Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Писмо 18, 1926г. стр. 67

Човекот е онаму каде што се неговите мисли

Книга „Плодови на Мудроста. Писма.“, 1926 г.стр. 67

...Меѓутоа, погрижи се да добиеш „херојски скок“ (погледни Јешаја, 22:17) предвремено, бидејќи „човекот е онаму, каде што се неговите мисли“. Затоа, кога човекот е уверен дека нема да има недостаток од никаква добрина – тој може да ги насочува своите напори кон зборовите на Тора, бидејќи „благословениот се соединува со благословен“.

Меѓутоа, при недостаток на увереност нему ќе му бидат потребни грижи, а разните грижи се обратната страна (ситра ахра). „Проколнатиот не се соединува со благословениот“ бидејќи не може да ги насочи сите свои напори кон зборовите на Тора. Доколку пак, истовремено, доживува состојба „тешка работа во прекуморска земја“, во секој случај тој не мисли ништо за тоа, но многу бргу, како од оган, се враќа на постојаноста, за да не ги загуби своите искри во друго време и на друго место, додека тие сè уште не се обединети на потребниот начин. И знај дека ниеден недостаток кај пониските нема да биде вреднуван поинаку од дозволеното време на дозволеното место, како сега. Со тоа јас сакам да кажам дека ако човекот до дадениот момент злоупотребува, жали или, не дај Боже, очајува, тогаш „тоа ќе го оттргне засекогаш, на секое место кое што постои на светот“. Во ова е смислата на зборовите: „Неговиот гнев е за момент. Колку трае Неговиот бес? – Еден момент“.

Затоа нема поинакво поправање на човекот – туку само да ги насочи сите тековни и идни моменти така што тие ќе бидат поврзани и насочени кон Неговото велико име. Додека пак, оној кој го отфрла моментот на присуство на Неговиот лик, бидејќи тој е тежок, ја открива својата глупавост пред сите. Сите светови и сите времиња не му се потребни на него, бидејќи Светлината на ликот на Создателот не е наметната во промената на периодите и времињата, иако работата на човекот безусловно се менува со нивна помош. Затоа за нас се подготвени, благодарение на нашите свети прататковци, вербата и увереноста над знаењата, кои човекот ги користи во тешките моменти без грижи и напори.

Речено е: „Во оваа лесна буква е времето на целото создавање во шесте дена“, бидејќи буквата „ hэй “, која претставува корен на битието, е лесна буква, а грижите никако не помагаат за повишување на нејзиното ниво. Затоа оној, кој целосно ја прифаќа тежината врз себе на небесното Царство (Малхут шам аим), не наоѓа грижи во работата за Создателот, благодарение на што може да биде соединет со Создателот дење и ноќе, во светлина и во темнина. Него нема да го прекине минливата, непостојаната и променлива материјалност, бидејќи Кетер – Бесконечноста свети еднакво на сите, а глупавиот што оди под дождот од препреки, кој истура врз него и од напред и одзади, им вели на сите дека не чувствува недостаток, предизвикан од прекинот во соединувањето или каква било расипаност или неправедност заради тоа, бидејќи ако би го чувствувал тоа, тогаш секако, на еден или на друг начин, би барал помош во некоја итрина, за да се спаси од прекинот, како во малото, така и во големото соединување. Таквата итрина сепак не му е забранета на никого кој ја бара. Ова се случува со помош или на „мислите за вербата“ или на „увереноста“ или на „молбата“, а овие патишта се приспособени за човекот токму во тесните места, бидејќи дури и „крадецот, кој копа тунел, Го повикува Милосрдниот“. Затоа за ова нема потреба од Светлината Мохин на големата состојба (Мохин де-гадлут), за да ја зачува гранката од брзиот прекин со својот корен.

„Доколку овие три работи не си ги направил за неа“ (погледни Тора, Шмот, 21:11), тогаш таа „ќе отиде“ под власта на многу луѓе, станувајќи девојка на луѓето како „подарок без откуп“ на тој господин, бидејќи на него нема да му дадат ништо за неговите грижи и напразни напори. Како што е речено: „Слични на нив ќе бидат оние кои ги направиле“ (Псалми, 115:8) итн. Што да побара од нив, нешто што е создадено без волја, кои се поклонуваат на делото од своите раце? Затоа за секого, кој сознава дека му се прават препреки одозгора, јас велам: лагата е доказ за својот создател. Тој злонамерно се претставува запоставен, затоа што нема вистинска желба кај него да биде соединет со Создателот, а причината за тоа лежи во силните врски со „венците на нечистотијата“, од кои тој никако не сака да се оддели.

За ова е речено: „Вие кои немате пари, одете, купете и јадете и одете, купувајте без пари и без да платите за виното и за млекото“ (Јешаја, 55:1). Со други зборови, целата наша молитва е насочена кон Создателот, за да ни подари од Својата мудрост и светење. Причината за тоа е што сака од нас да се украсиме пред Него во желбите со тајните на реченото: „Духот привлекува дух и носи духовно“. Како што се вели во приказната, невнимателно се влегува во царските соби без никакво барање... Меѓутоа, вистината е што ние немаме работа со подарокот сам по себе, туку со тоа што сме се удостоиле, во поголем или помал степен, да бидеме соединети со Создателот. Во друга приказна се зборува за слугата кој со желба од срцето посакува да се соедини со Царот и почнува да ги истражува прифатените норми во царството. Во себе тој предизвикува некаква молба кон Создателот, а Царот го отфрла. Ако е снаодлив, тогаш ќе му ја каже на Царот вистината за својата точка во срцето: тој не сака никакви подароци. Царот ќе му даде некаква можност, најмала од најмалите, каква и да е, само во некој степен да биде соединет со Царот во единствена врска, која, не дај Боже, никогаш нема да се прекине. Денес Царот ни го откри тоа во форма на соединување, кое што е отфрлено во очите на презрените, а неговата вредност секогаш одговара на нивото на желбата на точката во срцето, односно на молитвата, вербата и увереноста човекот никогаш да не доживува недостаток во душевната состојба, дури ни одвреме навреме или на краток момент од 24-те часа.

Меѓутоа, презрените, поаѓајќи од точката во срцето, не се стремат кон соединување со самиот Цар, со гуф де-Малка, туку со Неговите многубројни подароци, слушајќи го говорот на Царот, кој дава неброени чудесни насладувања и тогаш се насочуваат искрите од длабочините на срцето кон Неговите огромни подароци. Затоа тие доживуваат проблеми во соединувањето со Него. Велат: „Што ќе биде со тоа?“, други варијанти на ова прашање: „Што има во тоа?“; но златните јаболка (погледни Мишлеј, 25:11)... Затоа секој што разбира ќе им се смее на таквите работници, на кои им недостига срце и кои докажуваат дека се глупави пред сите бидејќи раскажуваат како им се прават пречки. И ова е доволно за оној кој разбира.

Но, „сојузот на татковците не е прекинат“ и „на оној кој доаѓа да се прочисти му помагаат“. Наутро, при будењето од сон, нека го освети првиот момент на соединување со Создателот и нека го подаде своето срце на Создателот за да го чува сите 24 часа, од вечер до вечер, за да не му доаѓа во мислите ништо бесполезно и да за не му се причини тоа невозможно или натприродно, затоа што сликата на природата создава железна преграда итн. Човекот треба да ги уништува природните прегради кои што ги чувствува. Првично нека поверува дека не постојат природни прегради, кои го одделуваат од Создателот, а потоа нека се помоли со целото срце дури и за она што е над неговата природна желба.

Знај го ова секогаш: во секое време, кога ќе го спроведуваат човекот преку состојби (форми), кои не припаѓаат на Светоста и кога за момент ќе се прекине (соединувањето) – истиот момент со сите сили нека се сети да го понуди своето срце, Создателот од тој момент понатаму да го спаси од прекинот во соединувањето со Себе. Така постепено ќе се задоволува неговото срце со Создателот и ќе посака да се соедини со Него вистински. Со тоа ќе ја исполни желбата на Создателот.

Јехуда Лејб

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели