ТЕС – Изучување на Десетте Сефирот – Капител 1, Дел
Забелешка: Заборавањето на значењето на зборот во однос на некој текст е полошо од бришење на тој збор од самиот текст. Ова е затоа што страното согледување на работите целосно ќе ги замати работите. Така, навикнете се себеси преку табелата за прашања и одговори, сè додека не бидете во можност да ги одговарите од срце без проблем.
Табела на прашања и одговори за значењето на зборовите
1. Што е Ор ? (Дел 1, Хистаклут Пнимит, 18)
1. Буквално значи Светлина. Сè што потекнува од Световите - Оламот што постои како „постоење од постоење,“ што всушност претставува сè освен субстанцата на Садовите, Келим. (види точка 2 и 24)
2. Што е Ор и Кли ? (Дел 1, поглавје 1, Ор Пними, 6).
2. Буквално значи Светлина и сад. Желбата која сака да прима во Не’ецал се нарекува Кли ; додека насладувањето Шефа, кое тој сад го прима се нарекува Ор.
3. Што е Ор Агол ? (Дел 1, поглавје 1, Ор Пними, 100)
3. Буквално – Округла Светлина. Ор која не прави распознавање на степени.
4. Што е Ор Пашут ? (Дел 1, поглавје 1, Ор Пними, 30)
4. Ор која е помешана со Кли до точка каде што нема препознавање на Ор во Кли,
5. Што е Ор Хохма ? (Дел 1, поглавје1, Ор Пними, 50)
5. Ор која навлегува во садот при првото ширење на Светлината, (Итпаштут) и претставува општото одржување и суштина на суштеството, (Ацмут на Не’ецал.)
6. Што е Ор Хасадим ? (Дел 1, поглавје 1, Ор Пними, 5)
6. Ор која ја облекува Ор Хохма и навлегува во садот при првиот напор( Хитгабрут).
7. Што е Празен Авир ? (Дел 1, поглавје 1, Ор Пними, 5)
7. Буквално значи Празен Воздух. Ја преставува Ор од Хасадим пред да биде облечена во Ор Хохма.
8. Што е Потоа, (Ахар ках) ? (Дел 1, Хистаклут Пнимит, 34)
8. Она што произлегува од претходната состојба - Бехина. (види точка 20),
9. Што е Средна ? (Дел 1, поглавје 2, Ор Пними, 2)
9. Види точка 39.
10. Што е Едно ? (Дел 1, поглавје 2, Ор Пними, 1)
10. Ор Елјон која се проширува од Неговата суштина- Ацмуто, претставува Едно, исто како и Пашут со Неговата Ацмуто. Како што е тоа во Ајн Соф, така е и во Олам Асија, без промена и додавање на Цура, и затоа се нарекува Едно.
11. Што е Создател ? (Дел 1, „Хистаклут Пнимит“, 18)
11.Името Создател е однесува само на моменталниот Хидуш (новитет) што значи „постоење од отсуство,“ што ја претставува супстанцата на Келим, дефинирана како „желба за примање“ во секоја суштина. Таа била неопходно отсутна од Неговиот претходен Ацмуто пред создавањето.
12. Што е Двекут ? (Дел 1, поглавје 1, Ор Пними, 30)
12. Буквално значи Сплотување. Тоа претставува еднаквост на форма, Хиштавут Цура, која ги приближува духовните работи заедно и ги приврзува една за друга, додека Шинуи Цура ги одделува едена од друга.
13. Што е Еднаквост ? (Дел 1, поглавје1, Ор Пними, 10)
13. Кога помеѓу четирите нивоа, Бехинот, во желбата за примање не постои распознавање, тогаш за нив се вели дека тие се исти, еднакви.
14. Што е Хитпаштут ? (Дел 1, поглавје 1, Ор Пними, 1)
14. Ор која произлегува од суштината на Создателот, (Маацил) кон суштеството, (Не’ецал), се нарекува распространување, ширење на Светлината, (Хитпаштут де Ор). Всушност, нема влијание на Вишата Светлина, (Ор Елјон), на ниеден начин. Тоа е како палење на една свеќа од друга, додека првата не е намалена заради втората. Името укажува само на примање на суштеството, (Не’ецал).
15. Што е Зах ? (Дел 1, поглавје 1, Ор Пними, 90)
15. Првиот стадиум - Бехина Алеф, во желбата за примање се смета за поголемо осветлување, (Зах), отколку трите Бехинот кои ја следат.
16. Што е Време ? (Дел 1, Хистаклут Пнимит, 34)
16. Тоа е одреден збир на стадиуми, Бехинот, кои висат надолу, еден од друг, и се мешаат меѓусебно по пат на причина и последица, како денови, месеци и години.
17. Што е Темнина, (Хохеш) ? (Дел 1, Хистаклут Пнимит, 24)
17. 4-тиот стадиум на желбата да прима, Бехина Далет. Тој стадиум не ја прима Ор Елјон во садот, со помош на моќта на Ограничувањето - Цимцум, па се смета како Корен, (Шореш) на темнината.
18. Што е Хохма ? (Дел 1, поглавје 1, Ор Пними, 50)
18. Тоа е Светлина од Неговата суштина, (Ор од Ацмуто) од одржувањето на суштеството, (Не’ецал) (види точка 5)
19. Што е Халал ? (Дел 1, дел1, Ор Пними, 6)
19. 4-тиот стадиум на желбата, (Бехина Далет де Рацон) која станала празна со Ор се смета за темнина во споредба со Ор. Со почит кон садот, Кли, таа се смета за простор, (Халал), бидејќи Бехина Далет не исчезнала од суштеството во суштината, (Не’ецах де Ацмуто) од страна на Цимцум, но во неа има слободен воздух, Авир, без Ор.
20. Што претставува Пред и Потоа ? (Дел 1, Хистаклут Пнимит, 34)
20. Кога се зборува за односот на причина и последица на суштеството (Не’ецалим) ние ја изразуваме причината со изразот „Пред“, и последицата со изразот „Потоа.“ или „после тоа“ (види точка 16).
21. Што претставува Единствено и Соединето? (дел1, Хистаклут Пнимит, 1)
21. Едиенствено укажува на Ор Елјон која свети и владее со различни степени во нивни различни форми, до степен додека не ги изедначи со Неговата едиенствена форма, (Цура). Соединет укажува на крајот на поправката, што значи откако се изедначил и ја донел неговата форма (Цура) за да биде единствена, исто како што е и Тој (види точка 14).
22. Што е Соединување ? (дела1, поглавје 1, Ор Пними, 6)
22. Два различни стадиуми (Бехинот), кои се изедначуваат еден со друг во однос на нивната форма, (Цура) се соединуваат во еден (види точка 12).
23. Што претставува Лево и Десно ?
23. Понекогаш, понизок степен се искачува на еднакво ниво со повисокиот степен, кога повисокиот степен има потреба од понискиот да биде целосен. Во таа состојба, понискиот степен се смета за „лева“ а повисокиот се смета за „десна.“
24. Што е Создава? (Дел 1, Хистаклут Пнимит, 18)
24. Зборот „Создава“ се однесува точно на дејсвото - истурањето на Светлина во Световите, (Ор во Оламот), што вклучува сè, освен супстанцата на садовите, Келим (види погоре точки 11 и 1).
25. Што е Кли ? (Дел 1, поглавје 1, Ор Пними, 6)
25. Буквално сад. Желбата за примање во суштеството (Не’ецал) се нарекува Кли.
26. Што е Горе ? (Дел 1, поглавје 2, Ор Пними, 3)
26. Изедначување на формата,( Хиштавут Цура) на нижиот со Вишиот се нарекува „издигнување нагоре.“
27. Што е Маацил ?
27. Секоја последица се смета за Маацил – Создателот - на степенот на кој е дејствувано. Титулата Маацил ги соджи влијанијата на Светлината и садот, (Хамшаха на Ор и Кли) при примање Ор.
28. Што претставува потеклото на Душата, Нешама ? (Дел 1, Хистаклут Пнимит, 15)
28. Желбата за примање, која била вградена во душата, е она што ја одделува и „отсечува“ од Ор Елјон. Тоа е поради разлика во формата, (Шинуи Цура), која одделува во духовноста (види точка 12). Прашањето за потеклото на Душата, Нешем,а се поврзува со промената помеѓу Светот Ацилут и Светот Брија, (Олам Ацилут и Олам Брија), што ќе биде објаснето подоцна.
29. Што значи Долу ? (Дел 1, поглавје 2, Ор Пними, 3)
29. Оној кој е со помали доблести се смета за „долен.“
30. Што претставува Соединет ?
30. Види ја дефиницијата за Едиенствен и Соединет.
31. Што претставува Малхут од Ајн Соф? (Дел 1, Хистаклут Пнимит, 14)
31. Тоа ја претставува желбата за примање задоволство, која е таму неопходна.
32. Што претставува од Горе Надолу ? (Дел 1, поглавје 2, Ор Пними, 3)
32. Тоа означува од 1-от до 4-тиот Стадиум, од Бехина Алеф до Бехина Далет. Бехина Далет кој останала без Ор се смета дека е „под“ сите други степени. Колку е послаба желбата за примање, толку повисок се смета поедиенцот. Затоа, првиот стадиум, Бехина Алеф, се смета за „највисок“ стадиум од сите.
33. Што е Исполнување ? (Дел 1,/1)
33. Тоа е онаму каде што нема никава потреба, и каде што не може да постои додаток на целовитоста, која постои таму.
34. Што претставува Вишо – нижо ? (Дел 1, поглавје 2, Ор Пними,)
34. Поважното се смета за „Вишо,“ додека полошото се смета за „нижо“.
