Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

111. Здив, глас, говор

                         Слушнав на 29-ти Сиван (2 јули 1943 г.), во Ерусалим

Во духовното постојат поими како „здив“, „глас“, „говор“, а исто така и „лед“ и „страшен“.

„Здив“ е Светлината одразена од екранот, ограничувачка сила која не дозволува да се прими повеќе отколку во состојбата да се прими со намера заради Создателот, „за да нема враќање назад кон својата глупавост“. Кога се достигнува „здив“ со својата целосна мера, тоа е ограничување, односно екран со Одразената Светлина и се нарекува „глас“.

„Глас“ е предупредување, односно му се вели на човекот да не ги крши Законите на Тора. Доколку сепак ги наруши, тогаш веднаш го губи вкусот на Тора. Затоа, ако точно знае дека нарушувајќи ги духовните Закони, ги губи вкусот на духовното, па заради тоа внимава да не го наруши ограничувањето.

Тогаш доаѓа до состојбата „говор“, што значи Малхут, и е способен да направи Зивуг де-Акаа, соединување на Создателот со Шхина, од што Светлината Хохма се спушта надолу.

Постојат две нивоа:

1.     Давање заради давање (без примање) и

2.     Примање заради давање.

Кога човекот гледа дека може да прима заради давање, тогаш природно не сака да остане заробен во „давање заради давање“, затоа што од човековото примање на наслада заради Создателот кај Него се појавува поголемо насладување бидејќи Светлината Хохма ги исполнува желбите да се прими таа Светлина и да се наслади од неа, што всушност е и целта на битието. Заради тоа човекот гледа дека нема смисла да остане во работата „давање заради давање“, во Светлината Хасадим затоа што тоа е Светлина на поправањето, а не цел на битието.

Меѓутоа овде тој бргу доаѓа до прекинување на вкусот на Тора и останува без ништо, затоа што Светлината Хасадим е облека на Светлината Хохма и ако ја нема таа облека, тогаш дури и да има кај него Светлина Хохма, таа нема во што да се облече.

Тогаш тој доаѓа до состојбата која се нарекува „страшен леден студ“ бидејќи во Јесод на парцуфот Аба од парцуфот Хохма има Светлина Хохма, но ја нема Светлината Хасадим, која би ја облекла во себе Светлината Хохма. Затоа Јесод на парцуфот Аба се нарекува тесен од недостатокот на Светлината Хасадим, но долг од присуството на Светлината Хохма. Светлината Хохма може да свети само ако е облечена во Светлината Хасадим, додека надвор од облеката во Светлината Хасадим, Светлината Хохма се лади и се претвора во лед. Слично како замрзнатата вода – иако е вода (Светлината Хасадим се нарекува „вода“), ако не се распространува надолу, таа станува лед.

Јесод на парцуфот Има, парцуфот Бина, се нарекува „страшен“ затоа што тој е краток од недостатокот на Светлината Хохма (последица од Цимцум Бет) и широк од присуството на Светлината Хасадим.

Затоа само со дејствувањето на двата – Јесод де-Аба и Јесод де-Има, може да се дојде до распростанување на Светлината Хохма во Светлината Хасадим.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели