На драгите ученици, нека биде Создателот со нив
... А тоа што се чуди тој на мојата предаденост на книгата „Емек аМелех“, која јас сакам да ја издадам, е од причина што не ме разбрал, бидејќи не е „Емек аМелех“ предмет на мојата работа, туку само краткиот извадок и „Проучувањето на Ацилут“ од што оној кој ја копирал и што злонамерно му ја припишува на Ари, па така со своето скратување направил две зла. Првото е што им го одзел напразно времето на сите истражувачи на срцето, заради далечни работи, доближени во неговите стихови кои водат до неред. Второто е што тоа се зборови на равот и мудрецот, авторот на „Емек аМелех“ од трудовите на Ари и тоа води до забуна од огромни размери. Исто така, лут сум и затоа што јас напразно изгубив од моето време.
Што се однесува пак, до споменатата книга, нејзиниот автор е свет и возвишен човек, без сомнеж. Но, неговите зборови се изградени врз основи земени од рав Исраел Сарук, кој исто така, мислам дека не го разбрал зборовите на својот учител Ари. Меѓутоа, зборовите на рав Исраел Сарук се прошириле меѓу праведниците на земјата затоа што рав Исраел Сарук на еден или на друг начин направил ред од зборовите кои ги слушал од Ари, па затоа тие се разбирливи на секој (човек) кој има ниво на достигнување, бидејќи големината на умот и достигнувањето на рав Исраел Сарук не познава граници. Затоа авторот на „Емек аМелех“ целосно се потпира врз неговите основи, а заедно со него и сите кабалисти надвор од границите на државата Израел до ден денешен и сето тоа е заради тешкотиите во зборовите на рав Хаим Витал кои се кратки и не се средени. Ова исто така, е една од причините зошто почнав да ги печатам своите зборови во книга, во кабалистичкиот молитвеник на Ари, кој ни дојде од рав Хаим Витал, кој ги сфатил, како што самиот Ари потврдува за него. И рав Исраел Сарук исто така го признавал ова.
Зачудувачки во врска со Хида е што тој не сфатил дека (е потребно) да се извлече „Емек аМелех“ од проблемите на „Макор Хаим“, затоа што, не дај Боже, тој погрешно ја протолкувал кабалата на Ари, покрај тоа што се потпира на рав Исраел Сарук, а тоа се случило со сите кабалисти и автори надвор од границите на Израел, во поголем или во помал степен, без ниеден исклучок. Јас мислам дека исто така и рав Јаков Цемах, рав Меир Поперс, рав Натан-Ната Шпиро и рав Менахам ди Лонзано, нека биде благословен споменот за сите нив, многу се потпираат на рав Исраел Сарук, па тогаш зошто тој не им се налутил на нив? Но, самиот јас се надевам, со Божја помош, да ги прочистам трудовите на Ари, без дополнителни називи и заклучоци, кои што не му припаѓаат на него, кои до денес се мешале со неговите зборови, така што со текот на времето ќе има согласност од сите големи кабалисти и нема да има потреба да се дополнуваат основите на Ари со други извори освен од него.
Во врска со тоа што тој се зачудил зошто не сум го навел Рашаш, зошто тој не му одговорил дека Рашаш ја почнува својата книга со светот Некудим, а јас стојам на средина на Акудим. И покрај делумните зборови за сонцето, кои што исто така спаѓаат во петте парцуфи на Ацилут, од него нема ниеден збор за овие работи.
Тоа што заклучил од коментарите „Кетер“ од 49-те порти во „Дрво на Животот“ можеш да му кажеш од мое име дека тој не го разбира овој коментар, затоа што таму се зборува за сфирата Кетер, која содржи 10 сфирот од директната Светлина и 10 сфирот од одразената Светлина на внатрешниот А''К, кој претставува средина меѓу Бесконечноста и А''Б, СА''Г, М''А, БО''Н, но откриен надвор од него, како што е познато. Исто така, во секој парцуф има Кетер, слично на внатрешниот А''К, кој содржи 20 сфирот, па затоа на јазикот на Зохар тие се нарекуваат „каф“. За него „Дрвото на Животот“ вели дека може да се нарече Бесконечност, а може да се нарече и Создавање. И едниот и другиот збор се од живиот Бог.
Јас зборувам само за Кетер на 10-те сфирот од директната Светлина, кој не може да се нарече поинаку, освен со името „Бесконечност“ и името „Создател“, а исто така е невозможно тој да се нарекува „среден“, не дај Боже, истовремено и под името „првосоздаден“, како и корен на четирите основи ХУ''Б ТУ''М. До откривањето на сфирата на Бина од директната Светлина, клито го нема целосно ни својството „шореш“ (корен), како што пишував детално во првиот дел, дека својството кли, како во потенцијал, така и во реализација, целото се однесува на битието, погледни внимателно. Во врска пак, со внатрешната Светлина Игулим, тој ги измешал моите зборови откако јас ги разделив на два моменти – дека светењето од опкружувачката Светлина спаѓа во опкружувачката светлина на Бесконечноста, а внатрешната Светлина е она што Игулим можат да го добијат самите по себе и тоа се две категории.
Онаму каде што се опишува Бхина Гилем, јас ја објаснив внатрешната Светлина: „онаа Светлина, која доаѓа до нив, се нарекува внатрешна Светлина, а тоа значи дека таа е поставена врз основа на самите нив и тоа се нарекува Светлина на решимо, односно решимо сè уште имаат сила да се доближуваат и да се хранат од Бесконечноста, но само во скратено светење, која пак, затоа се нарекува „решимо, кое останало од големата Светлина, која ја имало до скратувањето“. Таму пишував детално. За разлика од оние, кои си мислат дека „решимо“ овде укажува на некакво парче од светата Светлина кое останува соединето со местото по извлекувањето на Светлината, тоа претставува голема грешка, затоа што целата Светлина е соединета со својот корен и продолжува од својот корен без прекин ни за момент, како големата, така и малата светлина, која останува после извлекувањето и се нарекува „решимо“. Во врска со тоа што ја објаснував опкружувачката Светлина со следните зборови: „бидејќи Бесконечноста сега свети со својството за давање од своето место“ итн., јас имам предвид дека таа Светлина не влегува во својство на местото на скратувањето, кое според границите и степенот е слично на внатрешната Светлина, туку напротив, таа свети без граници и не се разликува голема и мала, каква што си создало битието за себе.
Овие работи се објаснети во „Воведување кон Портите“ и во „Порти на Предговорот“ на многу места. Воопшто нема несогласување меѓу нив и мене, освен во поимите, но воопшто не и во зборовите, бидејќи јас исто така велам дека светлината на „решимо“ е внатрешна Светлина и јас ја објаснив за да не грешат луѓето, како што е речено погоре. Додека пак, тоа што тој напишал дека тоа не изградено во однос на посакуваната цел, односно намерата, кажи му дека во тоа е целата моја намера за воведување ред во предговорите и многу луѓе грешат заради тоа, затоа што секој си гради слика за себе, а тоа е од причина што Ари и рав Хаим Витал не направиле ред самите, па затоа јас бев принуден да ги објаснувам своите основи во коментарот на „Десетте сфирот“, во кој многу луѓе се збунуваат. Исто така, мнозинството луѓе се збунуваат и во толкувањето и во организирањето на парцуфите на А''К.
Откако го објаснувам редот на парцуфите на Ацилут и подемите и нивоата, како што треба, тогаш ја објаснувам книгата „Нехар Шалом“, која е испечатена со големи противречности, бидејќи ја печателе без знаење на Рашаш. Таму се додавани работи кои тој ги кажувал во младоста и од кои се откажал во староста. Доколку тој ја напишал сам, секако дека би го поправил она што треба. Но познато е дека тој не ја составувал, туку дека други ја украле и ја испечатиле кога не бил дома, а тој зажалил, како што е познато. Јас ги видов коментарите кои биле испечатени за да ги објаснат неговите зборови, но овие коментари сведочат дека тие не дошле ни до почетокот на знаењата на Рашаш, освен во една книга „Торат Хахам“, која го достигнува во одредена мера, но не води до тоа да се исправат работите. Со Божја помош, сето тоа ќе биде правилно и разбирливо. Меѓутоа, методот на Рашаш е спротивен на сите автори дури и до денес, па затоа јас не можев да се справам со неговите вистински зборови пред да се појават неговите вистински основи во учењето на „Дрво на Животот“, кои со Божја помош ќе ги откријам, ако биде таква волјата на Создателот во идните денови.
Исто така, ќе составам индекс на сите мои зборови во „Паним Меирот уПаним Масбирот“. На она што е напишано и објаснето во „Осумте Порти“, во „Дрво на Животот“ и во „Воведување кон Портите“ не е додадено ништо. Од книгата „Хефци ба“ на рав Хаим Витал прифатив некои работи, а од останатите трудови на Ари во своите основи не прифатив ништо заради несигурноста за чистината на нивните автори, а и нема што да се зборува за кабалата на раните Гаони и сите други освен Ари, затоа што тие трудови јас воопшто и не сум ги видел. Тоа што го цитирам коментарот на Рамбан на „Сефер Јецира“ – јас не го наведувам како основа на науката, туку како основа на прочистеноста од материјалното, затоа што и рав Хаим Витал го цитира од истата причина, а исто така јас го наведувам и Рамбам по тој повод. Сметав дека е неопходно да се задржам на ова за да можете да одговорите на кого што ќе има потреба со разум и со знаење и зборовите на мудреците да ги слушате во спокојство. Со Божја помош ќе составам индекс на зборови за да можете вие да го најдете секој израз. Сега сум зафатен со составување на вовед за книгата. Подоцна ќе составам индекс на зборови и места (во книгата), како и список на скратеници. Многу грижи ми го одземаат времето, а покрај тоа, ова се работи на кои јас не сум навикнат, па затоа тие само се наталожуваат ден по ден. Во врска со новата синагога, многу сум радосен и би сакал да знам до каде е работата за втората синагога, за која што се надевавме дека ќе ја направиме во Стариот Град.
Ви посакувам мир,
Јехуда Лајб