Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Писмо 36, 1927 г., стр. 115

Шабат, неделно поглавје „Веикаил“, 1927, Лондон

На срдечниот пријател, учител и рав ***, нека свети свеќата негова

...Она што го пишуваш во врска со чистината на облеката, јас целосно го поддржувам. Што е напишано во „Десетте сфирот на одразената Светлина“, во што се состои поимот „светлина“? И што значи поимот „кли“? Ова ќе му стане јасно во продолжението на книгата на секој кој ја изучува – дека четвртиот стадиум, во кој има екран – тоа всушност е кли, но тоа не е кли за примање, туку кли за давање. Така тоа повторно станува Кетер. Додека пак, поимот „светлина“ е општ поим за целата оваа наука, бидејќи сè што се зборува во оваа наука, се зборува само во смисла на одразената Светлина, а во директната Светлина сите се исти еден со друг во однос на четирите познати стадиуми, како што се објаснува таму. Во врска со поделбата на деветте пониски сфирот на одразената Светлина, таму е запишано дека тие се соединуваат во келим на директната Светлина.

Во четвртиот допис кој јас, со Божја помош, ќе ти го испратам во текот на оваа недела, во воведот за АХА''П во „Паним масбирот“, во точката 11 ќе видиш термин „линија во должина“ и таа се однесува на директната Светлина, а „линијата во ширина“ на одразената Светлина, па од тоа заклучи дека она што е важно во одразената Светлина се одредува со количината на привлечена директна Светлина во парцуфот, кој без одразената Светлина не се привлекува во битието и затоа се нарекува светење на тенка линија. Размисли добро за ова и самиот користи го ова правило.

Јехуда Лајб

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели