Слушнав во 1940 г., во Ерусалим
Неживо: нема слобода и власт врз себе, туку се наоѓа под власт на господарот и мора целосно да ја исполни желбата на господарот. А бидејќи Создателот ги создал сите битија за слава на Себе, како што е речено: „Секој, кој е наречен со Моето име, е создаден за слава на Мене“, односно го создал битието за Себе, тоа значи дека и природата на Создателот како господар, е отпечатена во битијата. Затоа ниедно битие не е способно да работи за ближниот, туку сè прави само за себе.
Растително: во него веќе се појавува почеток за самостојна желба – во тоа што може да постапува до некаде против желбата на господарот, односно може да прави нешто не за себе, туку да дава. Тоа веќе е спротивно на желбата на Господарот, кој им дал на своите битија желба да примаат за себе.
Гледаме кај земските растенија дека иако и тие прават некакви движења, ширејќи се во ширина и висина, сепак кај нив постои една особеност – дека ниедно од нив не може да биде против природата на сите растенија, туку мора да се придржува до законите на сите растенија, како и тоа дека нема сила да направи нешто против останатите. Значи, тоа нема самостоен живот, туку неговиот живот е дел од животот на сите растенија. Сите растенија водат само една форма на живот, затоа што сите тие се како едно растение чии што делови се тие.
Истото е и во духовното: оној кој има мали сили да и одолее на својата желба за насладување, се наоѓа во ропство на околината околу него и сè уште не е во состојба да оди против неа. Сепак, тој може да оди против својата желба за наслада, односно да дејствува со желба за давање.
Животинско: секое животно има своја посебност и тоа не се наоѓа во ропство на околината околу него – секое има чувство, секое има свои посебни својства. И секако, тоа може во нешто да дејствува против желбата на господарот, односно да работи за давање, а исто така не е под власта на опкружувањето, затоа што тоа си има свој личен живот кој не зависи од животите на другите.
Но, животното не е во состојба да почувствува нешто повеќе од самото себе, односно не е во состојба да ги почувствува тие однадвор, па затоа и не може да се грижи за другите.
Човечко: Човекот ги има следниве предности:
1) постапува против желбите на господарот,
2) не зависи од сличните на себе, од околината како растителното,
3) ги чувствува оние од надвор, па затоа и може да се грижи за нив и да ги исполнува.
Бидејќи може да страда од страдањата на околината, може и да се радува на радостите на околината. Може да добие чувство од минатото и од иднината, додека животинското ниво ја чувствува само сегашноста и исклучиво самото себе.