Слушнав на 27-ми Адар I
„Кој ќе ми помогне ако не си помогнам самиот на себе? Но ако си помогнам самиот на себе, тогаш кој сум јас?“. Ова е противречност во работата на човекот.
Човекот треба да ја работи целата своја работа како да нема кој да му помогне и како да нема кој да го спаси. Како што е речено: „Во устата твоја е зборот и во срцето, за да го исполниш“ (Дварим). Значи, треба да вложува напори како при управувањето со награда и казна. Но, во себе мора да знае: „Ако си помогнам самиот на себе, тогаш кој сум јас?“, односно тој целосно е зависен од личното управување на Создателот и никој нема сила ништо да промени во тоа.
Меѓутоа, ако сè се случува само според управувањето од Вишото, тогаш каде е смислата од работата: „Ако не самиот, кој ќе ми помогне?“. Работата е што со тоа што човекот треба да работи како да нема кој да му помогне, освен самиот тој, и така тој достигнува лично управување и сфаќа дека сè се случува за поправање. И оваа поделба меѓу обврската и Тора, наречена „синови на Создателот“ е скриена и се открива само после напорите „ако не самиот, кој ќе ми помогне?“.