Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Писмо 28, 1927 г., стр. 94

10-ти од месецот Адар 2, 1027, Лондон

На мојот ученик…

…Еве го гореспоменатото писмо, кое не беше испратено откако беше напишано и ќе ти одговорам сега. Со ова исто така ти одговарам и на твоето последно писмо пред младата месечина од месецот Адар на втори. Она, за што ти праша во врска со НХИМ, дека јас не сум го објаснил десното, левото и средното во нив, исто така спаѓа во својствата на одразената Светлина, а јас веќе ти пишував дека за својствата на одразената Светлина се потребни објаснувањата кои ги има во моите книги. Неколку пати ти напоменав дека духовните својства никако не можат да бидат подобри од материјалните својства, но ти остануваш на своето – дека не ја чувствуваш смислата од чистото ропство.

Јас мислам дека секаде каде што има желба за ропство, веќе се губи... називот „работа“, затоа што пречката за душевната радост и привлекувањето на Светлина се нарекува ропство, како што е речено: „Слугата кој е оставен без надзор се чувствува добро“. Затоа „оној кој е предаден врзан под јаремот на ропството се нарекува „роб“ или „работник“. Погледни внимателно во „Птиха“ дека поимите „работа“ и „труд“ доаѓаат од екранот кој ја сопира Вишата Светлина, која е многу привлечна за него, а поимот „награда“ доаѓа од одразената Светлина, со помош на која Малхут повторно станува Кетер, односно излегува од ропството кон целосно ослободување во наједноставно милосрдие, што значи „Кетер“. Затоа мудреците рекле: „На слугата лебот не му стои во стомакот“, бидејќи одразената Светлина се нарекува НХИМ – Нецах, Ход, Есод на Зеир – Анпин и Малхут, која се соединува, како што е познато, со удар.

Доколку кај тој слуга би бил ист НХИМ од неговиот стомак до главата, тогаш тој би излегол на слобода, како што е речено погоре. Меѓутоа, тој не е ист и е само до стомакот. Со други зборови, неговата намера за отпор не е кон екранот од четвртиот стадиум, туку за примање. Исто така, излегува дека и неговиот екран кој задржува претставува кли за примање, а не кли кое е пречка во гореспоменатата смисла, па затоа, за жал, Кетер се претвора во Малхут, а буквите од „Кетер“ се сметаат само во зборот „Керес“ (стомак) и НХИМ – неговата утроба и затоа останува роб. Целата таа разлика меѓу екранот на Кетер и екранот на Керес кај него се појавила благодарение на одбивноста на келим за примање кон утробата, крајната одбивност. Всушност, исто така и задоволството кое автоматски се привлекува кон утробата било како насладувањето кое се добива од триење и чешање на отокот и плускавецот, а тоа е насладување кое предизвикува одбивност кај секој човек од причина што прави штета, па благодарение на силата на одбивноста, која ја има во природата, во него ќе се искове поинаква природа, која предизвикува вистинска одбивност кон задоволството на утробата и таму ќе биде неговиот екран, кој се кине во борбата со опструктивната сила, како четврт стадиум во повторното претворање во Кетер. Но, што се случува со оние кои не се придржуваат строго до чистината? Работата која предизвикува одбивност, како и во неговата прва природа, материјалната, во однос на неа постои големо милосрдие! До својата страна тој е прочистен и веќе има одбивност кон работата, кон која што треба да чувствува одбивност, но не може толку прецизно да разликува од аспект на материјалната природа, па затоа не удира со соодветната промисленост дури и во случај на материјална одбивност. Со ова се решава твојот проблем со лицемерието (неискреноста, лажењето, дволичноста...). Тука се крие причината за твојата грешка, дека светот е создаден за работа. Она што за мене претставува награда, ти го мешаш со работа, заради невнимателност. Би било правилно да се исправиш пред да отидеш во Ерусалим многу порано пред празникот на ослободувањето.

Јехуда

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели