Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

191. Време на падот

Слушнав на 14-ти Сиван (13-ти јуни 1938 г.)

Тешко можеме да си ја замислиме состојбата на духовниот пад, кога пропаѓа вкусот од духовната работа и напорите вложени од човекот во текот на целото време од почетокот на неговата духовна работа до падот. Како никогаш да не го почувствувал вкусот од духовната работа, како сето тоа да било надвор од него. Од ова е јасно дека духовното паѓање се случува само со оние кои веќе се наоѓаат на високите духовни степени. Додека пак, обичните луѓе немаат воопшто никаков однос кон таквите состојби, затоа што се стремат само кон исполнување на земските желби со кои е обвиткан целиот наш свет.

Но, потребно е да се осознае зошто му се јавуваат ваквите состојби на паѓање на човекот. Зарем од неговото согласување или несогласување со нив се менува нешто во системот на универзумот, управуван од Добриот Создател со Апсолутна Добрина? Која е користа од таквите состојби?

Работата е што состојбата на паѓање доаѓа кон човекот за да може тој да ја достигне големината на Создателот, не давајќи му да го зајакне неговото срце и да пробуди во него страв и трепет пред големината на Создателот. Тој ќе спознае колку е оддалечен од Создателот така што на разумот му е несфатлива можноста за поврзување и соединување на човекот со Создателот.

Во времето на духовниот пад човекот чувствува неможност од никаква поврзаност и соединување со Создателот, затоа што ја перципира припадноста кон духовното како работа која е сосема туѓа на овој свет. Тоа навистина е така, меѓутоа: „Заедно со чувствувањето на големината на Создателот, човекот ја открива и Неговата скромност“ и ова е чудо кое е над природата, кое Создателот му го дава на човекот како подарок во форма на можност да достигне поврзаност и соединување со Него.

Затоа, кога човекот повторно достигнува поврзаност со Создателот, тој треба постојано да си спомнува за состојбата на својот пад, за да ја осознае, да ја процени и возвеличи состојбата на соединување со Создателот и да знае дека сега се удостоил со чудото на спасението одозгора.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели