Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

ТЕС, Капител 1, Дел 2, Поглавје 1

                     Талмуд Есер Сефирот - Изучување на Десетте Сефирот

                                         Игулим и Јошер – Кругови и праволиние

                                                                Капите 1, Дел 2, Поглавје 1

Поглавјето дава објаснување во однос на Десетте Сефирот, Есер Сефирот, од круговите, сферите, Игулим, кои се појавиле после ограничувањето, Цимцум. Нив ги опкружува Ор Ајн Соф и целата Светлина, Ор, на Сефирот од Игулим, а Светлината ја добиваат преку линија, зрак, која се нарекува Кав. Во ова поглавје се разгледуваат 11 точки:

1.) Линијата, Кав, е налик на тенка цевка, Цинор. 2.) Ширењето на Ор Ајн Соф во пространството, Халал. 3.) Ширењето, распространувањето, Хитпаштут, доаѓа полека. 4.) Игул, (круг, сфера) не е соединет со Ајн Соф, туку е поврзан со него преку Кав. 5.) Ор Ајн Соф го обиколува и влијае врз кругот, Игул, од далеку. 6.) Кав се нарекува Адам Кадмон. 7.) Редот на објаснување во Есер Сефирот од круговите, Игулим. 8.) Кав ги поврзува сите сфери, Игулим. 9.) Секој свет, Олам, и секоја Сефира се состои од десет внатрешни Сефирот. Во секоја Сефира постојат десет внатрешни Сефирот и така натаму. 10.) Сефирот од Игулим се обвиткувааат еден со друг, како лушпи од кромид. 11.) Колку повеќе некој Игул е поблизок до Ајн Соф, толку повеќе тој се смета за повиш и подобар. Бидејќи нашиот свет, Олам хаЗе, е во средната точка, која е најоддалечена од Ајн Соф, тој е целосно телесен.

Кав, линијата, или зрак, е налик на тенка цевка, Цинор

1. Кав (1) е налик (2) на тенка цевка, Цинор (3), преку кој водите на Ор Елјон (4) од Ајн Соф се шират, (Нимшахим), кон Световите, Оламот, во местото на празниот простор, Халал и воздухот, Авир.

Ор Пними

1. Линијата, Кав која се протега, како зрак, од Ор Ајн Соф, во празниот простор, Халал, после скратувањето,Цимцум. (види дел 1, поглавје 2, точка 2).

2. Садовите, Келим, на Есер Сефирот де Јошер се нарекуваат цевка, Цинор, или цевки, Цинорот (мн.), бидејќи тие ги сочинуваат патиштата на Светлината,Ор, која патува преку нив со голема прецизност и контрола. Тие гарантираат дека таа ќе се прошири во тие садови, Келим, само преку одредени патишта. Тие се налик на цевка, која прецизно ја канализира водата, која поминува преку неа. Тие се протегаат и продолжуваат да се протегаат во истиот облик, кој го имале внатре во Цинор. Доколку цевката, Цинор, е тесна тогаш водата има тесна форма; а ако таа е широка,тогаш е широка и водата, и никогаш не се менува. Заради таа причина, Светлините кои патуваат преку тие цевки, Цинорот, се нарекува Есер Сефирот де Јошер. Тоа е така бидејќи тие се протегаат во сферите,Јошер, и во Цедек (во праведност и почит) по истите правила како и цевките, Цинорот. Тоа значи дека колку е почист садот, Кли, толку е поголема важноста на Светлината, Ор, која влегува во него. Ова правило е непроменливо заради силното влијание врз нив, од страна на Цинор. Оваа сила на контрола во гореспоменатите кругови, Цинорот, е затоа што секоја желба во Горниот Степен претставува принудна сила во долниот степен, која е создадена од тоа. Затоа, скратувањето, Цимцум на Бехина Далет, што претставува слободен избор во Келим од Игулим, станува задолжителна сила во Келим од Јошер, кои се создадени од нив. Оваа сила се нарекува Масах (екран).

Тоа е значењето на зборовите во Зохар (Тикуним): „Преврти го зборот Рацон, и ќе најдеш Цинор.“ Тоа значи дека кога цевката, Цинор е Екран, Масах, односно ограничувањето е контролирано, што значи кога тој ја воздржува желбата за примање во Бехина Далет, со моќта на Елјон, која го контролира, тој е во спротивност од супстанцата на самиот Кли, имено желбата за примање. Тоа е затоа што тој се воздржува себеси од употребување на својата желба. Затоа тие укажуваат: „Преврти го зборот Рацон и ќе најдеш Цинор.“ Тоа значи дека Цинор е спротивен од желбата, Рацон, бидејќи тој ја принудува својата желба и прави спротивно од тоа што таа го сака. Затоа во сите учења и писанија може да се види дека кога тие сакаат да го истакнат и означат одделувањето на Ор од Бехина Далет, тие тоа го нарекуваат Цимцум. Кога сакаме да ја означиме силата на Цимцум, која се додава од страна на Ор од Кав која не е проширена во Бехина Далет, ние ја нарекуваме Масах (екран), што претставува воздржувачка сила која ја сопира Ор да стигне до Бехина Далет. Кога зборуваме општо за Кли, односно кое е значењето на Кли и Масах (екран) заедно, ние ги нарекуваме Цинор. Кога зборуваме за Ор, Кли, и Масах заедно, односно Ор која е влезена во големината на Цинор, тоа се нарекува Кав. Кога зборуваме за Кли кое нема Масах (екран), ние го именуваме со името Игул (круг, сфера).

3. Прецизноста на АРИ  во однос на зборот „едно“ ја истакнува поправката, Тикун, на трите линии, Кавим, кои бил изведени во Олам Ацилут. Тоа ни кажува дека во Олам Адам Кадмон, таа поправка, Тикун сè уште е отсутна и таму има само еден Кав. Причината за тоа е дека Тикун во трите линии, Гимел Кавил се случило потоа, во Олам Ацилут. Поправката се протега, Тикун Нимшах, зависно од поврзувањето на мерката на милосрдието, Мидат ха Рахамим, со мерката на пресудата, Мидат ха Дин,односно ограничувањето. Тука ние сме загрижени во однос на Олам Адам Кадмон, каде што ова поврзување сè уште не се случило. Затоа таму има само една Кав. Влегувањето на Ор во Кли, де Кабала (Примање) во суштествата се нарекува Хитпаштут (види табела на одговори, дел еден , точка 14). Веќе беше објаснето дека садот за примање, Кли де Кабала, во создаденото, се нарекува Цинор.

4. Постои специфична вредност која ги разликува степените од раѓањето на Парцуф. Во тоа раѓање, четирите стадиуми, Бехинот, на желбата, се нарекуваат со имињата: Светлина, Ор, Вода, Мајим, Небо, Ракиа, и сто Благослови (или сто Порти). Тоа се случува затоа што Светлините ги менуваат нивните места. Заради тие преместувања, Ор добива форма на вода, Мајим. АРИ објаснува дека коренот на оваа состојба настанал со појавувањето на Кав: Ор која се шири како линија, Кав, се смета дека е Мајим во однос на Ор Елјон (Вишата Светлина). Заради таа причина тој прецизно изјавува:„Водите на Ор Елјон (Виша Светлина) од Ајн Соф (Бесконечноста).“ Со ширењето на Ор Елјон во тенката Цинор, вредноста на Ор била многу намалена во однос на нејзината вредност во Ајн Соф, и затоа се смета за вода, Мајим.

Ширењето на Бесконечната Сетлина во празниот простор се случило постепено

2. Кога Бесконечната Светлина се протега, Ор Ајн Соф Нимшах, како права линија, Кав, (5) во горниот Халал (празен простор), таа не се проширила и протегнала наеднаш надолу, туку постепено, пополека. Јас сакам да кажам дека на почетокот Кав од Ор започнала да се шири и веднаш на почетокот (7) од нејзиното ширење, како Кав, таа се проширила и се протегнала, па станала еднаква како еден круг (8) еднакво округлеста на сите страни.

Ор Пними

5. Светлина која се шири постепено, според законите на четирите стадиуми, Бехинот, од фино, Зах, до грубо, Ав, и застанува кај четвртиот стадиум, Бехина Далет, се нарекува Кав Јашар (права Кав).

6. Немојте да погрешите и да ги протолкувате поимите „сè до долу наеднаш“ и „постепено“ кои тука се употребени како времиња, бидејќи е познато дека духовноста е над времето. Затоа, „наеднаш надолу“ означува дека нема промена на степените. Помот „постепено“ се однесува на редот на степените. Тој сака да каже дека го следи редот на четирите познати стадиуми, Бехинот, како што ќе објаниме подолу.

7. Тоа го претставува Коренот, Шореш, на ширењето, кое било новитет, наречен Кав. Бидејќи тоа претставува ново создание, Не’ецал, тоа има нов, одделен Корен, Шореш, кој свети врз него во Бехина Хидуш. Тоа осветлување, тој зрак се нарекува Сефира Кетер на Кав. Од Кетер, Ор Ајн Соф се протега до Кав, по пат на гореспоменатите четири стадиуми. Бехинот: Првиот стадиум, Бехина Алеф е наречен Хохма. Вториот стадиум, Бехина Бет, се нарекува Бина. Третиот стадиум, Бехина Гимел, се нарекува Зеир Анпин, и четвртиот стадиум, Бехина Далет, се нарекува Малхут. АРИ говори за односот на овој ред, кој се протега „постепено“. Тој вели дека Кетер се шири прв, Хохма - втор, потоа следи Бина и Зеир Анпин итн. (Види одговри од табела дел еден, точка 8, значењето на зборот „постепено“)

8. За значењето на зборот Игул види одговори во табелата Дел 1, точка 41, и исто така види го и дел 1, поглавје 1, точка 100. Тоа се нарекува една сфера, Галгал, бидејќи Ор Кав го облекува во круг, Игул.

Кругот не е соединет со Ајн Соф, но е поврзан преку една линија, Кав.

3. Игул не е соединет (9) со Ор Ајн Соф која го обиколува од сите страни. Затоа што доколку се соедини со неа, кругот ќе се врати во неговата претходна состојба и ќе биде поништен во Ор Ајн Соф. Во тој случај, неговата моќ нема да биде очигледна и сè ќе биде Ор Ајн Соф како што и било на почетокот. Така, создадениот Игул е сосед со Игул Ајн Соф и не се соединува со него. Поврзувањето и соединувањето на тој создаден круг, Игул, со Ајн Соф (20) се случува преку Кав (30), преку кој Ор Ајн Соф опаѓа, се протега и се спушта во тој Игул.

Ор Пними

9. Тоа значи дека целата Ор, која се наоѓа во круговите, Игулим, доаѓа само од она што го примиле од Кав, која се смета за нов зрак. Бидејќи Светлината во зракот Кав има само три Бехинот, таа се разликува од Ор Ајн Соф која кружи во форма, со особината на Округлата Светлина, Ор Агол. Затоа АРИ пишува дека таа не е соединета со Ор Ајн Соф. Тоа значи дека особината на Округлата Светлина, Ор Агол, од Кетер де Игулим, не е иста со особината на Ор Ајн Соф. Тоа е така заради особината на соединувањето во духовноста (види дел 1, табела на прашања, точка 12 и дел 1, поглавје 2, Ор Пними точка 1) Изразот „опкружувачка“ се смета за „елементот кој предизвикува.“

10. Доколку осветлувањето би било со сите четири стадиуми, Бехинот, како што е со Ор Ајн Соф, нејзината форма, особина, би била иста и соединета со Ајн Соф. Во таа состојба Кав би била целосно поништена и непрепознатлива во Ајн Соф.

