Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Писмо 42, 1927 г., стр. 126,

Во овие редови сакам да ти го отворам своето срце: јас сум изненаден од тоа што пријателите не копнеат за мое скорешно враќање дома, како што би се очекувало. Јас мислам на тебе, затоа што во секој случај, ти си избран од сите, бидејќи не можеш да ми пишеш и да ми ги искажеш своите мисли, а највеќе од сите имаш потреба од добар збор. Ќе претпоставам дека ти тагуваш највеќе, па затоа ќе се искажам и ќе ми олесни. Меѓутоа, од друга страна, ќе го земеме предвид и она што го доби ти за време на деновите поминати со мене. Иако сè уште не е јасно кој е виновен, на еден ли на друг начин, надежта слабее и треба да се зацврсти. Од своја страна, немам сила да те ослободам од тоа, а само можам да те уверам дека вината не е целосно моја, туку исклучиво на тебе самиот. Работата овде е во твојата непромисленост или недовербата итн., па затоа сите мои молитви тебе не ти донеле корист. Ти уште не си сфатил како да го реализираш тоа. Во таков случај, ќе ти ја донесам целата преамбула– чувај ја и тоа нека ти носи задоволство. Во часот кога човекот наоѓа благонаклоност во очите на Создателот, кој го повикува кон соединување со Себе, се знае дека тој е спремен и повикан за тоа со цело срце. Инаку, Создателот не би го повикал на Својата трпеза. Доколку вербата во срцето на човекот е цврста како столб, тогаш тој ќе занеме пред повикот кој не може да се одбие и ќе го спознае своето место засекогаш. Тој добива покана, го вкусува и го гледа ликот на Царот, не вчудоневидувајќи се на тоа до самопонижување, затоа што е совршен во знаењата и во вербата.

Мудреците рекле: „Плаши се од Господа, Богот свој“ – вклучувајќи ги овде и учениците на мудреците и оние кои се обединуваат во подлабоко единство. Среќни се оние кои одговараат на овие услови. Вистинитоста на ова може да ја видиш по себе, бидејќи кога дојде часот и ти го заслужи соединувањето, јас не го губев времето очекувајќи те да дојдеш кај мене дома, туку веднаш се појавив кај тебе. Иако ти не ме виде како материјална појава, сепак длабоко во срцето ја почувствува мојата љубов и големината на Светоста. Што ти остана да сториш, ако не да побрзаш кон мене со поздрав и љубов? Оној кој страда, го завршува започнатото, а така направи и ти. Чувството на љубов, подем и радост ти го носеше до мојот слух во текот на целиот пат од твојот дом до ридот со голема преданост. Меѓутоа, откако се качи на ридот и ме поздрави, радоста и љубовта почнаа да слабеат. Ова се случи заради твоето неверување во мене и во мојата искрена љубов кон тебе, слично на твојот повик, упатен лице во лице. Тоа е првото несогласување меѓу мене и тебе: посомневајќи се, ти веднаш излезе и замина од мене во соодветна мерка. Природата пак, на секоја духовност е таква, што деталите се појавуваат со чудесна брзина и краток рок меѓу зачнувањето и раѓањето. Затоа, ти не успеа да се ослободиш од стравот „се роди бргу како безвреден плод“. Со други зборови, ти се замисли за она што се случува со тебе: и одеднаш пријатните, издигнатите и возвишените мисли за мене беа преувеличени? Можеби не е така? Секако дека не е така. На крај, јас принудено излегов разделен со тебе, а целата своја работа и грижа ја вложив како залог за посоодветно време. Во соодветно време јас се вратив на претходната поврзаност со тебе, а ти исто така, помалку или повеќе ги направи своите првични дејствија. Понекогаш сакаше да слушнеш од мене јасни коментари на оваа тема, исто како човек кој зборува со својот другар – ништо помалку. Меѓутоа, во тоа јас сум слаб, како што е речено: „Тежок на зборови и со врзан јазик“. Ти нема на што да се надеваш понатаму ако не се удостоиш до таков степен да го осветиш свето материјално тело, кое има јазик и уши за да може вистински да се споредува со духовните добродетели. Не можеш да го разбереш ова, затоа што немаш работено со скриеното. Меѓутоа, од моја страна, нема никакви препреки за ова, за што имам право. Речено е: „Кравата сака да го храни телето повеќе отколку што тоа сака да јаде“.

Ќе ти го илустрирам ова со пример. Човек на раскрсница ја гледа славната градина и слуша како кон него се обраќа повикувачкиот глас на царот, кој се шета таму. Обземен со воодушевување, тој со еден чекор ја прескокнува оградата и се наоѓа во градината. Меѓутоа од вознемиреноста и од треската тој не забележува дека оди пред царот. Царот е до него, шетајќи му се зад грбот. Така човекот оди, со сите сили заблагодарувајќи му се и воспевајќи го царот, за да се подготви за средбата со него. Тој воопшто не чувствува дека царот е до него. Одеднаш се свртува и го гледа царот пред себе. Се разбира, неговата радост во тој момент нема граници и тој оди зад царот, ликувајќи и фалејќи се колку што може бидејќи царот е пред него, а тој веднаш зад царот. Така тие доаѓаат до портите. Тогаш човекот излегува надвор и се појавува на претходното место, а царот останува во градината и ја затвора портата. Увидувајќи дека останал сам и дека царот не е со него, човекот посакува да ја најде портата од градината од каде што излегол за да биде царот пред него. Меѓутоа таква порта воопшто нема. Првиот пат тој дошол, престигнувајќи го царот и не почувствувал дека царот му е зад грб. Така треба да биде и сега. Меѓутоа, потребно е присуството на тој голем „експерт“. Сфати ја оваа приказна бидејќи таа е вистински пример на нашите меѓусебни односи. За време на твојата посета јас почувствував рамнодушност, која пуштила никулци кај тебе. Ти требаше, во крајна линија, да го покриеш лицето за да не ме гледаш како јас ништо да не знам за она што одекнало во тебе и твоето срце додека си патувал кон мене. За ова е речено: „И поверуваа во Создателот и во Моше, слугата Негов“. Моше се удостоил да го види ликот на Создателот со тоа што го покрил лицето. Со други зборови, ако веруваш во она, за што се молам за тебе, ако те придружувам и ги слушам сите похвални слова и дитирамби, со кои што смислено ме наградуваш, тогаш секако ти длабоко би се засрамил од својата рамнодушност, која што ја заменила топлината. Ако се погрижиш и зажалиш за тоа како што треба, ти би се удостоил со милоста на Создателот. Тогаш она воодушевување би ти се вратило во поголем или во помал степен и ти би се удостоил да се соединиш со мене како што треба, а тоа е без никакво колебање засекогаш.

Јехуда Лајб

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели