Книга „Плодови на Мудроста. Писма“, стр. 37
„Четворица влегоа во Пардес“ затоа што до создавањето на светот „беше Создателот и Името негово“ бидејќи душите сè уште не биле души, а целото откривање на името на Создателот се случува после откривањето на Неговиот лик, слично како што непознатиот од страна на грбот се свртува, го покажува своето лице и гледаме дека ни е познат и кого можеме веднаш да го повикаме по име. До создавањето на светот душите биле совршено целосно соединети со Создателот, а Тој им дал круни и убавина дури и повеќе отколку што сакале, затоа што Тој ги знае нивните желби подобро од самите нив. Затоа не постои можност да се повика Неговото име, затоа што името се појавува во состојбата на возбудување на човекот за достигнување на некоја појава. Бидејќи овде се појавува само едноставна Светлина, невозможно е определувањето на спознанието, односно здобивањето со мудрост во таква Светлина.
Затоа мудреците таквата Светлина ја нарекуваат „едноставна“ (пшат), бидејќи таа е корен на сè и за неа не се зборува во книгите. Таа не е составен дел и не се достигнува како единствена и едноставна. Иако во понискиот свет во решимо на едноставната Светлина се разликуваат два дела, таа е едноставна, а не е составна и срцето ја разделува. Додека пак, во местото за кое зборуваме, воопшто не постојат никакви промени. Ова е слично на царот кој одеднаш го зел својот син и го ставил на средина на една огромна градина (пардес). Кога ги отворил царскиот син очите, не видел на какво место стои, затоа што од големата светлина на градината неговиот поглед се бил насочен далеку, на најоддалечените зданија и дворци на западната страна, па тргнал во таа насока и одел многу денови, сè повеќе останувајќи зачуден од убавината на западната страна. После неколку месеци, кога се намалила неговата воодушевеност и се заситила желбата, кога го исполнил својот поглед со формите на западната страна, неговата мисла се смирила и почнал да мисли што има на целиот негов пат кој е пред него? Го насочил својот поглед кон источната страна, кон страната од каде што дошол во градината и се вчудоневидел! Целиот исток со неговата убавина му бил толку блиску и не можел да сфати како не успеал да го почувствува тоа на почетокот, туку гледал само кон западната страна. Секако, оттогаш се насочил само кон сјајот на источната страна додека не се вратил кај портите низ кои некогаш влегол. Каква е разликата помеѓу деновите на влезот и деновите на излезот, затоа што сè што видел последните месеци, го видел за прв пат, но не го осознавал и не можел да го оцени, бидејќи срцето и очите ја чувствувале само светлината која доаѓала од западот. Откако им се наситил, го свртел лицето, срцето и своите очи кон исток, а срцето почнало да ја впива светлината која доаѓала од истокот. Но, што се променило?
Зад портите на градината постои второ сокривање, наречено „ремез“ (навестување), слично на тоа што царот му навестил на својот сакан син и го плашел со нешто, но синот не разбирал ништо и не го чувствувал внатрешниот страв, скриен во навестувањето, меѓутоа како последица од неговото соединување со таткото, тој веднаш се оддалечува оттаму во спротивната страна. Тоа се нарекува „второ лице“, ремес (навестување), затоа што две лица, пшат и ремез се впишуваат во битијата, како еден корен. Речено е дека нема збор кој е составен од помалку од две букви, наречени основа на коренот, затоа што од една буква не може да се разбере ништо, па затоа почетните букви на зборовите пшат и ремез образуваат „ПаР“ (на хебрејски јазик самогласките не се пишуваат), што всушност е корен на зборот „пар“ – бик во нашиот свет. Исто така и зборовите „прија“, „ревија“ – зачеток, размножување произлегуваат од овој корен (кога се мисли на бик како животно, се вели „шор“, а кога сакаат да го истакнат машкиот почеток и учеството во зачетокот, се вели „пар“, па соодветно на тоа „пара“ е крава, женската страна во зачетокот и размножувањето). Потоа се открива „третото лице“, наречено „душ“ – барање: дотогаш немало никакво барање за никакво појавување на законот „Создателот и Името Негово се единствени“, но во „третото лице“ одземаат и додаваат, бараат и наоѓаат според правилото „се трудеше и најде“ (игати ве мацати). Затоа ова место е предвидено за пониските, бидејќи таму има молба од долу – но не како светлината од источната страна која светела во согласност со реченото: „пред да повикате, јас ќе ви одговорам“. Овде имало силна молба и напор и насладување. Потоа започнува четвртото лице, наречено „сод“ – тајна, кое општо земено, е слично на навестувањето, но таму немало осознавање, туку сличност на сенките кои одат по човекот. Или со шепот, како што и велат на бремената жена, дека денес е Јом Кипур, а само ако е неопходно, ако таа така реши, може да се наруши за да не пометне (секако, се мисли на духовни состојби, како што е обично во сите кабалистички текстови). Но, зошто откривање на лицето, а не сокривање? Ова се достигнува од оној кој достигнува во низа: пар – перед – пардес. Сега да го разгледаме проблемот на четирите мудреци кои влегле во пардес, односно во четвртото лице, наречено „сод“, тајна. Бидејќи кај пониските има повисоки кои им претходат, па затоа сите четири лица се вклучени во четвртото заедно: десното, левото, од предната страна и она од задната страна.
Двете први лица, десното и левото, „пар“ одговараат на Бен Азарија и Бен Зома, чии што души се хранат од двете лица „пар“. Двете втори лица, од предната страна и она од задната страна, се делот од предната страна – раби Акива кој влегол со мир и излегол со мир, а задната страна е Елиша Бен Абуа, кој влегол на погрешен пат (јаца ле тарбут раа). Сè што е кажано за нив: „погледна и умре, погледна и ранет влезе на погрешниот пат“ – сето тоа е кажано за поколението кое се собрало заедно, но поправени сите целосно, во наизменични кругови од животот, еден по друг. Само рекол: „Враќајте се, блудни деца, освен Ахер“. Неговото место го зазел раби Меир, кој бил ученик на раби Акива. Талмудот прашува: „Како може раби Меир да учи Тора кај Ахер?“, а одговорот е во тоа што ја поправил целата негова клипа (непоправените мисли и желби), како што е речено, дека издигнал чад над неговиот гроб. Одовде се разјаснува она што го рекол Елишеј бен Абуја: „Оној кој го учи детето е сличен на тој што пишува на чиста хартија“, како душата на раби Акива: „оној кој учи старец е сличен на тој што пишува на нечиста хартија“ – така рекол за себе. Затоа му рекол на раби Меира: „Овде завршува саботното растојание“ (2000 ама, колку што може да се оддалечи во Сабота зад границите на населбата, кои ги измерив според чекорите на коњот, затоа што никогаш не се симнував од коњот...).
Јехуда Лајб