(фрагмент)
Книга „Плодови на Мудроста. Писма“, стр. 55
Доколку не се осознае Создателот во прогонот (од духовното), невозможно е да се достигне ослободување (од духовниот прогон), а чувството на прогон самото по себе и е причината за ослободување.
Вистината ќе се појави во тоа што оној кој жали самиот ќе го искаже своето чувство. Нема потреба од поинакво искажување, а невозможно е да се сокрие своето жалење. Но, јас ве чувстувам сите вас заедно, дека ви се претвора денешниот ден во утрешен, а наместо „сега“, ќе кажете „подоцна“. За тоа не постои никакво лечење или поправање, освен да се обидете да ја сфатите грешката и нагрдувањето на она што излегува од Создателот затоа што тоа бара ослободување денес, а кој е во состојба да чека до утре тој ќе достигне после многу години. Ова е како последица од вашата мрзеливост во вложувањето напори во љубовта кон пријателите, нешто за што ви објаснив на сите можни начини и што е доволно за поправање на сите ваши недостатоци. Доколку не можете да се издигнете до тоа, тогаш за вас тоа воопшто не е духовна работа. Освен тоа дека во ова е поставено големото чудо на спасението, за кое немам право да зборувам, вие треба да верувате исто така и дека има многу свети искри во секој од вас и ако ги соберете на едно место, во братско соединување, во љубов и во дружба, секако дека би имало доволна количина на духовни искри за да создадете голем духовен корен сите заедно. Најважен е напорот да се види големината на пријателите, а не нивните недостатоци. Дури потоа има простор за прашањето: „Дали ти чекаше ослободување?“...
Јехуда