут. Ова е значењето на „според убавината (Тиферет) на човекот, се живее во куќата.“ Ова ги објаснува трите Сефирот ХаГаТ од З“А, и тие се нарекуваат „трите патриарси,“ бидејќи тие се суштината на З“А. Исто така, Нецах, Ход и Јесод се нарекуваат „синови“ бидејќи тие се протегаат од ХаГаТ.(Хохма, Гвура, Тиферет). Работата е во тоа што Цимцум Алеф (првото ограничување), кое е темелно објаснето во книгата, направило цврст Масах (екран) во садот на Малхут. Ова значи дека Бхина Далет (четвртата Бхина) во садот на Малхут ја ограничува Вишата Светлина да не се шири во Бехина Далет, заради различноста на својство кое постои таму.
Сепак, Светлината се протега и сака да дојде до Бхина Далет, бидејќи природатата на Вишата Светлина е да се протега кон нижите, сè додека не се оддели од своето место, како што е запишано во „Паним Меирот уМасбирот“. Така, било напревено Зивуг од Хакаа (спојување со впечатување) помеѓу Вишата Светлина, која се протега во садот на Малхут и задржувачкиот Масах на садот на Малхут. Ова е како сончеви зраци да удираат во огледало, со зраци кои се одразуваат. Така, новите Сефирот произлегуваат од овој Зивуг де Хакаа, наречени десет Сефирот де Ор Хозер (од Одразена, Рефлектирачка, Светлина). Произлегува дека постојат две поставувања на десетте Сефирот во секое настанато суштество: десет Сефирот де Ор Јашар (од Директна Светлина) на четирите Бехинот, и десет Сефирот де Ор Хозер.
Знај дека оваа е таа Виша Светлина која повторно се протегнала од ХаГаТ (Хесед, Гвура, Тиферет) де З“А (од Зивуг од Хакаа на екранот, Масах на садот во Малхут. Тие се нарекуваат Нецах, Ход и Јесод, (НеХЈ). Сега ти можеш да разбереш што е запишано во „Тикунеј Зохар“ (Поправките на Зохар), дека Малхут е четврт на татковците и седми на синовите. Ова значи дека кога таа била создадена, Малхут е распознаена од делото на Тиферет де З“А и следи ХаГаТ, кое се нарекува „татковци.“ Од гледна точка на просветлувањето на Ор Хозер во нејзиниот Масах, таа го следи НеХЈ кој се протега до неа со Зивуг де Хакаа. НеХЈ се нарекуваат „синовите на ХаГаТ“, бидејќи тој е седми од синовите.
Така ние правилно ја објаснивме суштината на десетте Сефироти: КаХаБ, ХаГаТ, НеХЈ и Малхут, до нивниот корен. Ова е првиот концепт во мудроста на вистината, и тој мора секогаш да биде пред очите на учениците додека навлегуваат во мудроста.
Сега ние можеме да го разбереме предупредувањето во „Книгата на Создавањето„ кое гласи: „десет а не девет.“ Бидејќи бил направен Екран, (Масах) во Бхина Далет од Цимцум (ограничувањето) надоле, невозможно е по грешка да се рече дека Бхина Далет е исклучена од десетте Сефирот, и само девет Сефирот остануваат во Кедуша (светоста). Заради оваа причина, тој предупредува, „десет а не девет.“ Тој предупредува и понатаму, „десет а не единаесет.“ Ова значи дека не треба да погрешиш и да помислиш дека Бхина Далет станала сад за примање после Цимцум. Така, таму има два Сефирот во еден Малхут: едниот е Масах кој секогаш се издигнува од Ор Хозер, и другиот е сад за примање на Ор Јашар. Затоа изјавува, „десет а не единаесет.“
3) Постојат пет истакнати распознавања во десетте гореспоменати Сефирот, од кои не треба да ги тргнуваш очите и така ќе ги зајакнеш твоите начини во учење на мудроста.
Првото распознавање е Светлината Ацмут (себеси, суштина), која е сеопфатната Светлина од Ајн Соф и постои во создаденото. Ова е суштината, бидејќи нижиот тука не учествува на никаков начин; и тоа се нарекува Хохма де Ор Јашар, (Директната Светлина).
Второто распознавање е Ор Хасадим која се протега од Вишото надоле. Оваа Светлина е споена со будењето на Гвура на создадените од Бхина Бет, која претставува Светлината на Бина, која таа ја влече.
Третото распознавање е Ор Хасадим која се издига од доле кон Вишото преку Зивуг де Хакаа. Таа се нарекува Ор Хозер која се издига и протега само за создадените, заради горепоменатото задржување.
Четвртото распознавање е Светлината на Вишата Гвура, што ја означува Бхина Бет, која е Авиут од Бина, дека Бина примила со зголемувањето на Вишата Гвура.
Петтото распознавање е долната Гвура, што значи Бхина Далет, каде што зголемувањето на желбата е активирано од Ор Хасадим која била дадена од страна на создаденото. Ова се нарекува „Кли на Малхут де Ор Јашар,“ и оваа Гвура е Кли на десетте Сефирот, и запомни го тоа.
Знај дека Масах - Екранот на садот Малхут е коренот на темнината, заради силата на екранот која одбива, со цел да ја сопре Вишата Светлина да се прошири во Бхина Далет - четвртата фаза. Ова, исто така е коренот на трудот со цел да се прими награда, бидејќи трудот е недоброволно дело, а работникот се чувствува удобно само кога одмара. Но бидејќи земјопоседникот ја плаќа платата, работникот ја поништува својата желба пред желбата на земјопоседникот.
Знај дека овде на овој свет, нема спроведување кое нема корен во Вишите Светови, од кои се протегаат гранки кон долните светови, сè додека тие не ни се откријат нам, во овој свет. Ние гледаме дека воопшто, работата и трудот се вкоренети во екранот на садот во Малхут, кој ја одделува Светлината која што Малхут ја посакува, заради Создателот, Кој сака да дава задоволство, и сè кон што стреми е само Мислата на Создателот, која е задолжителен закон кај создаденото. Нему не Му е потребно дејствие, затоа што Неговата Мисла е целосна. Така, Малхут одбира да не ја прими Вишата Светлина, бидејќи така ќе дојде во различност во својства, („Паним Мериот уМасбирот“, Гранка Еден. 4). Следува дека задржувачката сила во екранот е еднаква со трудот. И наградата која ја дава земјопоседникот на работникот е вкоренета во Ор Хозер оформена при Зивуг де Хакаа, каде што заради екранот бил создаден корен за Ор Хозер. Произлегува дека таа Светлина – Ор Хозер, се враќа да биде Кетер на овие десет Сефирот де Ор Хозер, исто како и на Ор Јашар. Како што ќе биде објаснето подоле, оваа корист за неа е заради чинот на задржување.
Од гореспоменатото, следува дека десетте Сефирот се всушност еден сад, наречен Малхут. Но за да ја заврши својата форма, тоа треба да има распознавање со три корени: трите Бхинот Хохма, Бина, и З“А кои се протегаат еден од друг. Треба да знаеш дека Малхут се содржи во Ор Ајн Соф од пред Цимцум, наречен Малхут де Ајн Соф, во кој било првото ограничување.
Како што е запишано во „Паним Меирот уМасбирот, Гранка Еден“ заради еднаквоста на својствата со Создателот, нејзината желба се издигнала од сакање да прима во Бхина Далет, и до нејзе се протегала Светлината на Кав (линија) од Ајн Соф. Светлината на Кав ги содржи сите Светлини кои се протегаат во петте светови, наречени Адам Кадмон, Ацилут, Брија, Јецира и Асија. Оваа Светлина најчесто се нарекува Кав, од зборот Кав Мидах (мерка), бидејќи се протега во световите според одредена мерка и број, според формата на садот Малхут во тој свет.
Работата за петте гореспоменати светови е работата околу Кетер и четирите познати фази – Бхинот, во десетте Сефирот. Така, светот на А“К е светот Кетер, светот Ацилут е светот Хохма; светот Брија е светот Бина; Светот Јецира е светот Зеир Анпин; и светот Асија е светот Малхут. Но, во секој свет постојат десет Сефирот, и секоја Сефира од десетте Сефирот на тој свет се состои од десет Сефирот.
Тие се подделени во пет горенаведени светови бидејќи садот Малхут треба да биде вграден во секој Сефира, преку Кетер. Ова се случува во Хитпаштут Алеф (првото проширување) на АХаП од А“К (Адам Кадмон), каде што таа била вградена во ЗоН. Во Хитпаштут Бет (второто ширење) де АХаП, таа била вградена во Бина. Во светот Некудим, таа била вградена во Хохма, додека во светот Ацилут таа била вградена во Кетер.
Бидејќи Малхут е вградена во секоја Сефира, започнува светот Тикун (поправка): неговата Рош (глава) е гореспоменатиот свет Ацилут, додека Светлината на Ајн Соф ја наполнува Бхина Алеф. Тогаш Светлината Ајн Соф ја наполнува Бхина Бет, со што го создава светот Брија, (Создаденото). Следува дека, таа ја наполнува Бхина Гимел, создавајќи го светот Јецира, и потоа ја наполнува Бхина Далет, со што го создава светот Асија. Понатаму ќе биде обработено како тие светови произлегуваат, еден од друг, според задолжителниот начин на причина и последица, и како се поврзани еден со друг.
4) Ние прво треба да го разбереме квалитетот на секој еден од световите А“К, (Адам Кадмон) и АБЈА, (Асија, Брија, Јецира, Ацилут), кој ќе го објаснам еден по еден. Да започнеме со светот Кетер, кој го претставува светот Адам Кадмон, (А“К). Првото Кли е светот на Акудим (врзани). Во „Портите на Акудим“, поглавје три, Ари пишува дека се појавиле сите десет Сефирот, но не се појавиле сите во исто време. На почетокот, од светот Акудим, произлегол само Малхут. Малхут произлегол со форма на Нефеш. После него, преку Кетер се појавиле и остатокот на деловите.
Кога се создал Кетер, Малхут бил целосен со сите пет Внатрешни Светлини: Нефеш, Руах, Нешама, Хаја и Јехида. Сепак, на нив им недостигале сите горни Сефирот, кои произлегле нецелосни. Така, тие требало повторно да се искачат кон Создателот, за да бидат целосни. Но сега, при враќањето, Кетер се вратил прв.
Кога се издигнал Кетер, Светлината на Хохма се издигнала до местото Кетер, а Бина до местото Хохма, З“А до местото Бина, и Малхут во местото З“А. Последователно, Хохма се издигнала до Создателот. Тогаш Бина се издигнала до Кетер, следејќи ја Хохма, З“А до Хохма, и Малхут до Бина. Тогаш Бина се издигнала, и З“А се издигнал до Кетер, а Малхут до Хохма. Конечно, и З“А се издигнал, додека Малхут се издигнувал до Кетер, но на крајот Малхут исто така се издигнал до Создателот.
После тоа, Светлината се вратила од Создателот и се проширила во нив, во садовите, иако не според нивниот првичен ред. Наместо тоа, Светлината на Кетер не се вратила, туку се одделила и недостасувала. Така, Светлината на Хохма излегла во садот на Кетер. Светлината на Бина се вратила во Кли на Хохма, Светлината на З“А во Кли на Бина и Светлината на Малхут во Кли на З“А. Садот на Малхут останал без Светлина. Десетте Сефирот од Акудим произлегле од доле кон Вишото. Малхут се појавил прв, потоа З“А, па Бина, па Хохма и на крај Кетер.
Ние треба темелно да ја разбереме работата околу извлекувањето на десетте Сефирот од Вишото надолу и од доле кон Вишото, што е споменато во зборовите на Ари. Секако, овде не се работи за мерки во Вишо, нижо, доле, пред или после, во време и место. Туку, тоа се поими на причина и резултат, причина и последица. Така, како може Малхут да произлезе прв, и потоа да следи З“А, па Бина, сè додека Кетер – коренот на сите нив - не произлезе како последен? Ова изгледа збунувачки. Кој или што ги превртело Вишите да бидат нижи, или обратно?
Тоа е редот во десетте Сефирот од Ор Јашар, што беше објаснета погоре, таа претставува пет степени еден под друг, според мерката на Хиздакут (прочистување) на секоја од грубите Светлини чија форма се променила, т.е, Бехина Далет, Бехина Алеф, бидејќи тоа се смета за скриен потенцијал, кој е најважен во степенот. Бхина Бет веќе била поместена од потенцијал со зголемување на полоша желба отколку во Бехина Алеф. Бхина Гимел е полоша од Бхина Бет, додека Бхина Далет во Малхут е најлошата, бидејќи Авиут во нејзе е поголем од сите останати.
Исто така, познато е дека кога проилзегло Кли на Малхут, тоа го искусило Цимцум Алеф заради кое не прима во Бхина Далет. Оваа задржувачка сила се нарекува Масах (екран), и кога Ор Јашар, која опаднала од Ајн Соф, удрила на Масах на Малхут, таму имало Зивуг од Хакаа, и така се појавиле десетте Сефирот од Ор Хозер, како што е запишано во Паним Меирот уМасбирот (Гранка Три).
Во овие десет Сефирот од Ор Хозер, степените се обратни во споредба со вредноста на деетте Сефирот од Ор Јашар. Во десетте Сефирот од Ор Јашар, почистиот е со Повисоки заслуги. Но во десетте Сефирот од Ор Хозер, погрубиот е Повиш и пободар. Ова е така бидејќи Малхут е Кетер, а не е корен на овие десет Сефирот од Ор Хозер, бидејќи нејзиниот груб екран ја задржува Светлината од опаѓање во Бхина Далет. Така, Малхут повторно станува Кетер по пат на: крајот е во почетокот, како што е запишано во Паним Меиро уМасбирот, Гранка Три.
Произлегува дека З“А ја прима Светлината од Кетер од Ор Хозер, така, З“А се смета за степен на Хохма, додека Бина се смета за степен на Бина бидејќи таа прима од З“А, кој повторно станува Хохма. Исто така, Хохма од Ор Јашар се смета за З“А на Ор Хозер, бидејќи го прима Ор Хозер од Бина. И Кетер од Ор Јашар се смета за Малхут на Ор Хозер, бидејќи тој прима од З“А. Така, ние согледуваме дека почистото во степенот ќе биде пониско и со помали заслуги, и разбери го тоа темелно.
Сепак, десетте Сефироти од Ор Хозер се приклучуваат и вградуваат во десетте Келим. Кога тие се собираат како еден, сите степени се со еднаква заслуга, бидејќи степенот на Малхут е еднаков со оној на Кетер од гледна точка на Ор Хозер, каде што Малхут повторно станува Кетер. Исто така, З“А е днаков со Хохма, бидејќи З“А се смета Хохма од Ор Хозер. Степенот на Хохма е еднаков со оној на Кетер, бидејќи Кетер ја прима Ор Хозер од неа, исто како што Хохма ја прима Ор Јашар од Кетер. Бидејќи степенот З“А е еднаков на Хохма, а Хохма со Кетер, следува дека степенот З“А е еднаков со степенот на Кетер. Следува дека извлекувањето на десетте Сефирот е од Ор Хозер од Бхина Далет, сите степени во десетте Сефирот биле изедначени, и имаат ист степен преку Кетер.
5) Но десетте Сефирот од светот Акудим повторно исчезнале. Ние треба да ја разбереме причината за нивното изчезнување. Ари вели дека причината е во тоа што кога тие проилзлегле, тие биле нецелосни и така повторно се одделиле за да го примат нивното комплетирање. Но, ние треба да го разбереме недостатокот и Тикун (поправка) кое дошло до нив преку ова одделување. Тука Ари запишал дека недоастатокот бил затоа што Кетер проилзлегол само во Бхина Нефеш. На друго место, тој запишал дека недостатокот бил заради Ор Пними (Внатрешна Светлина) и Охр Макиф (Опкружувачка Светлина) кои дошле од истиот отвор, и тие се бореле една со друга, како што пишува во „Хеихал АК, Шар Вав, Шар Акудим“, Поглавје Еден.
Следува дека долниот Таамим дошол под Отиот (буквите), кои се Светлини и произлегле преку Пех, (Уста) од А“К, и од таму кон надвор. Овде Светлините биле целосно задружени, бидејќи тие излегле прку ист отвор. И бидејќи Опкружувачката Светлини и Внатрешните Светлини се споиле, овде започнува создавање на Келим, (Садови). Заради оваа причина, петте Внатрешни Светлини и Опкружувачката Светлина произлегле споени една со друга. Затоа тие се нарекуваат Акудим, од стихот: „и обврзи го Исак.“ Така, кога тие произлегле заедно надвор од Пех (устата), споени заедно, тие се удирале меѓусебе, и нивното меѓусебно удирање го создало постоењето на садовите. Ова значи дека Светлините на Авзен и Хотем биле Ор Пними, која се протега преку левиот отвор на Авзен и Хотем, додека Ор Макиф се протегала преку десните отвори на Азвен и Хотем. Така тие опстојувале и не заминале, бидејќи постои посебно Кли за Ор Пними и посебно Кли за Ор Макиф.
Но во Светлината на Пех, каде што има само еден отвор, Ор Пними и Ор Макиф биле во истото Кли. Така, тие се удирале меѓусебе, и како резултат Светлината се одделила и садовите паднале доле. Со други зборови, тие паднале од својот степен, и потоа на предходната силна желба, (Авиут) било додадено уште Авиут, и ова ги создало садовите, бидејќи одделувањето на Светлината ги комплетирало садовите. За темелно да се рабере ова прашање, за двата отвори на Азвен и Хотем од А“К, прашањето за едниот отвор во Пех де А“К и значењето на петте внатрешни и петте опкружувачки Светлини, потоа Битуш и Келим и Ибуј (додаден Авиут), јас треба дополнително да го обработам, бидејќи зборовите на Ари за овие работи се крајно недоволни.
Тоа е уште повеќе така кога се работи за Опкружувачките Светлини, каде што тој навидум се побива себе во секој дел. Еднаш тој вели дека Внатрешните Светлини КаХаБ, (Кетер, Хохма, Бина), ЗоН и петте Опкружувачки Светлини, КаХаБ ЗОН од Хотем нагоре, но од Пех надоле, Опкружувачките Светлини на Бина и ЗоН престанале, и останале само две Опкружувачки Светлини: Кетер и Хохма, и петте Парцуфим КаХаБ ЗоН. Подоцна, тој вели дека од светот Некудим надоле, нижите Опкружувачки Светлини запреле, но сепак постојат пет Опкружувачки Светлини и пет Внатрешни Светлини во Светлините на Пех. Но, подоцна, тој вели дека постојат пет Внатрешни и пет Опкружувачки Светлини во целата АБЈА, и други такви контрадикторности.
6) Јас тоа ќе го обработам во книгата, но тука ќе бидам краток за да не се оддалечам од прашањето. Во гранка еден и гранка четири е објснет редот на десетте Сефирот, во однос на четирите Бехинот на десетте Сефирот од Ор Јашар и Ор Хозер, дека во секој од десетте Сефирот, постојат две распознавања на Хитпаштут (проширување) и две распознавања на Хитабут (зголемување на Авиут), кој се протега од коренот - Кетер на овие десет Сефирот.
Хохма се смета за широка Хитпаштут кое призлегло прво. Ова значи дека Хитпаштут ги содржи сите Светлини кои се протегаат од Ајн Соф до создаденото. Садот, наречен Ор ха Ав (Тенката Светлина), кој што ја означува желбата за примање која се содржи во Хитпаштут на Светлината, со различност на својството од Создателот, во Кого нема својство за примање, и затоа станува потемно од Светлината, која сè уште не е откриена во Хитпаштут. Ова е така сè додека желбата не се засили, да копнее по дополнително изобилие повеќе од мерката на неговата Хитпаштут. Наместо тоа, тоа е вклучено во гореспоменатата груба Светлина, од гледна точка на Создателот, која сака да му дава. Заради оваа причина, создаденото мора да ги открие своите садови за примање и да ги оствари од потенцијал во моментална реализација. Така, Хитпаштут станува уште потенка додека се шири, што значи желбата за изобилие се шири повеќе од мерката на зголемување на Хитпаштут. Хитабут кој била предизвикан од Хитпаштут, заради зголемувањето, добил свое име. Се нарекува Бина бидејќи е потемно од Ор Хохма, во која била откриена желбата за примање како моментална реализација.
Но оваа Бина е сè уште неспремна да биде Кли, бидејќи нејзината суштина е од Хохма; но тоа е коренот на Кли, бидејќи Кли може да биде завршено само од Хитабут (тенчење) кое е предизвикано во втората Хитпаштут. Тоа се нарекува „Хитпаштут преку прозорец,“ што означува дека дополнителното изобилие Бина го привлекла преку нејзиното ширење од нејзе кон надвор. Ова се нарекува Ор Хасадим, спротивнто од пространата Хитпаштут Алеф (првата Хитпаштут), наречена Ор Ацмут (Светлината на Суштината).
Хитпаштут која се протега преку прозорецот на Бина се нарекува З“А, и се тенчи при ширењето, исто како и првата Хитпаштут. Ова значи дека таа исто така се засилува за да го прошири дополнителното изобилие, повеќе од мерката на Хитпаштут од Бина. Со тоа, таа ги создава садовите за примање кои се содржат во неа. Втората Хитабут е дадено име, бидејќи преку ова зголемување, станало потемно отколку Светлината на Хитпаштут, и тоа се нарекува Малхут.
Бхина Далет, која е Хитабут предизвикано во Хитпаштут преку прозорец, наречена Малхут, е целосниот сад за примање, а не трите Бехинот кои претходат, кои се движеле каскадно само за да ја откријат оваа четврта Бхина. Таа го поминува првото ограничување, спречувајќи се себеси од примање на изобилието во Бхина Далет, заради различноста на форма која е откриена во неа. Оваа сила за задржување се нарекува Масах (екран) или Паргод (завеса), што значи дека го одбива изобилието за да не свети и да не се шири во неа.
Исто така, ова е целата разлика помеѓу првото истенчување, Хитабут, кое било предизвикано во пространиот Хитпаштут, и Хитабут кое се случило во Хитпаштут преку прозорец. Ова е затоа што во првото Хитабут не владее Цимцум; бидејќи тој е спремен за примање на Светлината. Затоа таа се нарекуа „прозорец“ што значи прима, па така куќата го примила задоволството преку прозорот. Но во второто истенчување, Хитабут, владее силата на Цимцум и се порпечува самата себеси од примање на избилието во нејзината Авиут. Тоа се нарекува Масах, задржувач на Светлината.
Откако се појавила Бхина Далет со нејзиниот Масах, Светлината повтоно се проширила кон неа, и Масах ја задржал, како што е споменато погоре. Последователно, од тоа е направен Зивуг де Хакаа, и така произлегле десетте Сефирот од Ор Хозер, како што е запишано во гранка три. Подреденоста на овие десет Сефирот е спротивна од десетте Сефирот на Ор Јашар, која произлегува од доле Нагоре, бидејќи Масах кој ја изнудил оваа голема Светлина, која е негов корен, станал Кетер.
Ова е значењето на „нивниот крај е вграден во нивниот почеток. Исто како што Кетер е почетокот на Рош (глава) на десетте Сефирот од Ор Јашар, крајот, кој е Малхут станал почеток на Рош на десетте Сефирот од Ор Хозер.
Така, Малхут повторно станал Кетер на овие десет Сефирот, додека З“А на десетте Сефирот од Ор Јашар сега станал Хохма, бидејќи првиот примател од коренот се нарекува Хохма. Слично е и со другите, преку Кетер од Ор Јашар, кој станал Малхут во десетте Сефирот од Ор Хозер, бидејќи примил од З“А од Ор Хозер, кој претставува Хохма од Ор Јашар.
Произлегува дека десетте Сефирот КаХаБ ЗоН од Ор Јашар, нивните степени се мерат според чистотата на грубата Светлина, каде што почистиот е Повисок и поважен. Но во десетте Сефирот КаХаБ ЗоН од Ор Хозер, степените се мерат со Авиут, каде што колку е поголем Авиут во степенот, толку тој е Повисок и поважен. Ова ги прави Повисоките во десетте Сефирот од Ор Јашар, пониски во десетте Сефирот од Ор Хозер, и долните во Сефирот од Ор Јашар се Повисоки во десетте Сефирот од Ор Хозер.
Првите десет Сефирот кои се протегале од Ајн Соф се нарекуваат Адам Кадмон. Ова се корените на Келим од Рош, така десетте Сефирот се нарекуваат по Кли од Рош: Галгалта (череп), Ејнаим (очи), Авзнаим (уши) се КаХаБ од десетте Сефирот од А“К, Хотем (нос) и Пех (уста) се З“А и Малхут на десетте Сефирот од А“К. Исто така, познато е дека десетте Сефирот се вклучени еден во друг, како што пишува. Така, секој од гореспоменатите Галгалта, Ејаним и АХаП, се протегаат во десете Сефирот. Забрането да се зборува за десетте Сефирот кои се протегаат во Галгата ве (и) Ејнаим, (ГЕ), кои претставуваат Кетер и Хохма на десетте Сефирот од А“К, и ние не се занимаваме со нив. Ние започнавме да говориме од АХаП надоле, од Бина и ЗоН од А“К.
Исто така, познато е дека десетте Сефирот се Кетер и четирите Бхинот: ХаБ на ЗоН, и во нив постои Ор Пними и Ор Макиф. Ова значи дека тоа што било веќе наполнето во Кли се нарекува Ор Пними, а тоа што сè уште не било наполнето во садот се нарекува Ор Макиф. Така, во секој од десетте Сефирот од АХаП од А“К постојат пет внатрешни, КаХаБ на ЗоН и пет опкружувачки КаХаБ на ЗоН.
7) Ние ќе ги објасниме својствените квалитети на Ор Пними и Ор Макиф на десетте Сефирот од А“К. Работата за десетте Сефирот од Ор Јашар и десетте Сефирот од Ор Хозер кои постојат во секој Сефирот веќе беше објаснета. Во овие десет Сефирот од А“К, исто така постојат десет Сефирот од Ор Јашар од Кетер до Малхут и обратно, десет Сефирот од Ор Хозер од Малхут до Кетер, и Ор Јашар се протега и пристигнува во целост кон создаденото. Сепак, десетте Сефирот од Ор Хозер не се во целост и не се одеднаш протегнати кон создаденото. Наместо тоа, тие се протегаат преку сите Парцуфим кои се формирале после Адам Кадмон. Работата е во тоа што, сè што се протега од Создателот се протега во целост. Тоа се десете Сефирот од Ор Јашар.
Но десетте Сефирот од Ор Хозер кои се протегаат од создаденото, од силата за задржување во Бхина Далет, наречено Масах, не се појавува веднаш во целост. Наместо тоа, секое создадено суштество има дел од тоа, и тој се множи според множењето на создадените, како што е запишано. Сега можеш да видиш дека десетте Сефирот од Ор Јашар и дел од десетте Сефирот од Ор Хозер се Ор Пними, додека целата Ор Хозер е Ор Макиф.
Исто така, веќе беше објаснето погоре дека постојат два Нуквот (мн. Од Нуква) во десетте Сефирот: Хитабут во пространата Хитпаштут, Хитабут во Хипаштут преку прозор, наречен Бина и Малхут. Треба да знеш дека Бина се смета за внатрешен Кли во кој се наполнети сите Ор Пними, а Малхут е надворешниот Кли во кој се наполнети сите Ор Макиф. Ова значи дека Ор Макиф е врзана за неа, бидејќи таа има Масах кој не одговара за примање, заради силата за задржување која постои во него. Наместо тоа, тоа е коренот на десетте Сефирот од Ор Хозер.
Така, содржината на Ор Пними и Ор Макиф е темелно објаснета, исто како и содржината за внатрешниот и надворешниот Кли. Сега ние можеме да ги разбереме зборовите на Ари, кои се споменати погоре во точка 5 во однос на петте Внатершни и петте Надворешни Светлини, кои призлегле споени едни со други преку Пех од А“К. Ова се однесува на она што било објаснето во „Шеар Танта“, прво поглавје, дека Ор Паними и Ор Макиф на десетте Сефирот од Авзнајм, и Ор Пними и Ор Макиф на десетте Сефирот де Хотем произлегле во два Келим : внатрешниот Кли за Ор Пними и надворешниот Кли за Ор Макиф.
Исто така, тие се далечни еден од друг, бидејќи петте Опкружувачки Светлини: КаХаБ ЗоН произлегле од отворот од десниот Авзен, и петте внатрешни КаХаБ ЗоН произлегле од отворот од левиот Авзен, и тоа било слично и во Хотем. Така, тој тука ни кажува дека, во десетте Сефирот од Пех од А“К, не спостојат два одделени Келим, туку и двата, петте Внатрешни и петте Опкружувачки Светлини се појавиле споени во еден Кли: - Пех, наречен Малхут од А“К, што значи Бхина Далет. Сепак, внатрешните Кли, кое ги претставуваат Бхина Бет и Бхина Бина, тука не постојат.
Ние за тоа можеме да прашме: како е возможно Ор Пними, која ја преставуваат десетте Сефирот Ор Јашар, да го исполни Кли од Пех кое преставува Бхина Далет, која се издигнала со Масах и не одговара за примање? Работата е во тоа што самата Малхут распознава четири посебни Бхинот, наречени Ацмут (коски), Гидин (тетиви), Басар (месо) и Ор (кожа). Ацмут од Малхут укажува на Ецем (коска, но и основа) на нејзината структура. Ова е вистинскиот Бехинот З“А, што значи Хитпаштут преку прозорец, освен што се здобило со Авиут низ неговото проширување (Хитпаштут) заради зголемувањето на желбата да се прифаќа повеќе изобилие отколку што има во Хитпаштут од Бина.
Заради оваа причина, тоа се дефинира со име според самото тоа. Така во неа се распознаваат два Бхинот: Бхина Алеф претставува Ацмут во нејзе, делот З“А и Бхина Бет претставува Авиут кој ѝ е додаден со засилувањето. Ова се нарекува Гридин. Тоа што таа го зема од силата Цимцум - задржувачката сила за да не се прими излобилието во оваа груба Светлина - наречена Масах, со Зивуг на десетте Сефирот од Ор Хозер - е Бехина Далет во Малхут, наречен Ор, (коска). Ор Хозер која се издига од Масах со силата на Зивуг, се нарекува Басар, и ова претставува Бхина Гимел на Малхут.
Така, ние дознаваме дека Малхут се содржи во Хитпаштут на Бина. Тоа е суштината на неговата структура. Сега ќе разбереш дека Ацмут во Малхут станал внарешен Кли за петте внатрешни, во Светлината на Пех, и Бхина Ор во нејзе станала надворешен Кли за петте опкружувачки Светлини во Светлината на Пех. Сега е темелно објаснето како петте внатешни Светлини на КаХаБ ЗоН и петте обкружувачки Светлини КаХаБЗоН произлегле во еден Кли - Малхут, во кое има два Келим, надворешен и внатрешен, кои се поврзани еден со друг, бидејќи сите четири Бхинот се еден Кли: Малхут.
8) Сега ние ќе го објасниме прашањето на удирањето и Битуш кои настанал помеѓу Ор Макиф и Ор Пними заради тоа што се споени во еден сад. Види во „Дрвото на Животот“, ХеиХал АК Шар 2, стр.3 како и Шар Акудим, поглавје два, дека природата на Ор Пними е да го прочисти садот кој е наполнето со неа. Така, бидејќи во десетте Сефирот од Пех од А“К, Ор Пними и Ор Макиф биле поврзани во еден сад Малхут, Ор Пними степен по степен го прочистувала садо Малхут. Ова е причината за одделувањето на десетте Сефирот од Пех, наречени „светот на Акудим.’’
Оваа работа е веќе објаснета во точка 6, и точка 4, дека десетте Сефирот од Ор Хозер се со спротивна вредност од десетте Сефирот од Ор Јашар. Затоа што во десетте Сефирот од Ор Јашар, степените се издигаат еден над друг, во зависност од нивната чистина, сè до нивниот корен, кој е најчист. Но во десетте Сефирот од Ор Хозер, степените се издигнуваат, еден над друг, во зависност од нивниот Авиут, сè до коренот, кој е најгруб. Ова се Бхина Далет и Малхут кои повторно станале Кетер. Исто така, Бхина Гимел е Хохма, Бхина Бет е Бина, Бхина Алеф е З“А, додека Кетер се смета за Малхут.
На почетокот Масах бил прочистен за еден степен. Ова значи дека острата форма на Светлината на Бхина Далет, била прочистена, но ѝ била потребна формата на Авиут од Бхина Гимел. Ова се смета дека Светлината на Малхут се одделила од своето место и се издигнала до садот З“А, бидејќи тогаш, исто така, Ор Јашар се протегал од Ајн Соф кон Масах, и задржувачката сила го контролирала Масах, сè додека не бил направен Зивуг де Хаака и тогаш десетте Сефирот од Ор Хозер произлегле од Масах од Бхина Гимел.
Но тие повеќе не се на степенот на Кетер, како што биле на почетокот, туку сега се на степен Хохма. Ова е затоа што Авиут на Бехинат З“А и Бхина Гимел од Ор Јашар ја имаат вредноста на Хохма во Ор Хозер. Произлегува дека Масах не станал повторно Кетер заради Ор Хозер, туку станал Хохма.
Потоа тој се прочистил уште повеќе, и го примил прочистувањето на Бехина Бет, кое претставува Бина. Исто како што биле изгубени Авиут од Бехина Гимел и Бехина Далет, таа ги изгубила и првите два Сефирот од Ор Хозер. Последователно, тоа се прочистило уште повеќе, и го примило прочистувањето на Бехина Алеф, Ор Јашар од Ајн Соф во него се спариле и произлегла Ор Хозер, иако на степенот З“А исто така недостига Бехинат Бина. После тоа, тоа се прочистило уште повеќе, сè до форма на Шореш (корен) кој се издигнал до степенот на Кетер. Тогаш, воопшто не останал Авиут во Масах; така повеќе немало Зивуг де Хакаа на Ор Јашар во неа. Заради оваа причина, Ор Хозер целосно исчезнала од дестте Сефирот од Акудим. (Види внатре во гранка три и гранка четири, каде што тоа е објаснето и обработено).
Така, беше објането дека откако Ор Пними го наполнила садот Малхут, таа го прочистува степен по степен, и истовремено со прочистувањето, исчезнуваат десетте Сефирот: КаХаБ ЗоН од Ор Хозер. Затоа што за време на вознесението на Бехина Кетер, Масах ги изгубил сите свои моќи за да може ја искачи Ор Хозер. Така, десетте Сефирот од Ор Јашар исто така се одделиле, бидејќи Ор Јашар и Ор Хозер се поврзани и споени една со друга.
9) За да се објасни сето ова, јас прво ќе ви ја објаснам состјбата на десетте Сефирот со слика од Таам (еднина од Таамим- интерпункциски знаци) Сеголта: Кетер е на врвот, под него од десно е Хохма, а од лево – Бина. Ние треба да го рабереме тоа, затоа што не дај Боже може да го разбереме погрешно местото кое е опипливо и можеме да го видиме со очи. Исто така, работата околу Пним бе Паним (лице во лице) и Ахор бе Ахор (грб со грб) кои се однесуваат на десетте Сефирот, не дај Боже тие тука да бидат разберени напред или назад.
Работата веќе беше објаснета во четирите Бехинот од Ор Јашар, која се протега од Ајн Соф - Кетер, и проширувањето на Кетер се нарекува Хохма. Исто така, како што се проширува така и се тенчи, што значи зголемувањето на желбата да дава изобилие е поголема од мерката на неговото проширување. Така, тука има две распознавања: Бехина Алеф, е целата Светлина која се протега од Ајн Соф кон создадените, наречена Хохма, додека Бехина Бет е Хитабут, која е дадена заради зголемувањето на желбата да добие нови изобилија, наречена Бина.
Заради оваа причина, во Сефира Бина постојат три распознавања: прво распознавање е нејзината структура, која претставува дел од самата Хохма. Второ распознавање е Светлината која во нејзе се истенчила преку зголемувањето, за да се прошири до нови изобилства од Кетер. Третото распознавање е суштината на изобилието кое таа го влече од Кетер, наречено Ор Хасадим, кое е многу пониско од Ор Хохма која се протега директно од Создателот. Но Светлината на Бина која се протега од Кетер се поврзува со нејзиното прво зголемување, заради кое се истенчила.
Кога Бина ја влече Светлината на Хасадим од Кетер, таа не ја влече Светлината на Хохма од Сефира Хохма. Така, таа се смета за Ахор бе Ахор (грб со грб) со Хохма. Произлеува дека Ор Хохма која ја претставува Светлината од Ацмут од општите десет Сефирот во создаденото, во него престанува, бидејќи Бина го свртела свето лице (Паним), за од Кетер да влече Ор Хасадим.
Сепак, кога се појавува Бехина Далет, десетте Сефирот од Ор Хозер кои се протегаат од неа, имаат повеќе Ор Хасадим отколку во Бина, па така на Бина повеќе не ѝ е потребно да влече Ор Хасадим од Кетер, бидејќи таа прима изобилие од Ор Хозер од Малхут. Заради оваа причина, таа го врти своето лице, (Паним), кон Хохма, и повторно влече Ор Хохма. Тогаш, Ор Хохма, исто така е повлечена во општите десет Сефирот во создаденото. Ова се нарекува Паним бе Паним на ХБ, (Лице в Лице на Хохма и Бина), кои тие го добиле преку Ор Хозер, која се издига од Малхут.
Но, пред прогонот на садот Малхут, Бина го свртела своето Паним кон Кетер, што претставува состојбата на Сеголта, каде што Бина е под Кетер, исто како Хохма. Но Хохма ја влече Светлината на Ацмут од Кетер, додека Бина влече Светлината на Хасадим од Кетер. Бидејќи Светлината на Ацмут е збирот на Светлина во создаденото, Хохма се смета за „десна“, додека Светлината на Хасадим се смета за „лева“ бидејќи се поврзува со Гвура.
Така ние објаснивме дека Светлината на Ацмут не може да се шири во сите десет Сефирот од Ор Јашар, бидејќи Бина е во Ахор бе Ахор, (грб со грб), со неа, освен за време на Зивуг де Хака во Масах во садот на Малхут. Тогаш, на Бина повеќе не ѝ е потребна Ор Хасадим и повторно станува ПбП ( Паним бе Паним) со Хохма. Произлегува дека кога десетте Сефирот од Ор Хозер се одделуваат од светот Акудим, Светлината на Ацмут на десетте Сефирот од Ор Јашар се одделуваат заедно со неа. Ова е затоа што Ор Хохма и Ор Хозер се меѓузависни, и само Ахораим де Бина останува во светот Акудим, што ја означува Светлина на Хасадим и нејзината Гвура.
Сега можеш да ги разбереш зборовите на Ари кои ги споменавме погоре, дека природата на Ор Пними е да го прочисти садот кој го наполнила, бидејќи таа се врти околу Ор Хохма, која ја наполнила внатрешноста на создаденото, преку Бина која повторно станува ПбП со неа. Така, Ахораим де Бина е прочистена, и бидејќи Ахораим де Бина, која ја преставува Бехина Бет, е коренот на Бехина Далет, бидејќи коренот е прочистен, така и гранката, која е Бехина Далет, е исто прочистена заедно со коренот.
10) Сега ние ќе го објасниме прашањето околу Битуш на Внатрешната Светлина со Опкружувачката Светлина, бидејќи тие се врзани една за друга, како што споменав погоре во точка 5. Јас ќе ги прикажам зборовите на Ари во „Шар Акудим“, поглавје пет, каде што тој самиот го објаснува прашањето за Битуш. Ова е накратко, од она што го запишал: следува дека постојат три вида на Светлини (во Хитпаштут на Светлината во светот на Акудим и во нејзиното одделување назад кон Создателот). Првата Светлина е Светлината на Акудим, наречна Таамим. Втората е Решимо, (сеќавање) на таа Светлина, што останува и после одделувањето, и се нарекува Тагин. Третата Светлина доаѓа преку вознесение на Сефирот, во кое време таа е преку Ахораим, што претставува Дин. Оваа се нарекува Некудот.
Кога третата Светлина, наречена Некудот, доаѓа и ја удира втората Светлина, наречена Решимо, што претставува Рахамим, тие се удираат и тепаат меѓусебно. Ова е затоа што тие две се спротивни: едната е Ор Јашар, која е Рахамим, а другата е Ор Хозер, која ја претставува Дин. И тогаш паѓаат Ницоцин (искри) од Ор Хозер која опаѓа, која ја претставува Дин, и овие Ницоцин преставуваат друга, четврта Светлина, наречна Отиот. Овие се четирите распознавања на Светлините: Таамим, Некудот, Тагин, Отиот - и сите се вклучени во Акудим. Исто така, овие Ницоцин кои паднале од Ор Хозер се како 248 Ницоцин од кршењето на садовите во светот на Некудим.
Толкување на неговите зборови: според тоа што беше објаснето погоре, во однос со редот на ширењето на Светлината во светото Акудим, прво Светлината се протега од Ајн Соф до Зивуг де Хакаа на Масах во садот Малхут. Следува, десетте Сефирот од Ор Хозер се појавиле во неа, од доле кон Вишото, како што е запишано во точка 6. Тие имаат обратен однос, каде што Вишите во Ор Јашар се долни во Ор Хозер, бидејќи во десетте Сефирот од Ор Хозер степените се намалуваат според чистотата. Така, З“А кое е почисто од Малхут, е од понизок степен од Малхут. Но ова е така само во однос на Хохма во десетте Сефирот од Ор Хозер. Бина, која е почиста од З“А, била намалена во степените, и таа ја поседува само вредноста на Бина. Хохма, која е почиста од Бина, била намалена во степените и има вреднос само на З“А. Кетер ја има вредноста на Малхут, и за тоа пишува во гранка три.
Но кога еднаш Ор Јашар и Ор Хозер се обединуваат и здружуваат, тоа создава еднаква вредност, каде што степенот на секој од десетте Сефирот го достига степенот на Кетер, како што е запишано во точка 4. Целиот свет на Акудим, ширењето и враќањето на Светлината Ајн Соф од Кетер кон Малхут и од Малхут кон Кетер, и Ор Хозер која се поврзува со Ор Јашар во еднаков степен преку Кетер, се нарекува Таамим или Хипаштут Алеф од Акудим.
Погоре беше објаснето (точка 8) дека бидејќи Ор Пними го наполнува садот Малхут, чија природа е да го прочисти садот, тоа предизвикува прочистување на Масах, степен по степен. На почетокот, таа го прима прочистувањето исто како Бехина Гимел. Ова се смета дека Масах се издигнал до З“А. Тогаш Ор Ајн Соф повторно се протега од Кетер кон Масах во садот З“А, и од З“А кон Кетер. Ова ја намалува вредноста на Ор Хозер која се издига од Масах до степен на Хохма, слично со вредноста на З“А од Ор Хозер. Слично, степените се намалуваат и во Хиздакут на Масах, преку Хиздакут на Бехинот од Ор Јашар, кога е поништен Масах и престанува Зивуг де Хакаа.
Така, целата Ор Хозер, која се спушта степен по степен сè додека целосно не исчезне, се нарекува „Светлината на Некудот.“ Ова е така затоа што Масах се шири зависно од степенот на Цимцум, и така ја остранува Ор Јашар, од приближување и ширење во него. Тоа е како средната точка во Цимцум Алеф која се декорирала себеси и ја одделила Светлината во неа, и го избрала Хиздакут од нејзиниот Авиут, со цел да ја изедначи нејзината форма со таа на Создателот, како што било објаснето во детали во „Паним Меријот уМасбирот“, гранка еден. Така, оваа сила, желбата да се биде прочистен, е вградена во Масах.
Сега ние ќе го објасниме значењето на Решимо - Светлината на Тагин. Познато е дека дури откако Светлината се одделува, таа сепак зад себе остава Решимо. Така, првата Хитпаштут е светот Акудим, кој се протега и враќа од Кетер кон Малхут и од Малхут кон Кетер, издигнувајќи десет Сефирот чиј степен е еднаков со оној на Кетер во Ор Пними, и слично, десет Сефирот од Ор Макиф, како што е запишано во точка 7(забаелешка дека овде нема одделен сад за Ор Пними и одделен сад за Ор Макиф). Така садот, како целина, се нарекува Кли на Кетер. Ова е затоа што сите десет Сефирот биле на степенот на Кетер. Така, иако оваа Хитпаштут повторно се одделила, од неа останало сеќавањето, кое ја чува и одржува претходната форма која била тука, за да не биде отповикана заради одделувањето на Светлината.
Последователно, можеш да видиш како Светлината на сеќавањето, Решимо, која останала од Хитпаштут Алеф, и од опаѓачката Ор Хозер, која ја претставува Светлината Некудот, се две спротивности, кои се удираат и тепаат меѓусебе. Ова е затоа што Светлината Решимо е ојачана од страна на Хитпаштут Алеф, каде што Ор Јашар се протега преку Масах од Бехина Далет, и сака Масах да остане точно во Авиут на Бехина Далет, бидејќи само преку моќта во Авиут во Бехина Далет нема вредност на степенот на Кетер. Но, Светлината на Некудот, самиот Масах, се засилува со сета своја моќ, само да биде прочистен од неговата остра Светлина, која се распознава како Дин, и сака да биде целосно прочистен и да ја изедначи својата форма со таа на Создателот, бидејќи во него била вграден Цимцум уште од првиот почеток, и тоа е неговиот корен.
11) Сега ние можеме да ја разбереме четвртата Светлина, која паднала преку Битуш од Светлината на Решимо со Светлината на Некудот, наречна Отиот. Тие се како 248-те Ницоцин од кршењето на садовите во светот Некудим.
Треба да знеш дека на секое место во Зохар, Тикуним (поправка на Зохар), и во писанијата на Ари, зборот Ницоцин или Ницацин или Хитноцецут ја вклучува Ор Хозер. Ова е затоа што осветлувањето на Ор Јашар се дефинира со имињата Орот или Нехорин, додека осветлувањето на Ор Хозер се дефинира со името Ницоцин или Зикин или Хитноцецум. Така, гледаш дека прашањето за Ницоцин кој паднал преку Битуш на Решимо во опаѓачката Ор Хозер исто така се смета за Решимо, иако тоа е Решимо од Ор Хозер, и така се дефинира со името Ницоцин.
Редот на опаѓањето на Ор Хозер беше објаснет погоре (точка8). На почетокот, таа примила прочистување од З“А и била одделена од Бехина Далет, што претставува Келим на Малхут. Кога Ор Ајн Соф повторно се приширила кон Масах во Кли на З“А, оваа Светлина на Малхут била на степен на Хохма, со недостаток на Бехинат Кетер од општата Светлина на Акудим, бидејќи Малхут во З“А не станува повторно Кетер, туку Хохма. Беше објаснето дека суштинскиот давател во степенот на десете Сефирот на создадениот е Светлината Малхут, како што е гореспоменато во „Паним Меирот уМасбирот“, гранка четири. Следува дека вистинскиот Кли Малхут е без Светлина, и дека двете Решимот требало да останат таму. Првото Решимо е од Светлината Таамим, која го одржува Авиут на Бехина Далет колку што може. Второто Решимо е Светлината на Некудот, што значи Светлината која му е препишана на Масах, кој копнее по Хиздакут.
Но, двете не можат да останат заедно, бидејќи тие се спротивни. Ова е затоа што местото на Решимо од Таамим се нарекува Кли од Кетер, бидејќи неговите десете Сефирот се на ниво на Кетер. Местото на Решимо на опаѓачката Ор Хозер се нарекува сад Хохма или „под Кетер.“ Така, нејзиното Решимо се одделило од Малхут и се издигнало до садот З“А. Но Решимо на опаѓачката Ор Хозер останало на свое место. Така, тука Решимо од Ницоцин од Ор Хозер бил одбиено. Но, од тука па натаму Ницоцин де Ор Хозер се одбива за Светлината на Решимо.
Потоа, при издигнувањето на Масах до местото Бина, кога го примил прочистувањето од Бехина Бет, и Ор Ајн Соф повторно се протегнал повеќе од Кетер до Бина и од Бина до Кетер, Бехинат Хохма била повлечена. Тогаш Кли од З“А останал без Светлина, и таму останале двата Решимот, од Светлината Таамим и од Ор Хозер, кои се спротивни. Овде Решимо бил помоќен од Ницоцин од Ор Хозер, бидејќи Решимо од Таамим останал во Кли на З“А; така, тоа останало во форма на Кли од Кетер.
Сепак, Решимо од Ор Хозер, односно Ницоцин од Кли на Хохма, се одбиваат под Табур, под Кли од Кетер бидејќи Хитпаштут на светот Акудим е преку Табур, и Малхут од Акудим се нарекува Табур. Исто така, веќе е познато дека Ницоцин од Кетер од Ор Хозер која опаѓа, чија вредност се смета Кетер од Хохма, останал таму бидејќи Решимо од Малхут од Таамим, кои навистина се Бехина Кетер, се издигнале до З“А. Ницоцин кој паднал од садот З“А, што претставува Ницоцин од Хохма во Хохма, паднал од Табур, каде што има Кетер од Хохма.
Слично, издигнувањето на Масах до Хохма, кога е прочистен во Бехина Алеф, Ор Ајн Соф уште се ширела од Кетер до Хохма и од Хохма до Кетер, и оваа Светлина е степенот З“А. Така, степенот на Бина бил повлечен, и садот Бина останал празен, без Светлина. Овие два леви Решимот, како што е запишано горе: Решимо де Таамим кое останал на своето место, и Решимо на Ор Хозер кое опаѓа, биле одбиени и паднале под Ницоцин од Хохма под Табур. Последователно, тој бил прочистен нагоре сè до Бехинот Кетер, Шореш (корен), и така ги изгубил сите Бехинот Авивут. Така, Зивуг де Хакаа природно било поништено, бидејќи немала повеќе Ор Хозер. Произлегува дека од Бехинат Кетер, воопшто не паднала ниту една искра, Ницоцин додека таму останало само сеќавањето, Решимо од Таамим. Така ние темелно ја објаснивме спротивноста помеѓу Решимо и Ор Хозер која опаѓа, за кои веќе било скршено пакувањето додека Решимо на десетте Сефирот на Таамим останале на нивните места. Тоа се садовите КаХаБ ЗоН од Кетер, преку Табур од А“К. Ницоцин, кои преставуваат Решимо на Ор Хозер која опаѓа, излегле од степенот во кои биле. Тие се сметаат како да се наоѓаат под Табур, што значи под Малхут од Акудим, а тоа се садовите: КаХаБ ЗоН од Хохма, како што рековме погоре, дека тие се нарекуваат Отиот.
12) Причината за Хиздакут веќе беше објаснета погоре, на крајот на точка 9: Ор Пними е поврзана за садот Малхут, кој е всушност само надворешен сад за Ор Макиф, како што е запишано во точка 7. Така, кога Ор Хозер се издигнува и ги носи ХБ назад во ПаБаП, како што е зпишано во точка 9, Авиут од Бина ги напушта, бидејќи се враќа да биде едно со Хохма, како и што биле претходно. И кога Авиут во коренот е поништен, исто така е поништен и Авиут во гранката. Така, кога Бина станува еден објект со Хохма, таа го прочистува Масах, и таа исто така, се искачува степен по степен, преку неа и заради неа, сè додека не исчезне.
На почетокот на влегувањето на Ор Хозер во Бина, таа започнува да го враќа своето лице, Паним, назад во Хохма. Така, од Бехина Далет и Бехина Гимел се издига Масах. И кога таа ја влече Ор Хохма од Паним од Хохма, Масах се издига до Бехина Шореш. Ова е значењето на тоа што е споменато во Идра Раба: „искратата била ушмукана.“ Следува дека Ор Хохма, која е основната Светлина од Ацмут е првонастанатата, што значи дека светот Акудим и Ор Хозер кои се издигаат од садот Малхут, се врзани една за друга и се бркаат. Ова е бидејќи без Ор Хозер, Ор Хохма нема да биде во можност да се протега во создаденото, бидејќи Бина го свртила своето лице, а нејзиниот грб кон Хохма за да цица Ор Хасадим од Кетер. Ова значи дека таа нема да цица Ор Ацмут од неа.
Но, кога Ор Хозер излегува, Бина го врти своето лице кон Хохма и само тогаш Светлината од Ацмут може да се прошири во настанатите. Така, Светлината Ацмут зависи од Ор Хозер. Но кога ХБ повторно станува ПабП, и престанува нејзиното негување на Кетер, нејзиниот Авиут се поништува, што природно го поништува и Авиут во гранката, кој е Масах. Така, Ор Хозер исчезнува. Така, Ор Хозер е одбивана и бркана заради Светлината на Ацмут. Ова е темелно објаснето во зборовите на Ари, кои ги преставив погоре, точка 5, дека Ор Пними и Ор Макиф се тепаат помеѓу себе, и нивната борба раѓа садови. Ова е така затоа што Ор Пними е Ор Хохма се протега во создадениот, заради Ор Хозер. И Ор Макиф е Масах, што го претставува надворешниот сад, коеј е врзан со целата Ор Макиф која е осудена да произлезе во световите по пат на Ор Хозер, како што е запишано во точка 7.
Иако се независни, Ор Пними која се протега низ ХБ на ПаБаП, се враќа и ја удира Ор Макиф. Ова го прочистува Масах и предизвикува одлеување на Светлината од светот Акудим. Така, Решимот од Таамим и од Ор Хозер се шират еден од друг, Решимо од Ор Хозер е одбиено надвор од нејзино присуство, што значи под Табур, наречн Отиот, и овие се садовите, Келим.
13) Така, ние темелно ја разјаснивме причината за одделувањето, заради постепеното Хиздакут на Масах сè додека целата Ор Хозер не исчезне, и заедно со неа и Светлината на Ацмут од Кетер и Хохма од Ор Јашар. Сепак, тоа не останало така: после исчезнувањето на Светлината од Ацмут, Бина го свртела своето лице, Паним, назад кон Кетер, заради избилието од Ор Хасадим, и така, претходниот Ахораим и Авиут се вратиле кај нејзе и нејзиниот Авиут се вратил кон Масах, кој претставува нејзина гранка. Исто така, познато е дека Ор Јашар од Создателот не престанува да тече кон создаденото, дури ни за момент. Така, откако Масах си го повратил својот Авиут, Ор Јашар од Ајн Соф била обновена во четвртиот гореспоменат Бехинот, и нагоре сè до Зивуг од Ор Хозер. Повторно, десетте Сефирот од Ор Јашар и Ор Хозер се прошириле во свтот Акудим. Ова се нарекува Хитпаштут Бет на светот Акудим.
Сепак, бидејќи ХБ повторно станале ПбП преку горепоменатата Ор Хозер, Авиут и Ахораим од Бина повторно се прочистиле, а со тоа и Авиут на Масах, кој е нејзина гранка. И повторно, Зивуг од Хакаа и Ор Хозер биле поништени, и Бина се вратила да влече Ор Хасадим од Кетер. Така, Светлината од Ацмут заминала исто како претходно.
Слично, кога Авиут и Ахораим се вратиле кај Бина, Авиут била привлечен во Масах, и природно Ор Јашар била обновена на Масах. Преку тоа, исто така, се проширила Светлината Ацмут. Ова се повторува на сличен начин: кога Ор Хозер доаѓа, Светлината од Ацмут повторно се шири. И кога Светлината од Ацмут доаѓа, Ор Хозер заминува. И кога заминува Ор Хозер, Масах си го враќа Авиут и Ор Хозер е обновена, и Светлината од Ацмут повторно се шири, итн. Произлегува дека овој втор Хитпаштут е како постојан пламен кој се движи кон целта и од целта наназад. Затоа Ари вели дека Ор Пними и Ор Макиф, кои се врзани во едед сад, се удираат една со друга.
Ова ја разјаснува големата разлика помеѓу Хитпаштут Алеф од Акудим кој бил на ниво на Кетер, бидејќи Ор Јашар се парел со Масах од Бехина Далет, и моменталниот Хипаштут, кој е само на степенот на Хохма. Тоа е затоа што целиот Авиут на Масах е само Хитпаштут од Авиут на Бина, како и Авиут од З“А, кој се протега само до степенот на Ор Хохма, како што е запишано во точка 8. Но оваа Светлина, исто така, не е постојана. Туку, таа е како пламен кој се движи од и до. Ова темелно објаснува дека движењето на Хитпаштут Бет од Акудим е продолжение од одделувањето на Хитпаштут Алеф.
14) Сега ние можеме да ги разбереме зборовите на Ари во „Шаар Акудим“, поглевје еден и два, дека А“К се ограничил самиот себеси и ги издигнал сите Светлини од под Табур до Табур и Нагоре, и тие се издигнале како МаН, (молитва / Вода од Нуква), до АБ, (Парцуф), од Галгалта. Таму, таа ставила граница (завеса) во внатрешните Светлини кои се издигаат од НаХЈ и се одделиле преку Ејнаим, кои се протегаат под Табур, и се шират во десетте Сефирот од светот на Некудим.
Од Светлината, која била обновена со издигање на МаН, таа се ширела и ја пробивала Парса, па опаднала под Табур, ширејќи се преку Некавим (дупки) во Табур и Јесод, во десетте Сефирот во светото Некудим. Овие две Светлини ги сочинуваат десетте Сефирот од Некудим. Овие две Светлини и овој нов Цимцум бараат многу детално објаснување, кое ќе биде направено во свое време. Овде јас ќе објаснам како што е потребно. Веќе беше објаснето дека Светлините под Табур од А“К се Отиот и Ницоцин кои паднале преку Битуш од Решимо на Кетер и Таамим во Решимо на Хохма и Некудот. Тие се одделиле под целиот Решимо од Кетер, и оваа излезна точка се нарекува НаХЈ и „под Табур.“
Сега, откако Хитпаштут Бет - кој е само Ор Хохма во садот Кетер - се вратила во светот Акудим, била повторно направена еднаквоста помеѓу Решимот од Таамим и Решимот од Некудот. Ова е затоа што двете се сметаат за Хохма, и бидејќи сите КаХаБ ЗоН од Решимо од Некудот, под Табур, биле повлечени, се издигнале и повторно се поврзале со Решимот над Табур. Затоа Ари вели дека А“К ја издига Светлината од под Табур до над Табур.
Но, ние треба да разбереме зошто се нарекува Цимцум. Работата е дека постојат две распознавања во овие Ницоцин кои се издигнале. Првотот е Ницоцин од Кетер од Ор Хозер која опаѓа при останувањето во Табур, кој претставува Малхут од Акудим и Бехина Далет. Светлината на Хитпаштут Бет не стигнала до него, бидејќи тој е од Бехина Гимел и има Авиут од Хитпаштут од Ахораим од Бина. Второто распознавање е Ницоцин од ХБ и ЗоН од Бехина Гимел, како што е запишано во точка 11 и 12.
Така, еднаш кога се издигнале ХБ на ЗоН од Ницоцин, Светлините таму се зголемиле повеќе од претходно, заради Авиут кој им бил додаден со паѓањето под Табур. Така, Ницоцин од Кетер во Табур, што претставува Бехина Далет, исто така се протегала таму. И природно, Светлината Ор Јашар од Ајн Соф, која никогаш не запира, била обновена врз нив. Така, Зивуг од Ор Хозер бил направен во Бехина Далет, и како резултат, се појавиле новите Сефирот во степенот на Кетер, како и во Хитпаштут Алеф.
Така, ние гледаме како двете Бехинот од десетте Сефирот биле направени од Ницоцин кои се издигнале: десетте Сефирот од степенот на Хохма биле направени од ХБ ЗоН од Ницоцин кои биле поврзани само во нивното изгдигнување, бидејќи тие се од Бехина Гимел, како и Хитпаштут Бет, и во степенот Кетер биле направени десет нови Сефирот од Ницоцин од Кетер. Овие два Парцуфим се корените на Парцуфим АВИ и ЈЕШСУТ од Ацилут. Новиот Пацзуф во степенот на Кетер е АВИ, и се нарекува Хохма и Аба од Ацилут. Додека Парцуф од старата Светлина, во степенот Хохма е ЈЕШСУТ, и се нарекува Бина и Има од Ацилут.
Со тие корени ти ќе разбереш што е запишано во „Идра Зута“, дека Аба ја изнела Има заради нејзиниот син, и самата Аба била изградена како машко и женско. Ова е затоа што Вишиот Парцуф, кој е на ниво на Кетер, наречен Аба, бил изграден како машко и како женско, бидејќи тој ги издигнал Бехина Далет- Нуква и Малхут- кон него. Бина, долниот Парцуф, чиј степен е под тој на Кетер, се одделил од Аба заради Нуква, која е Бехина Далет, и ја завршува и воздржува Вишата Светлина да се шири под неа. Затоа оваа Бехина Далет се нарекува Парса, без Некев (дупка) која постои во Бехина Бет. И заради оваа Парса, ЈЕШСУТ не се наполнува со Светлината на Кетер.
Произлегува дека Бехина Бет, која е Бина, за која не се однесува Цимцум Алеф, сега имала недостаток, бидејќи била ограничена, исто како што е и под Бехина Далет. Затоа Ари рекол дека А“К се ограничил себеси со издигнување на Светлина од под Табур, во однос на Бехина Бет која сега била ограничена заради издигањето на МаН.
15) Треба да ја познаваш големата разлика помеѓу Рош и Гуф, (Глава и Тело). Рош се нарекува ГаР,(првите три Сефирот), додека Гуф се нарекува ВаК, (шесте ивици, рабови); ЗаТ,(седумте долни Сефирот) или ЗоН. Гуф е поделен на ГаР и ЗоН.
Коренот на оваа поделба е во Пех – Малхут - структурата која е направена од Ор Јашар. Ор Хозер која се издига и ѝ се придружува, е само облека врз неа. Спротивното на тоа е Гуф, кој е Хитпаштут на Масах, до степен до кој ги наполнува Сефирот од Рош. Така, тоа е формирано од Ор Хозер, и десетте Сефирот од Ор Јашар, кои се како негови гранки. Тоа се нарекува ЗоН иако во суштина е само Малхут. Ова е така затоа што во реалноста не постои Светлина од Малхут, освен во НаХЈ од З“А кои се обединуваат со него во Зивуг од Хакаа. Така, тие се сметаат како едно кое се протега преку Ор Хозер. Веќе беше објаснето погоре дека задржувачкиот Масах од Ор Хозер кој проилегува како резутат од тоа, не му се препишуваат на Создателот, туку само на создаденото. Заради оваа причина, Рош се смета како Ацмут на Светлината на Создателот, додека Гуф се смета само како дело на самото создадено.
Сега можеш да ги разбереш петте вклучени Парцуфим од А“К, наречени Галгата, АБ, СаГ, МА и БоН, и нивниот ред во создавањето и наполнувањето еден во друг и како тие се поврзани и произлегуваат, еден од друг, по пат на причина и последица. Ова е така заради Неговата една, единствена и соединувачка Мисла - темелно објаснета во „Паним Меирот уМасбирот“, гранка еден. Таа Мисла е да ги насладува Своите суштества. Оваа Мисла е коренот на садот, додека Цимцум Алеф се појавил во Бехина Далет индиректно, како што е запишано во точка 7, и во алегоријата за богатиот човек. Види во точка 8, дека оваа единствена Мисла ја опфаќа целата реалност, сите светови, и сите форми и спроведувања сè до крајот на поправката, Гмар Тикун, кога сите тие повторно се соединуваат со Светлината на Ајн Соф од пред Цимцум, во едноставно единство, во едно својство кое стои Над нас – „да ги насладува Своите суштества.“
Веднаш после Цимцум во Бехина Далет, што претставува Гадлут (зрелост, големина, возраст) на желбата во Малхут од Ајн Соф, се појавиле четири форми, на градација на Решимо, кои биле испразнети од Светлина - во Кли. Тие се нарекуваат ХБ, З“А и Малхут, и тие содржат Ор Пними и Ор Макиф, и имаат дванаесет форми. Потоа, Светлината се протегнала кон горепоменатото Решимо и доле до точката Цимцум, бидеји Неговата Светлина воопшто не застанува, и тоа запомни го. Тогаш тенката линија се протегнала кон Решимо, и тоа се нарекува: „тенка“, бидејќи Светлината на Ацмут се протега до создадените, само во Ор Хозер која се издига од Зивуг од Масах. И со моќта на Ор Хозер, Целем од А“К бил откриен во форма на Парцуф Галгата, што во примерот се нарекува „почетокот на линијата.“
Таа се протега над 25-те Бехинот, бидејќи таму има КаХаБ на ЗоН во должината и постојат КаХаБ на ЗоН во тенкоста. Како што рековме, затоа што Малхут повторно станал Кетер, секој од КаХаБ на ЗоН се проширил во десетте Сефирот преку Кетер, и тоа во примерот се нарекува, Галгата ве Ејнаим, (Череп и очи), АХаП, или Галгата, АБ, СаГ, МА и БоН. Степенот на секој од нив достигнува до Галгата, и неговата Светлина произлегува од внатрешноста на создадениот, и тоа било објаснето во „Паним Меирот уМасбирот“, гранка три, точка 2, стр.22, во однос на редот на откривањето на Светлините заради Хиздакут на Масах.
16) Така започнува откривањето на АБ. Откривањето се однесува на недостаток. Заради Хиздакут од Бехина Далет на Внатрешното А“К, наречено Пех, таа примила Авиут од Бехина Гимел. Откако Светлината на Ајн Соф била привлечена над овој Масах, произлегле нови десет Сефирот во степенот на Хохма, наречени АБ. Произлегува дека АБ кои призлегуваат се одземени од АБ кои остануваат во А“К, во степенот на Кетер. Така, Кетер на надворешните АБ се наполнува со Хохма од Галгата, и се шири преку Табур на Внатрешниот А“К. Тоа, исто така, содржи дваесет и пет Бехинот од десетте Сефирот од Ор Јашар, кои се Галага ве Ејнаим, Авзен, Хотем и Пех, од кои секој од нив се шири со моќта на Ор Хозер на петте Бехинот, преку Кетер од АБ. Сепак, општиот Кетер на внатрешните А“К останува откриен, и тој се распознава со Рош и Гуф. Од Пех надоле, тоа се нарекува Гуф, бидејќи тоа е само Хиташтут на Масах. Така, Ор Пними и Ор Макиф се врзани само во Бехина Далет. Затоа тие морале повторно да се разделат, и ова се нарекува „Светот на Некудим,“ што претставува ЗоН и Гуф на Надворешното АБ.
Исто така, веќе беше објаснето дека Авиут се вратил кон Масах после Хистаклут на неговиот Гуф, и тука настанал и втор Хитпаштут, како што е запишано во точка 13 и 14. Тој ја протега Светлината од под Табур до Над Табур, и со ова издигнување, се поправаат Горните АВИ. Под нив се протега Парса, и ЈЕШСУТ е од Парса до Табур. Сите овие издигања се нарекуваат „Надворешниот Парцуф СаГ,“ што означува дека тој се одделил од својот претходен степен, кој во надворешното АБ бил Бина во степенот на Кетер Хохма, што претставува Светлината Авзен преку Шиболет од Закан. Но, во овој Парцуф, кој бил направен од Ницоцин кој паднал од Светлините од Пех од Надворешното АБ. Бина на овој Парцуф е под сите десет Сефирот од Горните АВИ, така, на него му недоставува Кетер. Така, неговот место е од Пех надоле, што значи од Шиболет од Закан, што претставува Галгата.
Како што Надворешното АБ го наполнува Малхут на општиот Кетер и Вишите Девет остануваат откриени, така Надворешното СаГ, исто така, го наполнува Малхут од Кетер од АБ, од Пех надоле, додека неговите Виши Девет- целината на Рош - останале откриени. Како што АБ ги изнудило своте гранки преку Се’арот (влакна), така Рош, овој СаГ ги изнудил своите гранки преку Се’арот АХаП, што ќе биде објаснето подоцна. Ова е значењето на Светлина која е повторно повлечена од нив заради нивното излегување, во споредба со Вишата, која останува во Се’арот како Опкружувачка Светлина, која се враќа.
Овој СаГ го наполнил А“К од Шиболет на Закан преку неговиот крај. Ова значи дека Бехина Рош, кои се ГаР, се протегале преку Табур, кој е вредноста на Галгата ве Ејнаим, Авзен и Хотем. Неговата Пех се протега во десетте Сефирот од Гуф кон себе, како во Пех на Надвоершното АБ, затоа што се вразани во еден сад. Во нив имало постепено Хиздакут, сè додека не се прочистат во Бехина Кетер, и така исчезнува целото Хитпаштут. Ова е значењето на кршењето на садовите и паѓањето на 248-те Ницоцин. Сепак, ова се случило само во нивниот ЗоН, а не во нивниот ГаР, заради поправката на Парса, како што беше објаснето погоре. Потоа, Ницоцин кои паднале од Пех од Надворешниот СаГ се протегал и издигнал во форма на МаН, и така излегол новиот МА, и десетте Сефирот од Ацилут биле реализирани во форма на Парцуфим.
Така, сите претходни Бехинот се вклулени во светот на Ацилут, како што е запишано во Дрвото на Животот. Светот Брија бил отпечаток од светот Ацилут, на начина на кој сè што постои во Ацилут е отпечатено во Брија. Јецира е отпечаток на Брија, Асија е отпечаток на Јецира, и така нема реализирање во нижите кое не е директно поврзано со Вишите, од кои произлегуваат.Затоа нашите мудреци рекле: „Не постои ниту една тревка доле која нема ангел од Горе кој ја удира и и вели да расте!“ Бидејќи сè што се протега од Вишиот свет кон нижиот свет, се протега преку Зивугим (мн. Од Зивуг). Но световите се поделени на внатрешни и надвореши. Внатрешноста на световите, од Ацилут надоле, не се протега преку Зивуг од Хакаа во Масах, туку преку Зивуг од Јесодот (мн. Од Јесод). Но надоврешните, кои се протегаат од свет до свет, се протегаат преку Зивуг од Хакаа.
Овае е значењето на удирањето, и затоа нашите мудреци прецизно изјавиле дека ангел од светот Јецира, кој е корен на тревката во светот Асија, ѝ дава и ја негува во форма на Зивуг од Хакаа, со други зборови, тој ја удира и ѝ вели, „Расти“ бидејќи велење значи давање. Така, работата за причина и последица во Галгата, АБ,СаГ од А“К е темелно објаснета, како и квалитетот на наполнувањето кои ги наполнува една по друга. Секој долен ја има вредноста ЗоН на Вишиот, кој се протега само од Ницоцин од Светлините на Пех од Вишите. Беше објаснето дека во појавувањето на АБ, Малхут бил вклучен во Бехина Гимел. И во појавувањето на СаГ, Масах бил вклучен во Бехина Бет, до Нуква од Аба. Во појавувањето на МА од внатре кон надвор, Масах бил вклучен во Бехина Алеф. Ова ќе биде објаснето подоцна.
Исто така, Малхут од Бехина Гимел се нарекува Табур, Малхут на Бехина Бет се нарекува Парса и Бехина Алеф се нарекува Крума (кора). Овде нема што повеќе да се додаде; јас само ги поврзав работите со нивните корени на лесен и краток начин. Оваа е мојата намера. Но внатре во книгата работите се подобро објаснети и обработени.