35. Што претставува Место ? (Дел 1, Хистаклут Пнимит, 11)
35. Желбата за примање во суштеството, Не’ецал, претставува „Место“ за примање на насладата и Светлината, Шефа и Ор, во него.
36. Што претставува Квадрат ? (Дел 1, поглавје 1, Ор Пними, 200)
36. Тоа е степен кој се состои од сите четири стадиуми на желбата, Бехинот од Рацон.
37. Што претставува Триаголник ? (Дел 1. Поглавје 2, Ор Пними, 5)
37. Претставува степен со само првите три Бехонот од Рацон.
38. Што претставува Допирање ? (дел 1, поглавје 2, Ор Пними 5)
38. Доколку разликата во форма, (Шинуи Цура) не е толку различен од степенот на својството на Коренот, за да се оддели од Коренот, Шореш, тоа се смета за „допирање“ на Коренот. Тоа се однесува на односот помеѓу два соседни степени.
39. Што е Средна Точка ? (Дел 1, поглавје 1, Ор Пними, 5)
39. Тоа го претставува името на Бехина Далет во Ајн Соф. Таа е така именува според соединувањето со Ор Ајн Соф.
40. Што е Соф ? (Дел 1, поглавје 1, Ор Пними, 20)
40. Буквално Крај и завршеток (Соф и Сиум) на секое суштество (Не’ецал) е направено со помош на воздржувачката сила, ограничувањето, во 4-тиот стадиум, Бехина Далет, каде што Ор Елјон престанува да свети бидејќи тој не ја прима.
41. Што претставува Игул, Игулим ? (Дел 1, поглавје 1, Ор Пними, 100)
41. Кога не постојат распознавања од Вишото и од нижото, помеѓу четирите стадиуми, Бехинот на желбата за примање, тоа се смета за Игул, (како во округлата слика во телесноста, каде што не се препознаваат доле и горе). Заради тоа, четирите стадиуми, Бехинот се нарекуваат Игулим кога се еден во друг, каде што е невозномжно да се определи доле и горе.
42. Што е Елјон ? (Дел 1, поглавје 1, Ор Пними, 3)
42. Тоа е поважното.
43. Што претставува Одделување ? (Дел 1, Хистаклут Пнимит, 12)
43. Два степени без совпаѓање на својствата, (Хиставут Цура), од било која страна, се сметаат како целосно одделени еден од друг.
44. Што претставува Празен ? (Дел 1, поглавје 1, Ор Пними, 4)
44. Тоа претставува место кое е спремно да прмими поправка, Тикун и совршенство.
45. Што претставува Пашут ? (Дел 1, поглавје 1, Ор Пними, 9)
45. Каде што не постојат распознавање на степени и страни.
46. Што е Цимцум ? (Дел 1, поглавје 1, Ор Пними, 40)
46. Буквално значи контракција, ограничување. Оној кој ја покорува својата желба се воздржува себеси од примање и не прима, и покрај големата желба за примање. Тоа се смета за ограничување, контракција, (Цимцум) на својата желба.
47. Што е Кав ? (Дел 1, поглавје 2, Ор Пними, 1)
47. Буквално означува линија - зрак. Укажува на распознавање на доле и горе, кое претходно не било присутно. Исто така тоа означува многу послаб сјај, осветлување, (Хе’арах) од претходно.
48. Што е Каров, Блиску ? (Дел 1, поглавје 2, Ор Пними, 3)
48. Оној чија желба е поблиску и послична до желбата на Создателот, толку тој се смета за Нему најблизок.
49. Што е Рош ? (Дел 2, поглавје 2, Ор Пними, 6)
49. Буквално Глава. Делот во создаденото, Не’ецал, кој е најсличен со Коренот, Шореш, се нарекува Рош.
50. Што е Раух ? (Дел 1, поглавје 2, Ор Пними, 5)
50. Ор Хасадим се нарекува Руах.
51. Што е Рацон Пашут ?
51. Желба, Види точка 45.
52. Што е Шем, Име ? (дел 1, Хистаклут Пнимит, 5)
52. Светите Имиња се описи на тоа како се достигнуваат Светлините, Орот, на кои тие се однесуваат. Името на степенот прави разлика во спроведувањето на достигнувањето во тој степен.
53. Што е Тох ? (Дел 1, поглавје 1, Ор Пними, 50)
53. Буквално внатре. Оној кој прима внатре се смета за Ор, која се мери и е ограничена во садот, Кли. Но, оној кој прима надвор не се смета дека прави граници на Светлината, Гевул на Ор, која ја прима.
54. Што претставува Движење ? (Дел 1, Хистаклут Пнимит, 33)
54. Секое обновување на својството, Хидуш Цура, се смета за духовно движење, бидејќи таа е одделена од секое претходно својство, Цура, и добива лично име. Тоа е како дел кој се одделува од телесен објект, кој се движи и излегува од своето претходно место.