20. Светлината која се протега од Ајн Соф кон создаденото суштество, се нарекува Ор Јашар. Оваа Светлина е врзана со суштината на суштеството, со облекување на Ор Хозер која се издига од Масах, нагоре преку силата на Зивуг де Хакаа (ќе објасниме подоцна). Тоа се нарекува спојување, соединување, Хиткашрут, затоа што Ор Хозер која се издига од Масах во четвриот стадиум, Бехина Далет, со правата Кав, ја држи и ја фаќа Ор Елјон во круг, Игул. Така, во местото каде што Ор Хозер не ја облекува Ор Елјон, се смета дека е отсутна суштината на создаденото, бидејќи тоа не може да ја достигне без облеката наречена Ор Хозер. Тоа е како кандилце. Иако силата за светење доаѓа од зејтинот, сепак светлината на пламенот не е поврзана со зејтинот, туку со фитилот. Кога догорува фитилот престанува и светлината, иако сè уште останало зејтин.

30. Причината за тоа е дека не постои екран, Масах, во круговите, во сферите, Игулим, кој може да ја издигне Одразената Светлина, Ор Хозер. Без суштината на суштеството, тоа не може да се поврзе со Ор Елјон. Ние дознавме дека Кли од Кав се нарекува Цинор, и тој сад е многу понизок од Келим де Игулим кои се појавуваат заради првото ограничување, Цимцум Алеф, пред да се појави Кав. Затоа АРИ вели дека, иако садовите од сферите, Келим де Игулим, се многу повиши од Кав, тие самите не примаат никаква Светлина. Наместо тоа, тие се принудени да ги примаат сите Светлини преку многу пониската Кав, заради горенаведената причина.

Ор Ајн Соф го обиколува и влијае врз кругот, Игул, од далеку.

4. Ајн Соф е секаде наоколу и обиколува од сите страни (40) бидејќи таа е налик на Игул околу него и далеку од него (50). Осветлувањето на Ајн Соф мора да дојде во суштеството, Не’ецалим, само преку Кав. Доколку Ор дојде до нив преку обиколувањето, суштеството би бил како Самиот Создател, (60), без граници, Гевул, и без препреки, Кицба (70).

Ор Пними

40. Ние распознаваме два вида на Светлини во секоја Сефира: Внатрешна - Ор Пними и Опкружувачка - Ор Макиф. Светлината која е внатре во Сефира се нарекува Ор Пними, додека Светлината која не може да влезе внатре заради постоечка граница, Гевул, се смета дека останале во нејзиниот Корен, Шореш. Во тој случај Сефира од неа прима само од далеку, наречено Опкружувачка Светлина, Ор Макиф. АРИ вели дека иако круговите, Игулим, се далеку од Ајн Соф, па поради тоа помеѓу нив сè уште има голема разлика во особините, тие сè уште примаат од далеку од неа, и се нарекува Ор Макиф. Таа Светлина свети на два начина, имено во општото и во поединечното. Поимот „околу“, Совев, се однесува на општата Опкружувачка Светлина, Ор Макиф, додека поимот опкружувачка, Макиф, се однесува на поединачната Ор Макиф.

50. АРИ понатаму вели дека таа Ор Макиф која Игулим ја прима од Ајн Соф свети и ги обиколува од сите страни, што значи од сите четири стадиуми, Бехинот. Тоа значи дека го обиколува и 4-тиот стадиум, Бехина Далет, каде не свети Ор Пними, па тој сепак добива Светлина од далеку со помош на Ор Макиф од Ајн Соф. Причината за тоа е дека Ајн Соф „исто така е налик на особините на кругот, Игул.Ор Ајн Соф се нарекува Ор Агол бидејќи таа не прави разлика помеѓу стадиумите, Бехинот, па така свети и го исполнува и 4-тиот стадиум, Бехина Далет. Затоа, Светлината достигнува до Бехина Далет на Игулим, но од далеку.

60. Види одговор 10.

70. Цимцум и Масах, кои биле ставени на Бехина Далет, со цел тој да не ја прима Светлината внатре, ставаат граница, Гевул, на Светлината, до каде таа може да се рапространи. Тоа го ограничува проширувањето и застанува кај границата, Гевул, од Бехина Далет. Тоа што суштеството го прима, а се намалило со ограничувањето, Цимцум, се нарекува ограничено примање, или сооднос, Кицба.

Редот на проширување на Есер Сефирот од Игулим. Кав се нарекува Адам Кадмон.

5. Првиот круг, Игул, е најблизок до Ајн Соф и тој се нарекува Кетер на Адам Кадмон.

Откако зракот Кав продолжил да се шири, малку се протегал и повторно станал округол (90) и се претворил како втор Игул (100) во првиот Игул. Тој Игул се нарекува Игул Хохма на Адам Кадмон (200). Потоа зракот Кав се проширил подолу, повторно станал округол и оформил трет круг, Игул, во вториот Игул. Тој се нарекува Игул Бина де Адам Кадмон (300). Тој продолжил да се шири и стнал округол, на истиот начин, и на крај стигнал до десеттиот Игул, наречен Игул Малхут од Адам Кадмон (400). Така ние објаснивме како Десетте Сефирот, Есер Сефирот (1) формирале десет Игулим, еден во друг (2).

Ор Пними

80. Ние мораме да ги разбереме стадиумите во имињата на Есер Сефирот. Понекогаш ние ги нарекуваме како четири Бехинот, но понекогаш ги нарекуваме Јехида, Хаја, Нешама, Руах и Нефеш, а понекогаш ги нарекуваме Кетер, Хохма, Бина, Зеир Анпин (кој се состои од шест Сефирот), и Малхут. Кога се однесува на садовите, Келим, што значи само на супстанацата на суштеството, ние ги дефинираме имињата на нивните Есер Сефирот според четирите Бехинот во желбата за примање. Кога зборуваме за Светлината која влегува во овие Келим, нив ги нарекуваме Нефеш, Руах, Нешама, Хај, Јехида. На крај кога зборуваме за Келим, но сакаме да го означиме сеќавањето, Решимот, на Светлините кои тие ги содржат кога се празни со Светлини, тогаш ние ги нарекуваме: Кетер, Хохма, Бина, Зеир Анпин и Малхут. Потеклото на горните десет Келим - Кетер, Хохма, Бина и.т.н. е во Олам Цимцум, пред појавувањето на Кав. Тоа се случило после одделувањето на Ор Ајн Соф од Есер Сефирот, кога Келим станале празни, без Светлини, кои се нарекуваат десет Игулим. Познато е дека, иако Светлините се одделиле од нив, таму во секој еден Игулим останало сеќавање, Решимо, од Светлината која ја имал. Со други зборови, во секое Кли останало многу малку светење од целата претходна Светлина. Тоа светење предизвикува копнеж во садот заради кој не може да биде во мир, сè додека повторно не ги повлече сите Светлини кои ги имал претходно, и во квалитет и во квантитет. Тоа светење, или светило, се нарекува сеќавање, Решимо. Знај дека содржината на имињата на Есер Сефирот: Кетер, Хохма, и.т.н. го дефинирааат сеќавањето, Решимо, на Светлината, кое останало во десетте садови, Келим. Така ние дознаваме дека не постои ниту една желба во световите, дури ниту мало пробудување на желба во Вишите, Елјоним, како и во нижите, Тахтоним; која нема корен во тие Есер Сефирот од Игулим. Тоа се однесува и на телесните нивоа како: мртвото, растителното, животинското и говорното. Но, невозможно е да се појави желба во суштината, доколку за тоа сеќавање, желбата за примање, Рацон, претходно немала доволно исполнување.

Ние во дел 1, од оваа книга, темелно објаснивме дека желбата за примање не е првата причина за Светлината или за исполнување, како што мислат луѓето. Напротив, Светлината и исполнувањето се причините за желбата. Во Вишата Светлина се содржи атрибутот на желбата за давање, кој ја создал желбата за примање во создаденото, бидејќи желбата во Вишото, Елјон, станува принудна сила во нижото, Тахтон. Така, Вишата Светлина е причината за појавувањето на четирите стадиуми, Бехинот, во желбата за примање во создаденото. Тие стадиуми, Бехинот, ги претставуваат корените на сите желби, кои се појавуваат во световите. Затоа, како може да се појави желба без причина, без Вишата Светлина, која ја зачнува. Тоа е еднакво на изјавување дека постои суштество во светот без мајка и татко кои го направиле. Треба да се знае дека целата реалност и сите суштества кои се судени да произлезат во световите, веќе постојат во Ајн Соф. Тие таму постојат во целата своја слава и совршеност, кои се судени да се појават во Оламот. Така, очигледно е дека сите желби, кои се судени да се појават, веќе се појавиле и биле откриени во Ајн Соф. Тие таму се појавиле во нивната совршена целосна состојба, целовитост и исполнување. Имено Ор Елјон, Вишата Светлина, е таа која ги создала овие желби. Произлегува дека исполнувањето на желбите му претходи на појавувањето на желбата, која е во однос со исполнувањето и истото го предизвикува. Сега можете темелно да го разберете прашањето за сеќавањата, Решимот, кои останал во Есер Сефирот од Игулим. Тие Решимот укажуваат дека сите желби кои се исполниле, кога биле во Ајн Соф, кои сега се изгубени, останале целосно врежани во нив. Заради таа причина, тие копнеат по исполнувањето и совршенството кое го имале. Затоа ние го нарекуваме сеќавање, Решимот. Погоре рековме дека не може да постои случување или желба во Вишите Светови, но и во телесниот свет, кои немаат корени во Есер Сефирот од Игулим. Тие се два корени кои му претходат на постоењето на сите светови, Оламот, после Цимцум:

Првиот корен: секоја желба веќе постои во нејзината целосна слава и величественост. Таа реалност постои во Ајн Соф. Вториот корен: сите желби се целосно празни во однос на исполнувањето, кое го имале во Ајн Соф. Овој корен се нарекува Свет на ограничување, Олам Цимцум. Сите Келим и нивната супстанца на создадените доаѓа од Олам Цимцум. Ова значи дека тие се само празни Келим и желби кои го изгубиле исполнувањето, додека целото исполнување на овие желби доаѓа од Ајн Соф. Добро запомнете ги овие корени, бидејќи тие се едни од најпотребните работи со цел да продолжиме со изучувањето на оваа мудрост.

90. Немојте погрешно да го протолкувате зборот „се протега“, Нимшах, во смисла дека тоа се однесува на место или област. Туку, сè што добива копнежот, Авјут, се смета дека е Нимшах, протегање од горе надолу. Така, финото, Зах, се смета дека е горе, додека грубото, Ав, се смета дека е долу. Ова се проценува според блискоста на особината со 4-тиот стадиум, Бехина Далет: колку е поблиску до Бехина Далет, толку повеќе се смета дека има поголем копнеж, Авјут, и колку е подалеку се смета дека е повеќе фино, Зах. „Мало протегање’’ се смета дека се здобило со некаков копнеж, Авјут, додека зборот „Нимшах“ – се протега, се однесува на Светлината на Кав. Ова прашање се појавува затоа што во секоја Сефира постојат десет внатрешни Сефирот и во Есер Сефирот од Игулим и во Есер Сефирот од Јошер. Кога првпат се појавил Есер Сефирот на Кетер, Кав се појавила само во трите горни Сефирот. Тие 3 горни Сефирот се нарекуваат глава, Рош де Кетер де Јошер, и нивното светење достига до Сефира од Кетер де Игулим, која исто така се состои од Есер Сефирот. Тие Есер Сефирот од Кетер де Игулим ги обиколуваат само првите три Сефирот на Есер Сефирот од Кетер од Кав. После тоа, што значи откако биле целосно завршени Есер Сефирот во Игулим, Кав се протега малку надолу, што значи ги прави нејзините седум долни Сефирот со цел да го заврши Кетер, со Есер Сефирот од Јошер. Така, тие седум долни Сефирот од Кетер де Кав се протегаат надолу, што значи повторно стануваат повеќе груби, Ав, во однос на Есер Сефирот од Кетер де Игулим. Причината зошто нема Сефирот од Игулим околу седумте долни Сефирот е затоа што Игулим се повисоки од нив, што значи почисти. Веќе знаете дека повисок значи почист.

Причината за тоа може да се разбере според горното објаснување (точка 30) дека Сефирот и Игулим им претходат и се поважни од Сефирот во Кав. Ова е затоа што нема Масах во Игулим,  и тој Масах во Сефирот од Кав стои во средината на секоја Сефира, што значи во последниот стадиум, Бехина, на Рош (глава) на Сефира. Со други зборови, екранот стои на последниот стадиум, Бехина, на првите три Сефирот на Есер Сефирот де Јошер. Тие Сефирот постојат во секоја една Сефира од Јошер и се нарекуваат глава, Рош, на таа Сефира. Произлегува дека нашата изјава дека Масах е вграден во Сефирот на Кав е вистинита, само во седумте долни Сефирот на секоја Сефира под Масах. Но, во горните три, наречени Рош, не постои Масах бидејќи тие се над него. Така, трите горни се целосно идентични со сите Есер Сефирот од Игулим во кој немаат Масах. Заради таа причина тие стојат на истиот стадиум, Бехина, и ние согледуваме дека Есер Сефирот на секоја Сефира од Игулим е причината за трите горни Сефирот на секоја Сефира на Кав. Но, седумте долни Сефирот на секоја Сефира од Кав се многу полоши од Игулим. Бидејќи подолното се смета за полошо, тие се сметаат дека се подолни од сите Есер Сефирот од Игулим. Не постои ниту еден стадиум, Бехина, во Игулим, кој може да биде на местото на овие седум Сефирот, заради важноста на Игулим. Така е темелно објаснето како постои празен простор помеѓу секои две Сефирот од Игулим, голем колку големината на седумте Сефирот од Сефира од Јошер, која е таму. Тоа е затоа што сите Есер Сефирот од Игулим од Сефира на Кетер ги обиколуваат само првите три Сефирот од Кетер де Кав. Но, седумте долни Сефирот од Кетер де Кав се протегаат пониско од сите Есер Сефирот од Кетер Игулим. На крајот на овие седум Сефирот од Кетер де Кав, почнуваат да се појавуваат првите три Сефирот од Хохма де Кав, обиколени со Есер Сефирот од Хохма од Игулим. Така, почнувајќи од последната Сефира од Кетер де Игулим, до првата Сефира од Хохма де Игулим постои меѓу нив празен простор. Овде се наоѓаат седумте долни Сефирот од Кетер де Кав, што значи каде што не го обиколуваат Игулим. Каков што е случајот помеѓу секои две Сефирот исто така е и помеѓу Хохма и Бина.

100. Овде мораме да бидеме многу внимателни и да не се збуниме со замислени слики од простор во однос на Јошер и Игул, односно правата и округлата линија. Како што продолжуваме треба да имате на ум дека право осветлување, Хе’арах, е кога Светлината влегува во садовите, кои имаат Масах на Бехина Далет. Спротивно, осветлувањето е кружно, во Келим, кои немаат Масах на Бехина Далет. Треба да имате на ум дека кога нема Масах на Бехина Далет во Келим де Игул, тогаш Бехина Далет не може да прими никакво осветлување после првото ограничување, Цимцум Алеф. Тоа е така бидејќи сите Светлини во Игулим мораат да дојдат од осветлувањето на Кав, кое е право осветлување, Хе’ерах, ( види точка 30), и Светлината од Кав не свети во Бехина Далет воопшто, бидејќи таа произлегува од моќта на Масах. Така, отсуството на Светлината во Бехина Далет од Игулим не е заради Келим, бидејќи тие немаат Масах. Туку, таа е заради Цимцум Алеф, кое делува на нив. Заради тоа што Цимцум Алеф не се смета како мана, сите четири стадиуми, Бехинот од Келим де Игулим, се со еднаков степен, без разлика на големо и мало. Наместо тоа, темнината која постои во Бехина Далет доаѓа од Светлината која доаѓа од Кав, и не свети таму, како што е гореспоменато. Сега можете да разберете дека откако (и затоа што) Игулим ја примил Светлината преку Кав, таму настанало разликување на големо и мало во нивите степени, и исто така во Есер Сефирот од Игулим. Зеир Анпин станал поголем и поважен отколку Бехина Далет, имено Малхут, бидејќи Малхут нема Светлина, додека Зеир Анпин има Светлина затоа што е трет стадиум, Бехина Гимел. Слично, Сефира од Бина де Игулим има поголема Светлина од Зеир Анпин, бидејќи таа е подалеку од Бехина Далет де Зеир Анпин, затоа што тоа е вториот стадиум, Бехина Бет. Така, треба да запомните дека сите овие степени не се создадени од Келим, туку од страна на Светлината од Кав, која тие ја примаат.

200-300. Веќе беше објаснето во однос на имињата на четирите стадиуми, Бехинот, чиј Шореш (корен), имено желбата за давање, се содржи во Ор Елјон (Вишата Светлина). Тој се нарекува Кетер. Почетокот на ширењето кон создаденото, Хитпаштут Не’ецал, што значи прв стадиум, Бехина Алеф, се нарекува Хохма. Бехина Бет, или втор стадиум, се нарекува Бина, Бехина Гимел, или трет стадиум, се нарекува Зеир Анпин (или шест Сефирот: Хесед, Гвура, Тиферет, Нецах, Ход, Јесод), и Бехина Далет се нарекува Малхут. Исто така беше објаснето дека само кога зборуваме за првата супстанца во нив, ние ги означуваме со имињата на четирите стадиуми, Бехинот, и нивниот корен, Шореш. Но, доколку овие четири Бехинот веќе се содржат во стадиумите на сеќавањата, Бехинот Решимот, како што бил случајот во Олам Цимцум, тие се нарекуваат Кетер, Хохма, и.т.н. Сега ние ќе објасниме зошто тие се нарекуваат со овие имиња:

Шореш (корен) се нарекува Кетер, (буквално Круна) бидејќи тој не е облечен, навлезен, во садовите на создаденото, туку Го обиколува и Го крунисува Него однадвор, од своите Келим. Зборот Кетер доаѓа од зборот Месабев, претходник. Првиот стадиум, Бехина Алеф се нарекува Хохма, (буквално мудрост, знаење), бидејќи од неа се протега мудроста на Тора, и сите видови на мудрост кои постојат во светот, во нивната конечна форма. Нашите мудреци тоа име веќе го дефинирале кога рекле: „Кој е мудар? Оној кој го гледа исходот.“ Тоа значи дека на прв поглед мудриот го знае исходот и последиците од секој детал. Тоа значи дека тој ги гледа сите идни ефекти кои ќе произлезат, па сè до последната последица. На пример, кога велиш дека докторот е многу мудар тоа значи дека докторот може живописно да ги види можните компликации кои можат да произлезат од некоја болест. Исто така во однос на некој лек тој може во целост да ги види последиците на лекот во однос на телото на болниот. Слично, оној кој е мудар, во спроведувањето на природата, тој ги гледа сите последици на одредено природно суштество кога тоа се поврзува со општата реалност. Тоа е така во секоја мудрост. Произлегува дека значењето и дефиницијата на изразот „мудар“ или „мудрост“ се однесува само на можноста да се знае исходот од секој детал во реалноста, до последната последица. Од ова можете да го знаете и вистинското значење на името Бина,(буквално-разбирање, набљудување): целата моќ на разбирањето, анализата, набљудувањето, со цел да се види исходот на секоја работа во реалноста и во светата Тора и во раѓањето од Сефира на Бина. Така е добиено името - Бина. Името Малхут (Кралство) укажува на моќта, авторитетот и принудата кои се протегаат од него, слично како кога некој се плаши од кралот, така го добило името: Малхут (Кралство). Имињата на остатокот од Сефирот ќе бидат објаснети подоцна во текстот. Сега ние можеме да прашаме: „Бина требало да дојде пред Хохма (мудрост), бидејќи анализата на иднината и желбата дошле први. Тие ја произвеле и ја предизвикале конечната совршеност, што значи знаењето на резултатите однапред, наречено Хохма (мудрост). Навистина јас веќе објаснив дека редот на создавањето на световите е спротивен од тоа како ние го разбираме: прво доаѓа исполнувањето на желбата и тоа предизвикува појавување на желба (види точка 80). Совршеноста ѝ предходи и го предизвикува појавувањето на несовршеноста. Затоа степените се спуштаат надолу од Ајн Соф, ограничување по ограничување, надолу до најмрачниот, нашиот матерјален свет, Олам хаЗе.

400. Првиот свет, Олам, кој бил создаден после првото ограничување, бил наречен Олам Адам Кадмон. Тој исто така е наречен Олам Кетер. Четирите Светови, Оламот (мн.): Ацилут, Брија, Јецира, Асија, го облекуваат светот Адам Кадмон.

1. Иако тие се четири стадиуми, степени, што значи четири Бехинот, тие сепак имаат Десет Сефирот, Есер Сефирот. Тоа е заради третиот стадиум, Бехина Гимел, наречен Зеир Анпин или Тиферет, кој се состои од шест Сефирот наречени: Хесед, Гвура, Тиферет, Нецах, Ход, Јесод. Причината за тоа ќе биде објаснета на соодветно место. Треба да бидете свесни за прецизноста во „Сефер Јецира“ (Книга на Создавањето) - поглавје, дел 4. Таму се изјавува следното: „Десет, а не девет.“ Тоа е нешто забележливо, бидејќи веќе беше објаснето дека сите просветлувања на Сефирот од страна на Ор Елјон (Вишата Светлина), дури и во Игулим,  кој е целосено еднаков, не светат во Бехина Далет, имено Малхут. Името Сефира укажува на тоа кога Светлините и садот се заедно, што значи кога Ор Елјон е навлезена во садот. Но, сад без Светлина не се нарекува со тоа име, бидејќи името Сефира означува светлина и сјај. Последователно би било веродостојно да мислиме дека Малхут воопшто не е Сефира, бидејќи Ор Елјон не свети во неа. Заради таа причина, авторот на „Сефер Јецира“ точно укажува: „тие се десет Сефирот, а не девет.“ Тоа е затоа што и Малхут се смета за Сефира. Причината за тоа е дека секоја врска на Ор Елјон со Есер Сефирот се случува точно преку Ор Хозер која ја издига Малхут со помош на моќта на Масах кој е во неа, од доле нагоре (види точка 20). Така, тоа е сосема спротивно:  Малхут е најзначајна од сите Десет Сефирот, Есер Сефирот, бидејќи без неа Светлината нема да се поврзе со горните девет Сефирот. Заради таа причина, се смета дека целата Малхут, е Светлина (ќе биде објането во детали понатаму).

2. (Види дел 1, Ор Пними, поглавје 1, точка 100)

Кав ги поврзува сите Игулим заедно

6. Она што ги поврзува сите Игулим заедно (3) е тенка линија, Кав, која се протега од Ајн Соф и опаѓа (4) и се спушата (5) и се протега (6) од еден Игул до друг, долу до последниот. (7). Светлината и задоволствата, кои им се потребни на секој од нив, се протега преку Кав.

Ор Пними

3. Вие веќе научивте дека постои празен простор и прекин помеѓу секоја Сефира во Есер Сефирот во Игулим. Големината на тој празен простор е колку големината на седумте Сефирот од Јошер во таа Сефира (види точка 90). Но во Десетте Сефирот од Кав воопшто нема празен простор. Тие започнуваат во Ајн Соф и се протегаат до средната точка, која е 4-тиот стадиум, Бехина Далет, наречен Малхут, најниската можна точка. Така, воопшто нема пауза во првите Есер Сефирот кои се протегаат од Ајн Соф, како права, Кав, наречена Есер Сефирот де Адам Кадмон. Затоа АРИ вели дека Сефирот од Кав се поврзува и со Есер Сефирот Игулим. Седумте долни Сефирот во секоја Сефира од Јошер ги поврзуваат Есер Сефирот во горната Сефира од круговите, Игулим, со Есер Сефирот од долната Сефира од Игулим. 10-те Сефирот од Хохма (мудрост) од Игулим, кој прима од горните три од Хохма де Јошер патува преку седумте долни Сефирот од Сефира од Кетер де Јошер. Тоа е затоа што ГАР на Хохма од Јошер мора да прими од седумте Сефирот од Кетер де Јошер, и тоа да го истури во 10-те Сефирот де Хохма де Игулим. На крајот, седумте долни Сефирот од Кетер де Јошер, ги поврзуваат Есер Сефирот од Кетер де Игулим со 10-те Сефирот од Хохма де Игулим. Истото спроведување, поврзување, се применува и помеѓу Хохма и Бина и.тн.

4. Линијата, Кав, која претставува Светлина од Јошер, навидум се крши преку највисоките делови, Галгот де Игулим, поминува преку Игулим - се спушта и протега надолу кон Сијум, што значи кон средната точка. Но, ова не претставува место или област. Да се разбере тоа ние треба да знаеме дека не постои случување на Светлината во световите, Виши или нижи, која не се протега од Ајн Соф над Цимцум. Светлината мора да виси надолу и да помине низ сите степени и светови, помеѓу Ајн Соф над Цимцум и светот каде што стои примателот на Светлината. Знаете дека во духовноста не постои отсуство. Така, невозможно е да се рече дека во тоа појавување, што значи обновената Светлина, која виси надоле преку степените, таа станува отсутна во првиот степен кога се придвижува кон следниот, и станува отсутна во вториот - кога оди во третиот, како што е случајот со телесни објекти кога се движат од место на место. Тоа е крајно невоможно, бидејќи во духовноста нема отсуство. Наместо тоа таа неопходно останува во секој степен, низ кој поминува. Движењето низ степените е налик на палење на една свеќа од друга, каде што првата не го губи пламенот. Така, појавувањето на Светлината, која доаѓа во одреден степен во Олам Асија, прво е дадена на сите степени во Оламот помегу Ајн Соф над Цимцум и примателот, кој стои во Олам Асија. Произлегува дека Светлината на правата Кав мора да помине низ Келим де Игулим, бидејќи Келим де Игулим ѝ претходат на Кав, тие се појавуваат веднаш со појавата на Цимцум. Но, Келим де Јошер се појавуваат подоцна, со Кав, и затоа Светлината која поминува помеѓу нив, никогаш не си заминува, како што споменавме „не постои отсуство во духовноста.“

Во однос на висењето на Светлината надолу, од место во место, треба да знаете дека постојат два можни начини на престој на Светлината, каде остануваат: Прв начин е „Постојан престој“. Тоа означува дека се меша и поврзува со Светлината која е веќе во степенот, и тие стануваат едно. Тие стануваат слични како од секогаш да биле едно. Втор начин, или можност е „Минлив престој.“ Тоа значи дека таа не се меша и соединува со „локалната“ Светлина и тие не стануваат едно. Наместо тоа тие се одделени како посебни. АРИ вели дека Светлината на Кав, која поминува преку степените на Игулим, не е со „Постојан престој“ туку со „Минлив престој.“ Тоа нам ни кажува дека таа не се меша со Светлината од Игулим за да создаде стадиум, Бехина, туку таа се одделува како посебен пример. Ова е значењето на прецизноста на АРИ во однос на зборот „минлив.“ Причината за тоа е дека Светлината во Кав доаѓа пред Светлината во Игулим, бидејќи Игулим ги примаат нивните Светлини само од Светлината на Кав. Затоа Светлината на Кав е поважна од Светлината на Игулим, и затоа таа не се меша со Светлината на Игулим.

Светлината на Кав се нарекува Руах, додека Светлината на Игулим се нарекува Ор Нефеш.

5. Секое ширење, распространување на Ор Елјон, кон создаденото, се смета за опаѓање. Тоа значи дека, како што се шири така станува повеќе груба, Ав. Така поголемиот, почистиот, се смета за повисок степен, додека поголем копнеж, Авјут, се смета за помал степен. Бидејќи како што се шири Светлината таа се здобива со Авјут и исто така опаѓа од горе надолу. Причината за зголемениот копнеж, Авјут, кој го собира Светлината е затоа што се шири е затоа што таа се шири според редоследот на четирите Бехинот. Започнува со Бехина Алеф сè додека не дојде и не удри во Масах на Бехина Далет. Таа се здобива со Авјут бидејќи Бехина Алеф е пофина, Зах, отколку што доаѓа во Бехина Бет, и така натаму, сè до Бехина Далет коа е најгруба, Ав. (Види дел 1, поглавје 1, точка 50).

6. Светењето од Јошер се изразува со „се протега“, Нимшах, додека светењето од Игулим се изразува со „станува округол“ (види точка 90).

7. Бехина Далет во Игулим се нарекува „средна точка.“ Таа се нарекува и „материјалната точка во овој свет.“ Бехина од Ацилут во светот Адам Кадмон прво се протегнала до нашиот свет, Олам хаЗе. Но после Цимцум Бет, наречено Олам Некудим, се издига вклучувањето на особините на Создавањето, Сиум де Ацилут, на светот Адам Кадмон, до точка на Олам хаБа, чие место се смета дека е над Олам Брија, како што ќе објасниме подоцна.

Секој свет и секоја Сефира се состојат од 10 внатрешни Сефирот. Во секоја Сефира постојат уште 10 внатрешни Сефирот и.т.н. Сефирот од Игулим се обвиткуваат меѓусебно како лушпи од кромид.

7. Секој Олам има свои Есер Сефирот. Секоја Сефира во секој Олам се состои од свој внатрешни 10 Сефирот (8). Тие се како лушпи од кромид една во друга (9), како слика од кругови во геометриска книга.

Ор Пними

8. Причината за гореспоменатото вклучување од Сефирот можеме да ја разбереме според познатото правило „не постои отсуство во духовноста,“ и секоја Светлина, која поминува од едно место до друго, го задржува своето место засекогаш во секој стадиум, Бехина, низ кој поминува (види точка 4). Бидејќи секоја нижа Сефира настанува од виша Сефира, по пат на причина и последица, нижата се смета дека поминува преку вишата. Како последица, сите Сефирот се помешани. На пример, кога се појавуваат првите две Сефирот, имено Кетер и Хохма, тогаш Ор Хохма е принудена да излезе од Ајн Соф, од каде што доаѓа сè. Потоа, Ор Хохма мора да помине преку Сефира од Кетер, пред да дојде до Сефира Хохма, бидејќи Кетер го предизвикал нејзиното појавување. Бидејќи тука поминала Сефира од Хохма, таа таму се здобила со своето место и сега постојат две Сефирот во Кетер, имено Кетер и Хохма. Слично, откако 10-те Сефирот од Ор Елјон излегле од горе надолу до Малхут, сите 10 Сефирот под Кетер биле принудени да поминат преку Кетер. Тоа е така затоа што Кетер бил првата причина за формирањето на сите нив. Така, сите тие се здобиле таму со место, бидејќи во духовноста нема отсуство. Тоа значи дека сите 9 долни Сефирот неопходно се наоѓаат во Кетер бидејќи тие поминале од таму. Според истиот принцип постојат и 9 Сефирот во Хохма, бидејќи осумте Сефирот, од долу, биле принудени да поминат преку неа, како што бил и случајот во Кетер. Исто така, постојат осум Сефирот во Бина, за над разумот, и седум Сефирот во Хесед и.т.н. Во Малхут постои само една, бидејќи таа е најниска.

Ние исто така знаеме дека Малхут ги издига 10-те Сефирот од Ор Хозер, од неа па нагоре, со што ги облекува 10-те Сефирот од Ор Елјон, наречени 10 Сефирот де Ор Јашар. Ор Хозер се нарекува Ор Малхут, бидејќи таа нема друга Светлина. Но, во сите други места, Ор Хозер се нарекува Есер Сефирот, која се издига од долу нагоре (види Хистаклут Пнимит, дел 2, поглавје 6, точка 66). Таму е запишано, дека Малхут се смета за Кетер на тие 10 Сефирот, бидејќи Малхут е причината за нивното создавање. Нејзиниот следен степен се нарекува Хохма, додека нејзиниот трет степен се нарекува Бина и.т.н. На овој начин, почистиот е истовремено помал, сè додека вистинскиот Кетер не ја прими само Малхут од Ор Хозер. Од ова можете да заклучите дека 10-те Сефирот од долу нагоре се наоѓаат во Малхут, бидејќи тие поминуваат преку Малхут, затоа што Малхут е нивниот Шореш (корен). Така, сите тие наоѓаат место во Малхут и ние дознаваме дека и Малхут, исто така, се состои од 10 Сефирот.

Преку Јесод од Ор Хозер поминуваат 9 Сефирот и така има 10 Сефирот во Јесод: еден од Ор Елјон, од горе надолу, и 9 Сефирот од Ор Хозер, од долу нагоре, кои мораат да поминат преку неа. Истиот начин се однесува и на 10-те Сефирот од Ход: две Сефирот доаѓаат од горе надолу, што значи Светлината на Ход и Светлината на Јесод, кои поминуваат преку неа, и 8 Сефирот од долу нагоре. Истото се однесува и на 10-те Сефирот од Нецах: три доаѓаат од горе надолу, и седум од долу нагоре. Останатите се однеусваат според истата шема. Конечно, после проширувањето на 10-те Сефирот од Ор Елјон и 10 Сефирот од Ор Хозер, секоја од нив неопходно се состои од 10 целосни Сефирот. Истата шема се однесува на секој внатрешен поим во нив, и на секој внатрешен поим во внатрешните поими и.т.н. Овој процес, заради гореспоменатото распространување е обврзувачки, и тука нема што повеќе да се додаде. Види Хистаклут Пнимит каде што пообемно ја обработуваме оваа тема.

9. Тоа значи дека секој Виши, Елјон, го обиколува својот нижи, Тахтон, еднакво од секоја страна, без разлика во степени (види точка 50). Колку е поблиску Игул до Ајн Соф, толку тој се смета за повиш и подобар. Бидејќи Олам хаЗе е во средната точка, тој е најоддалечениот од Ајн Соф, и целосно е телесен.

8. Секој Игул во секој Олам, во празниот простор, Халал, колку е поблиску (10) до Ор Ајн Соф, толку е повиш. Ние дознаваме дека во овој матерјален Олам, во средната точка, внатре во сите Игулим, во средината на целиот Халал (празен простор) и празниот воздух, Авир, е крајно оддалечен од Ајн Соф, поодалечен од сите светови, Оламот. Затоа тој е телесен и целосно материјализиран, иако тој ја претставува средната точка внатре во сите Игулим.

Ор Пними

10. Вие веќе знаете дека изразот „блиску“ не се однесува на место, туку на блискост на форма, на особините. Исто така знаете дека постојат четири стадиуми, Бехинот, на разлики на особините, Шинуи Цура, кои ги содржат 10-те Сефирот од Игулим од Ајн Соф до средната точка. Средната точка е Бехина Далет, која е најгруба, Ав, од сите нив, и првиот Игул, наречен  Кетер, се смета за инспирација на Шореш, од горните четири стадиуми, Бехинот. Природно, Игул од Кетер е најфина, Зах, од сите Игулим, бидејќи неговата особина е најблиска од Ајн Соф. Бехина Алеф, кој е нешто повеќе груба, Ав, е повеќе оддалечна од Ајн Соф во однос на Кетер. Бехина Бет, е уште повеќе груба, Ав, и затоа е подалеку од Ајн Соф, отколку Бехина Алеф. Конечно, средната точка, која има највеќе Авјут од сите нив, се смета за најдалечна од Ајн Соф.  Ние не треба да се чудиме во однос на тоа што го рековме погоре (во дел 1, поглавје 1, точка 100), дека во Игулим не постои горе и доле, бидејќи ние овде зборуваме за Игулим откако тие го примиле осветлувањето на Кав во нив. Тоа во нив создало горе и доле и сите други карактеристики во Кав.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели