Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

92. Смислата на среќата

Слушнав на 7-ми Сиван (14-ти јуни 1948 г.)

Среќа се нарекува она што е над разумот, односно иако според здравиот разум и логика треба да се случи еден развој на некој настан, сепак среќата предизвикала поинаков, поповолен крај. Разум се нарекува причинско – последичното мислење, кога е јасно дека определена причина предизвикува строго определена последица. Но, да се биде над разумот и логиката значи дека првичната причина не е поврзана со последицата. Таквиот настан се нарекува „над разумот“, а ние го сметаме за среќа, бидејќи не е предизвикан од закономерна причина, туку од среќа.

Сите влијанија и давањето излегуваат од Светлината Хохма. Кога свети Хохма, тоа се нарекува лева линија и темнина, а тоа е во време кога Светлината се сокрива и се лади како „лед“ и изгледа дека треба да се прима од левата линија, и тоа се нарекува „во степенот на своите заслуги“, односно заслугите на човекот се причина за појавата на Светлината Хохма, па заслугите и Светлината се поврзани како причина и последица.

Но, речено е дека „Синовите, животот и опстанокот не зависат од заслугите на човекот, туку од среќата“, односно од средната линија, каде што Светлината Хохма се намалува до тој степен, што може да се прими со намера „заради Создателот“. Намалувањето и зивуг на средната линија се нарекува „масах де-хирик“.

Излегува дека Светлината Хохма не свети по својата вистинска причина, односно не со помош на левата линија, туку напротив, како последица од своето намалување, што се случува „над разумот“ (наспроти разумот) и затоа се нарекува „среќа“.

Следна статија бр.93 „Перки и крлушки“

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели